Нека ангажираат некој од надвор да не претставува, ама сигурно еден куп српски фолкери би се пријавиле.
Win-win е тоа што не учествуваме, прво не се замеруваат со никој кој, како да оди, друго популизам на најјако пуштен дека парите ќе се пренаменат за болници (најранливито), а ништо од тоа немаме видено, плус нема да трпат коментари од народот каде го избравте овој/оваа, како се претставил/а, настапил/а.
И тоа што викаш. Дечки ми го направивте денот, добро де попрецизно квечеринкава, ама јас по нашки залегнувам. Фала за инфо.кој победил и смешки, да сте здрави и живи и вака убаво расположени и весели до стоедна и назад. Јас се одјавувам. Убава ноќ. И да немате кошмари не сањајте кој следен ќе не претставува.
Што фали на Мики Секуловски од нашиве на пример? Освен асална песна, друго не му фали. Е сега, тоа што одлични пејачи праќаме со тиња песни, не знам што да мислам, ама за сите важи ова. Тоше со Life го пративме бе, тоа негово пеење, таа способност, потиња песна не можеше. Мартин Вучиќ попевлива имаше да му се невиди. Каролина исто. Во минатото поасални пласмани сме имале со Елена Нинанајна, па после Калиопи извади стварно добра песна, па фала богу и ку*цу Тамара отиде со нешто светско. Останатово не ми е ни за спомнување. И никој од овие не е лош пејач, дури и младиве Антониа, Мартија, Лара се супер вокали, песни... тињотина. И не станува збор за победа - ние да победиме проблем ќе си направиме, нити имаме каде Евровизија да одржиме, ни каде народ да сместиме, ама ако веќе одиме не мора жив срам да бидеме.
Боби Андонов ќе оди најверојатно следната година. Две години се тегнат со него никако да се договорат. Но, штом е во комшии би требало да оди. Гледав и дека спремаат песна уште од сега.
Очекував Романија да победат. Србија ептен мерак ми направија. И на крај Бугарија ме изненадија. Нека им е со среќа, ама не е мој вкус.
Следна година Антонија и Благица со песната Цело Скопје чаршија да ечи би било полн погодок.Таман Софија ќе облечеме маичките и одиме да ги бодриме. Фаворит Србија ми беше, одамна Евровизија не е тоа што беше.
Гласано за Бугарија Кладено за Бугарија. Секако мојот фаворит победи Дал Израел или Бугарија, сеедно. Нели израелците беа европејци а овие другите семити, што бараат на европско шоу со тие нивни знамиња? Догодина од Софија ќе ечи чалга Џабе просераваа проруснаците од Бугарија Догодина цела Европа (лџбт) ќе им појде дома, ќе има пак пиштење вриштење
Точно, баш така. Едно што одат со глупи песни, не ни знаат да направат сценски настап. Еве Бугарија е пример, Бангаранга не е којзнае каков квалитет од песна, ми излезе видео од кога ја избрале зимата, многу ефтино звучи и мене одбивно. Ама со настапот толку убаво ја продадоа песната, што сега веројатно ќе стане една од најдобрите победници некогаш. После што не сме патриоти иако најмногу сакаме да кажуваме дека сме. За тоа малку од Србија да научиме. Што и да имаат - хајп на максимум. И така функционира Евровизија, дијаспора гласа, така и Албанија, Украина, Србија се редовно во финале. Проблемот кај нашите е што спремаат песна за Евровизија кога ќе ги изберат. Правец кај Дарко Димитров. Не дечки, правете си своја музика, нешто во ваш стил, па отпосле напумпајте ја. Јас никогаш нема да сфатам како Васил отиде со тие глупи песни што не се сеќавам ни како се викаа кога има песни како Ѓердан и Патувам. Мики не, нема енергија за таму тој.
Добро што победи конечно весела песна, редно беше. Претходните години Кјара, Бејби Лазања и Еспресо Макијато беа ограбени за победата иако беа фаворити на публиката ама жирито ги осакати. Еве, значи можело жирито да гласа и за такви песни. За Евровизија е подобро ако произведе конечно хитски хит после подолго време, песнава можно е да стане вирална на тт.
И мене Мики не ми кликнува со тој стејџ, настрана неговите одлични вокални способности. За Васил штета...иако мислам тука не се бави со музика повеќе.