Абе ич не ги сакам ама шо е од Балкан исто ко за наше се радувам. Напнав добро. Инаку од 2017 прв победник и од жири и од публика е Дара.
Јас секако ќе се радувам кој било јужнословенски народ да победи, душа балканска што да правам Хрватска ми беше фаворит ама скроз сум среќна за Бугарија, не само затоа што не е Израел, туку не ни имаше некои песни да ми е криво што не победиле.
Песната е просечна. Настапот грозен. Ама чим станаа фаворити си помислив би било убаво да победат, дека Бугарија. Интересно е да се забележи дека повратниците и Романија и Бугарија се во топ 3. И баш кога се објави дека се враќаат прочитав дека и двете држави се договориле за враќање под услов повеќе предност за источните држави. И ете ви... Нека им е честито ама визуелно можеше да изгледа подобро ама претпоставувам намерно е така направено.
Супер си победи девојкава, catchy песна, енергичен настап. Искрено очекував Финска или Австралија да ги напумпаат од жири. Баш ме изненади жирито, макар немаше премногу 12ки Бугарија, собираше малку по малку и среќа што делеа рандом 12ки.
Ај шо мене ми беше фаворит ама среќен сум и шо не спаси од канцерот шо е Израел! Бангарангаче и ко нече
Бугарија одамна сакаше да победи иначе. И во 2020 кога ја откажаа Евровизија таа делегација беше една од најлутите поради тоа, бидејќи важеа за едни од фаворитите и имаа многу убава песна. Затоа и се откажаа после 2 изданија.
Биг лајк од мене за БАНГАРАНГА! хахаха Ќе си ја слушам сега деновиве. Ама се мислам знаеше Бугарката дека ќе победи, според однесувањето како да беше свесна цело време. Позитива ми беше шоуто оваа година, убави, насмеани лица. Ајде до година да нaправиме еден камбек во комшии.
Мери Попова кога сфати дека ќе треба да патува само 250 километри следна година и дека ќе ги носи сите од дома на частенка у Софија:
Па нормално. На кој друг начин ќе ги вратеа на Евровизија? Вака ќе се вратат и другите држави кои се откажаа.
Не можам да зборувам со сигурност ама сигурно не се вратија за џабе (и откако 5 држави се откажаа заради Израел). И не е нешто што јас го измислувам туку беше кажано од Бугарин на еден евровизиски форум уште тогаш (уште одамна се случувало тој да пишува некои инсајдерски информации). Од таму излезе и информацијата дека деновиве БНТ добиле повик од ЕБУ за организирање.
Се премислив, за в година Антонија х Благица Павловска мислам со нешто ко Чукај Чукај Срце и да си ја преземеме дома титулата.
И мило ми е за Бугарија дека неколкупати беа на чекор до победа и со Кристијан и со Поли. Се трудеа и си заслужија на крај.