Прв пат да ме разочара , дури и изиритира Србија. Страшно грда песна , настап , се. Не би ги гледала ни слушала уште еднаш.
Очекував повеќе од Србите. Моја прогноза за влез во финале: Финска Грција Молдавија Хрватска Шведска Израел Литванија Србија Црна Гора Полска
За финале: Полска, Литванија, Хрватска, Сан Марино, Црна Гора и Србија. Веројатно и Финска, Шведска, Молдавија, Грција. Победник од ова полуфинале не гледам, Италија најдобра. Заборавив на Израел дека ќе влезе.
Белгија супер радиско хитче, Бијонсе од Полска вокално добра, Србија супер иако далеку подобри ми беа на нивниот избор, Литванија исто добар, Грција мој фаворит иако не знам што направи мињончето, оној од Финска добар пастув, Сан Марино души мили, Бој Џорџ како киднапиран, други не помнам.
Мои финалисти: Хрватска Финска Грција Србија Литванија Шведска Молдавија Црна Гора Португалија Белгија Од старт една ми отпаѓа оти Израел влага, ама тоа не си го рачунам како грешка
Песната на Србија годинава ми е една од омилените што се појавиле на Евровизија воопшто, не само од Србија. Каква емоција и текст. Браво. Настапот како што доликува на песната, секоја чест. За љубителите на ваква музика, од Лавина имаат и други солидни песни. Уз пат на Твитер ми излегоа и настапите на Хрватска и Грција. Хрватска предобар настап визуелно, а богами и аудитивно, браво и за нив. Гркот интересен, автентичен настап при крајот, а и емотивниот дел од песната ми се допадна. Сакам да победи само за да не победи Финска. Од мене толку, фул Евровизија ќе гледам кога ќе се вратиме и ние.
Мислам дека Црна Гора нема да помине, иако беше океј настапот, нетипично за нив. Сакам да поминат Србија, Хрватска, Грција, Финска и Полска. За останатите ми е сеедно.
Шведска Хрватска Грција Португалија Финска Естонија Израел Сан Марино Полска Србија Овие идат, според нашите гласови (си гласаме по дома, интерно, традиционално).
Јас скоро секогаш имам анти-балканско расположение, годинава за прв пат имам неколку фаворити од балканов.