Литванија и Полска веројатно топ 2 во оваа вечер, Финска и Грција прееееееценети. Наместо Израел требаше да влезе Црна Гора или Сан Марино.
1. Кој му рече на пејачот од Лавина да пее така на Евровизија? За ПЗЕ далеку подобро, ама секако ми се фаворити. 2. Каков пакт има направено Шведска со Еуросонг за секогаш да влегуваат во финале неповикани? Само нека ја додадат во Големите 5, нека бидат 6 и чао.
Мене ова полуфинале ми беше најдосадно до сега,почнав да гледам и не ни го догледав до крај од што не ми беше интересно,само Хрватска и Белгија ми се свиѓаа.
Таман да пишам, буквално задремавм колку беше неинтересно, сите ми звуче лошо и сценографии/кореогрфии/костимографии како да се тркаат кој повеќе ќе личи на неразбран артист, претерале со сценск присутност неубава, музика никаде. Само малку ми фати увото една песна нешто Мишел, Мишел, не знам чија е, и толку. Катастрофа.
Мене годинава фаворити ми се Франција и Албанија. После би ги додала Грција и Молдавија. Друго се ми е катастрофа.
После деловите од пробите што ги видов имав желба да ги изгледам само Молдавија, Хрватска, Финска и Србија, па овие 4 би ги рангирал вака: 1. Хрватска - совршен настап, убава и песната и како се изгледаше 2. Молдавија - ми остави впечаток како оригинален сценски настап за ваква песна. Баш евровизиска типична за Молдавија, а и за 2000тите. Овој пат се потрудиле и за графичкиот дизајн во позадина, не изгледаше евтино како во 2022. И убаво е да се види Алиона Мун повторно на Евровизија, било тоа само како бек вокал. И повторно во слично издание како во 2013, со фустанот 3. Финска - ги изгледав повеќе дека се фаворити број еден па да видам што е толку победнички овде. Според мене ништо, просечна песна (иако убава), настапот ок, убаво скоцкан се ама не ми е победнички. Би сакал некој друг да победи 4. Србија - подобар беше оној од ПЗЕ. Не ми остави овој пат wow ефект ама па и не ми е прв пат да ја слушам песната, па на тоа не обрнав многу внимание, туку само на настапот. Мислев ќе бидат во топ 10 ама ако судам според впечатокот што го имав синоќа од настапот мислам дека нема да бидат Од второто полуфинале имам 8 'преживеани' (+ Франција).