Немаше некоја конкуренција годинава, песната на Бугарија навистина се издвојува, иако кај Дара, особено надвор од Евровизијата, се забележува типичниот бугарски стил, aма во исто време успеа да делува и светски момичетa. Честитки до неа и до соседите.
I like it. Bangarana,мсм оти повеќе победи со енергијата,отколку со бангарангата. Ама како и да е,петка беше.
Сакам да идам за Софија следна година, ама стварно! Кога ќе се знае околу картите и организација? Драго ми је за Бугарија, аман више од скандинавците. Не им ни излезе песна, a веќе фаворит. Нека оладат малку.
Па и не е толку лоша победничката песна мене песната на Израел ми се допадна, не навлегувам во тоа дали требале да настапуваат или не. Хрватска исто силна порака со песната Србија врска немаше песната со стилот кој го носеа. Баш ми е криво што не се натпреваруваме ние
Чекај, рано е уште, читам немаат адекватни услови за организација, ниту сала ниту сместувачки капацитети. Е сега мислам ќе им прогледаат низ прсти и ќе им дозволат затоа што сепак прв пат победија ама ќе видиме, се спомнува нешто Италија како резервна опција.
Не пратам Евровизија, дури сега ја чув песната со која победија.... уопште не ми се допадна, девојчето како да нема глас а и ништо не се разбира шо пее. Како и да е, нека им е со среќа победата Баш ми е мило шо некој од Балканот победи.
Да се вратела Македонија... Трка за победа и ако победи, каде ќе се одржува Евровизија? За Бугаркава, јас ништо не ја разбрав што пее, го барав текстот да прочитам. Годинава рамна линија, нема песна што ми остави впечаток за да ја пуштам пак да ја слушам.
Добро е шо уопште пееше на 3 минути играње и пеење истовремено, наспроти сите други што завиваат со 15 секунди играње у цел настап. Ставете слушалки и слушајте колку добро испеа земајќи ја предвид физичката захтевност.
Абе енергија "се учи" Прелани Бејби Лазања до финале го научија да пее во живо (иначе вокално крш беше на почетокот). Сè се учи. Ама треба прво песна, концепт што ќе претставиш, па после и сценски настап, нешто да "фати око". Пред 2 години пример, Лила Рамонда на Србија е убава песна, ама никој не ја гласаше оти Теа се погуби на сцената, со ништо баш не беше впечатлива. Кога Марија се натпреваруваше, Молитва ја препеа уште на 5 јазици пред Евровизија. Далеку од тоа дека е фер избор, секако дека не е фер, само ни ние не сме испратиле нешто вредно за гласање.
Мене уште не ми е верно колку лошо испеа Антигони, а немаше ни захтевна кореографија И општо годинава стварно немаше кореографии за паметење како пример SloMo што беше, а вокално беа просечни.
Еве како изгледа ова од публика. Јас стварно мислам дека никој од кај нас нема капацитет за овакви работи, ни за кореографии, ни за идеи, за стејџинг да не праам муабет. Само Бостан-фест за нашите.
Јана Бурчевска последно ме воодушеви со Dance Alone (може и единствената од нашиве), и спотот, а и песната ми имаа ептен модерен вајб, странци ја работеле, ама затоа настапот беше ужасии, празно, досадно, невпечатливо. Па и ја запросија на сцена, омг, кај им текна.
Па што знам, Реал и Манчестер кога играа во Скопје во 2017 , во добар ред помина, не пукна никаква брука. Е OK де, ме вративтe на старото мислење, не е Македонија за на Евровизија. Ама како да им брцнеме на лоповите у џеб , да ги натераме за нешто да одврзат ќесето. Вака супер им се погоди, и парите што ќе одеа на Евровизија ги лапаат.
А и Спасен погоре го спомнавте, он е интересен овака како сељак, ама не можам да го замислам седнат со три дрег кралици, како му прават интервју, а он ги гледа зачудено со тој крипи осмех. Мн кринџ. Спојлер Е овака:
Многу језив осмех има сериозно, и е ептен антипатичен лик. Ај што е сељак, ама нешто мрачно во себе ми има типов. И Јордан Митев ми е боље од овој мајке ми.
Немаат ни они ама затоа биле паметни и ангажирале странци. И кореографот и танчерите се од Шведска а продуцентите исто од Шведска и Украина.
А гледам ти и денот ќе ми го направиш, ме пресмеа ,ама ако има такви предрасуди што да се очекува од него? Ако добро памтам пред да запее бил војник и мислам во периодот кога беше конфликтот- војната и може си повлекло нешто. Он си вози некој свој филм. Јордан е сосем др. приказна, дури и на Војо внук ли е, син ли е Влатко ми е онака фин. За стејџов мене ме бендисува Пајак, некое дуетче, ем млад, ем светски звучи, а и пререален и скромен лик ми е. Јес да мене нема да ме консултираат кој да не претставува, ама ете да си пишам.
Само у тоа е спасот, у странска продукција, на овие простори времето е застанато. Мада Бугарите се светлосни години пред нас, барем кога се спотови у прашање. Јас Дара ја знаев пред Евросонг, многу кул лик е, инаку автор е на една популарна корејска песна: