Догодина, да организираме еден Фемина евровизиски автобус, да издоминираме таму. Лајв пренос во темава.
Тоа шо местат, прават пресметки башка, ама барем добра песна победи. Само со Израел не мора толку апла да биде секоја година.
А глеам откако мкд се повлече од Евровизија, сите пари завршија на амбулантни возила и кое друго добро за народот не беше спомнувано пред неколку години. Е што има Македонија да понуди и покаже на ЕСЦ, не знам, ама испаѓа поарно да се вратиме.
Нешто ќе покаже, ама не можат да одлучат кој да оди. Не памтам година кога настапувавме сите да беа сложни за учесникот освен можда за ХХЛ. А за следната година во Софија да не се оди, а ене кај е, смешки. Сепак спомнав шеговито што мака имаат, ама се си мислам главниот проблем беше околу плаќањето за учество или што и да беше околу тоа. Еве поупатените може да дообјаснат.
А во пакет со тој нивниот Слави од тоа шоуто. Најпопуларниот водител. Кај го спомна Азис... Малина не ми текнува која е, се си мислам некоја Преслава или Десислава како да имаа славна.
Си имаме ние победи на Гранд ѕвездици и слични магдонос-фестови, не сме ние за таму. Сеа кога ќе почнат да лапрдаат за бугаркава некои пропаднати поп и фолк експерти од кај нас, што не можат една филхармонија со гратиси да наполнат, кога ќе почнат да гледаат од високо, демек, види го лгбт кичов, ние не сме за таму, преарт сме, кроз Македонију не певај и не играј, јер че те натпевати и надиграти, лол... Бич плиз, оди смрди на компиријади и не лапрдај, не си ти за подалку од Војводина, и со мајндсет, а и со музика. Добра ноќ срцки.
Немаат Мтв проблем со плаќањето на котизацијата, едноставно неколку години по ред имаше притисок да се повлече и после фрлањето на знамето на Андреа беше единствен логичен потег. Мислам со оглед на ужасните песни и настапи кои ги праќавме со исклучок на Тамара и Калиопи првиот пат, подобро што се повлековме кога не не бива и сме бруки живи таму. И за враќање не се битни парите кои ќе се потрошат и не сум за враќање по секоја цена, ако има спремен пакет за достоинствен настап да, а ако мислат како претходно да се брукаме подобро да не се враќаме.
Јас порано не сакав да учествуваме зашто стварно евтино и аматерски делуваа настапите, неспоредливо полошо отколку која било друга земја учесничка, ама подобро нека вложат во Евровизија, отколку да бутаат во џеб. Очигледно пари секогаш има, само завршуваат каде што не треба.
Ако не е до парите, значи од шала муабет- вистина. Маката им е кој да го изберат. Прво за тоа очи си вадат, а потоа за се друго песна, композитор, аранжман, костимограгија...итн.итн. да не редам.
Она неколку пати има изјавено дека има голема желба да ја претставува Македонија на Евросонг, и верува дека некој таму ќе ја примети. Неа ја замислувам на стејџинг со неколку неонки, Дадар шминка, од Копров некое ретро песне и хаљина од Елена Лука. Тоа е врвот у таа глава и во таа естрадна околина.
Ај колку е старо ова...а оваа се вика Малина. Ме изнасмеа. Инаку има убав вокал и порано имаше добри песни, само не ми е она тип за таму. За таму треба нешто ново, младо, посветски да звучи.