Лелееее, фала ти за видеово, кои спомени од детство. Богами ова е и квалитетна селекција а 2000 било. Тоше, Каролина, Андријана Јаневска, Ареа и XXL сите со хитови. А пред 25 години да кажеме дека биле и модерни, па сценографијава Мтв сега не би ја направила иако е смешна. Водителкава која е? Убаво читко зборува, ова е водител со дикција а не Марјана со пискав иритантен глас, никаква дикција.
Водителката е Катерина Крстевска. Едвај чекав да почне фестивалот. Во весниците пишуваше кога ќе биде и кој ќе настапува. Се сеќавам дека беше зима. Многу ладно
Очигледно нешто се крчка но не е во ред да е интерен избор и да се игнорираат нашите за некој од дијаспора да биде викнат. Ако не преставува треба ние да си избереме. Ништо лично против дечково но во Македонија живеат и творат многу музичари и заслужуваат фер шанса. Ако е за интерен тогаш Лара заслужува да ја викнат, модерна, таленрирана, убава и претставителна.
Што ако дечково живее надвор? Сепак нема заборавено од каде потекнува. И гласот му е доволно добар за да биде пратен. Барем не би нè избрукал како некои од овде што беа и направија сите да ни се смеат. Лара е едвај во просекот. Ако иде, треба во дует. Не сама.
Значи јас сум строго против интерен избор. Што се однесува за дијаспорците, интерно ги избраа Тијана, Васил и Ај кју и беа катастрофа. Треба избор со 10тина изведувачи и кој победи нека оди, па нека биде и дијаспорец. Во случај Мтв да немаат можност т.е.не знаат да организираат и викаат одма некој од страна без да помислат на нашиве а реално Тамара, Калиопи, Елена, Тоше и Каролина биле нај асални до сега. И овој дечко Боби да е нај нај ако Мтв му наложи песна со која "мора" да оди џабе е. Изборот треба да е транспарентен. Еве и за Шведска настапуваа швеѓани од Финска ама си победија на избор, не беа викнати така интерно. И победникот од Австрија беше избран интерно ама цела австриска музичка струка е вклучена во бирање а кај нас ќе се сведе на онаа што ја коментира евровизија и таа од делегацијата кои врска немаат од музика да бираат.
Муслам чим не е потврдено неучество до сега веројатно ќе учествуваме. Гледам Словачка, Бугарија, Босна веќе потврдиле неучество. Останатите ќе учествуваат пак (Израел 100÷ зошто нивна фирма е пак покривител), со тоа што нови учесници ќе биле Казакстан и УСА? Искрено без Турција, Русија, Романија, Бугарија, Молдавија па и Босна тоа не е тоа. Ние секако не се прославивме ама ако одиме хајпот ќе ми биде 1000÷ поголем сигурно.
Камбекот по тригодишна пауза треба да биде достоинствен. Боби е топ избор, звучи и изгледа светски, повеќето од нашиве овде се бејзик Ламбиња со застарен, макфестовски звук.
2-3 години по ред не учествуваме на гејовизија и тешко дека ќе се вратиме таму. Не ни е таму местото.
Го потврдија неучеството. Евентуално враќање било за 2027, за 26 не биле спремни Мтв за квалитетен избор. Тој Боби што бил на јуниорски евросонг побарал да оди он, неговата менаџерска куќа потврдила дека ќе ги покрие целосно трошоците и дека ќе обезбеди квалитетен настап и промоција ама очигледно и тоа не им одговарало во овој момент на Мтв.
Само Боби, се друго од СРМ е левел Интервизија или Охридски трубадури. Може и Тина Русева ете, топ беше на The Voice - Германија, модерна и урбана мачка со топ вокал.
Боби сам се понуди да пее за Македонија, а за Тина мислам дека сеуште не е време за Евровизија. Тек само што почна она и ова ќе и дојде премногу.