Така беше ама ете победуваа тој период и Финска, Данска, Норвешка и Германија исто само со гласање преку телевоутинг. Нивните песни беа глобални хитови. А и со воводеување на жири не се зголеми туку опадна квалитетот а бројот на хитови последниве 10-12 години е 1 или 2 песни. Сега пак и телевоутингот е проблем со оглед дека Израел купува гласови. Никако не сум одлучна ама нешто мора да се смени.
Скроз реално си кажа ако Русија е исфрлена треба и Израел ама подобро да не кажеше ништо, го кенселоваа во Австрија и Германија. Каков хејт трпи заради оваа изјава да не си му во кожа, сепак се тоа екс "наци" држави фул про Израел.
Што збориш бе, какво сожалување, па Верка беше cultural reset, хит над хитовите. Сеа ќе си ја рокнам на слушалки, кој те шиша.
Хаха Верка е безвременска и морален победник таа година, да не беше наместено на Србија заради Косово ќе си победеше заслужено. Затоа што Верка е една единствена секоја втора година е гостинка во ревијален дел. Сожалувачкото гласање за Украина е лани и оваа година.
А, ок извини. Сега гледам дека грешно сум прочитала. Иначе се слагам со тебе. За Србија исто. Али среќа па арна песна беше.
Не, во Дојран нови организатори ќе организираат ,,Д Фест’’, старите кои беа во Дојран од годинава се во Штип со ,,Д Фестивал”. Збунувачки малку, старо-нови со слични имиња.
https://x.com/esc_charts/status/192...5-yuval-raphael-new-day-will-rise.371/page-19 ali što pobednik publike ne može da uđe ni u Top 15. Presmešno koliko je sve providno što se tiče glasanja.
Саша Мирковиќ, тогашниот менаџер на Марија Шерифовиќ безмалку отворено кажа во едно интервју дека ја наместил победата на Србија. Значи сите победи се местат, кој со телевоутинг кој преку жири. Така да толку од тој циркус ја не го гледам веќе.
Не мислам дека една индивидуа е толку јака за да може да намести победа на Евровизија, не па само еден менаџер на артист. Тој што ја 'извојува' победата на Србија секако дека е тимот на РТС/некакво си српско лоби зашто во тој период тие сакаа да победат. Жељко само три години пред тоа заврши второ, во наредните години Јелена Томашевиќ со Јутро и Фламингоси и Луис со Луди летњи плес ќе беа српските претставници на Евровизија да не беа скандалите со Црногорците и секој од овие артисти и песни би можеле да бидат евровизиски победници во тие години. Се погоди сепак среќничката да биде Марија Шерифовиќ. Тој и на Аца Лукас му беше менаџер кога учествуваше на ПЗЕ па не успеаа ни самото ПЗЕ да го наместат. Грција истиот период беше шампион на европското првенство во фудбал, организираше Олимписки игри, бележеше фантастични резултати на Евровизија и една победа. Очигледно грчката држава имаше вложено со цел видливост на државата на вакви меѓународни настани. Периодот пред Евровизија 2019 од еден наш евровизиски фан прочитав на интернет дека за Тамара и Proud имало 'strong behind the doors push' за успех. Така да ретко што е случајно. Инаку да не беше Марија во 2007 не верувам дека Верка ќе победеше. Не се случило досега да победи 'шеговитиот' настап (joke entry) на Евровизија освен ако како такви ги рачунаме Кончита и Немо поради нивниот изглед/облека. Еве и Лорди зашто носеа маски ама сепак сите три победници што ги набројав имаа сериозни песни, за разлика од Верка. Да не беше Молитва мислам дека победникот во 2007 ќе беше или Русија со Серебро, или Бугарија со Елица и Стојан. Да, ниту Бабушките, ниту Томи Кеш ме победија исто така. Едит: за 2007, или пак Босна со Ријека без измена зашто и таа е слична балканска балада, и Босна (Дејан Кукриќ како шеф на делегација) сакаа да победат тогаш и се трудеа и претходната 2006 Хари заврши трето со Лејла. Ееј, ќе беше јако да 'успеевме' две екс-ју победи да 'извојуваме' во тоа време и Сараево да докаже дека пак може да биде домаќин на голем меѓународен настан после Олимписките 1984.
Адријана Јаневска ти е еден уметник од Македонија ,скромен во секое поле, а на кариерно музичко и професионално е далеку на врвот пред сите. па сеа ти види. Не си го цениме нашето дури го изгубиме. преслушај ги концертите во живо на Адријана ,ако не си досега.