Манескин искинаа. Не верувам дека за брзо време ќе се повтори таков успех. Добија и номинација за греми, светска турнеја, се пробија и во Америка.
Не ми беа фаворити, ама кога им го видов настапот знаев дека ќе победат. Немаа шанса за победа песните на Франција и Швајцарија. Ако учествуваме наредната година, кого да пратиме
Ќе ги пратиме тие кои мрт ќе речат. 2022 демек народот нешто ќе одлучува и пак го испратија тој тие што сакаа. Гласот на жирито од некоја си Ерменија важеше повеќе од гласот на Македонец.
Нашите не знаат да се организираат. Важно е дека ќе се прошетаат на туѓ трошок. Наместо да вложат пари во добра песна и добар настап.
Фанк Шуи, Дина Јашари, Мартија, Јанг Дади, Фолтин, нешто поалтернативно може, сите од поп сценава ги пративме, од Лозановци до Ѓоко да Фиш, досадни се, безлични. Англиски не знае таа. Антонија ми е за Пинк повеќе, за IDJVideos.
Како бе не знае инаку нема везе што е повеќе за Пинк, добро изгледа + добро пее а и регионално е позната.
Апсолутно. Аба, Селин Дион, Оливија Њутон - Џон, Бони Тајлер напраија светски кариери. Џони Логан исто. Од "понова" школа Роза Лин со Snap доби еден куп признанија и награди, песната до ден денес е вирална. Данкан Лоренс со аркадата исто неверојатен успех, sunstroke project и epic sax guy, Chanel, сите си имаат публика. А и кај нас има еден куп млади талентирани дечки, малку да се потрудиме и тие може да напраат кариери. Ама ајде разбери се со овие што освен уа евровизија лгбт педери толку разбираат. Патриоти биле тие, со правилни вредности, лол. Патриоти сакаат свои сограѓани напред да идат.
Синтезис. Во комбинација со јак диџеј, како Џајковски. Тоа може да е ненормално добро. Суперхикс, Лара, Yon Idy, Ана Петановска, Фикшн, еден куп ги има. Ја дури и фолк би пуштила, тоа е дел од Македонскиот идентитет, дури и да е некоја фолкерска песна прејако ќе ми биде некој да отиде таму и да се забавува и себеси и публиката. Ко Душан Куртич годинава на Беовизија Најбитно е да се промовира нашата држава пошто навистина имаме квалитетни вокали. Бар ќе чуе Европа за нив.
Да, да, да. Добри предлози. Ана Петановска и Фикшн не ми се познати. Ги гуглам сега. Го замислувам Миле Кузмановски седнат со оние гејчиња од wiwibloggs. Фолкери и Евросонг ми е неспоиво.
Мислам Васил Гаврналиев да го пратиме повторно. Тој најдобро ќе се вклопи во евровизиското друштво Само не знам маж му дали ќе го пушти. Може да биде љубоморен, бидејќи таму има многу од нивната екипа.
Zarнемавме и ние представник од лгбт ?ништо не направи, му заборавив името, но не е до тоа , нашите никогаш немале убава кореографија, настап, џабе е само гласот , додуша никој и не не сака Јас Мики Секуловски би го пратила
Факт е дека Евровизија е ЛГБТ настан, но не го гледам проблемот во тоа. Најмногу пари и популарност со години добиваа заради геј публиката, па мислам дека спонтано тоа се одрази и во самата организација и изведувачи што се праќаат. Геј мажите сакаат такви екстравагантни работи, таа заедница во секунда може да направи да си најдобра поп пејачка во светот, па така и со Евровизија. Лани беа екстремно безобразни со наместениот небинарен победник, затоа 2025 нема да гледам затоа што сум крајно разочарана. Многу едноставно решение за моите нерви, нели? Мислам дека и вие треба да прифатите дека не е се за вас и никој не ви должи да ви сервира содржина каква што вие сакате. Македонија нека не учествува.
Ако сакаат да имаме претставник, нека остават народот да го бира. Не они кого сакаат. Ама, за идење требаат многу пари и јако вложување за добар настап. Нешта што државава моментално ги нема.
Дали сметам дека треба да учествуваме? - Да, тоа е одлична шанса за себепромоција на артистите кои не се баш познати, да стекнат своја фанбаза дури и надвор од државата, особено ако е стил на музика што не е популарен овде и не проаѓа лесно на наш пазар. Дали срцето ми вели треба да учествуваме? - Не, тоа би било стресно и поразувачко за нови артисти кои немаат многу искуство со јавна критика (читај: плукање), а знаеме јавноста како е настроена. (последните 6 претставувач(к)и беа шиканирани од јавноста, некој повеќе, некој помалку). Плус, буџетот ни е мал. Доколку Меричка одлучи да учествуваме, не се согласувам со тоа дека треба да имаме фестивал за избор на претставник, од повеќе причини. Една е тоа што сето тоа ќе биде преевтино, неквалитетно и мета на потсмев, друга причина, методите за гласање ќе бидат праисториски и некој ќе направи ујдурми, трета причина е тоа што веќе видовме многу пати што всушност мнозинството сака да прати на Евровизија. Многу различни стандарди за музика има мозинството тука, споредбено со тоа што поминува во Европа. Едноставно, не. Во однос на успехот на Тамара, треба срам да му е на секој што ќе каже дека успехот и бил местен, успеала бидејќи пеела Proud и било ЛГБТИ френдли (буквално ништо немаше во сценскиот настап што потсеќа на ЛГБТИ), се' беше тема феминизам, односно имаше одлична порака песната, вокалот и беше совршен, сценскиот настап повеќе од добар (споредбено со другите наши дебакли). И последна поента, Евровизија била, е, и ќе биде сејф спејс односно прифатливо место за сите малцинства, ако на биготи не и' се допаѓа, не се приморани да гледаат, но далеку од тоа дека за да успееш на Евровизија, треба да си ЛГБТИ. Веќе се докажа милион пати дека праќање гејови ≠ успех.
Иначе @RainBow бидејќи гледам дека има доста фaнови на Евровизија, може ли да си отвориме ние фановите една тема само за нас без да треба да го праиме сто пати еден ист муабет за тоа дека било педеровизија, да се докажуваме и покажуваме со луѓе кои освен омраза не пишуваат ништо друго? Значи оваа да си стои за секој да си има право на мислење и да има уште една каде само ќе си фангрламе ние фановите, нешо као сејф спејс. Плс. Прити плс.
Јас Верка би ги пуштил ама стрикно со Симе како вокал. Штета шо више не свират, последен пат им бев на свирка у Станица, пред да ја реновираат.
Не верувам дека ќе имаа некој успех. За нас Бојан беше тогаш wow, атракција, гојазно момче во фустан и штикли кое фалшира и ја имитира Лепа Брена. Ма шоу.Кончита барем имаше вокал, сценски настап, Бојан се глупираше. Песната им беше ушобол помнам.Среќа тогаш ја пратија Елена Ристеска со Нинанајна, за тоа време песничката беше топ.