K-pop? Кој бум е тука... Ама која машинерија стои зад сето тоа. Е тоа ни фали нас воглавно покрај се набројано погоре, претходно.
Боби Андонов, Young Dadi, Лара, Фанк Шуи, Дина Јашари, my top 5 за Евросонг од кај нас, овие мислам дека ептен би се вклопиле у тој свет, со странска продукција нормално, никако Ели Лука и Стојче трепки евтино у тим.
И јас не сум по тоа, некако предетски ми е, тинејџ феномен како на времето Бекстритбојс итн. И јас следам/ следев мн.за музика, ама периодов дека со др. сум зафатена баталив...кнап со време. Иако ако добро се сеќавам со тебе пред некое време по некоја од темиве правевме муабет за Тату дека требаа во Ск. да дојдат ама се растурија и повлече се тоа. Сега гледам зошто Дара сакала да се повлекува пред настапов? На дуетче на Пајак кога го спомнав баш ја мислев Лара и мене ми е во топ први според вокални способности. Мислам и муз. академија студира девојката така што на место избор би била.
Изборот им беше чуден, прво пејачи пееја свои песни у живо, па бираа од нив, така ја одбраа неа. Па и направија неколку песни (мислам три), па од тие три ја одбраа оваа (Бангаранга). Неа ја хејтаа мислам уште кога ја одбраа без песната. Бугарска работа, после коњопој изборот ја плукаа, кај нас истото се дешавало. @staycalm повеќе го опфаќа тој внатрешно-евровизиски сектор, може знае нешто плус. Спојлер Па она на крај имаше официјално соопштение дека сепак одлучила да не се повлече.
Ова е баш типична балканска ситуација. Можам да го замислам истото, односно истата омраза, и кај нас, или во Србија итн. Прво ќе се изнаплукаме, па после ќе се фалиме и гордееме, дека е “наше, а светско”.
Од сношти кога победија ми се врти во глава дека догодина во Бугарија пак ќе победи Балканска земја. Можеби ние, таман ептен ќе е симболично да победиме во Бугарија, помирење Или Јозиновиќ за Хрватска, ќе тепа со харизма ко бугаркава.
Ау не, Јаков ќе го распарчат таму, too soft е за евровизиска сцена Треба некој поавтентичен лик ко кај нас што е Young Dadi во моментов.
Бејби Лазања и Стела Раде не ни беа официјално избрани да настапуваат на Дора. Лазања беше бек ап ако некој се откаже. Стела Раде имаше исто скроз евровизиска песна. Лет 3 со нивните лудости секако, останатото беше убибожесачувајаман. Ама балканска работа, самосаботажа на максимум сме сите. Премило ми е што после толку време ќе имаме балканска Евровизија P.S. Засекогаш прејака слика Спојлер: Само обично утро во Хрватска
Девојкава Дара е 10-ка. И честитам. Пример за многу Македонки девојки. Во стил, карактер, харизма, труд и желба за напредок. Само да знаете колку македонки го немаат ова. Делува трагично. А Успех се случува ако го исклучиш турбо фолкот и слушаш светска или квалитетна музика. Нажалост многу македонки се ептен уназадени. Некако се затрескани по турбо фолк, кич музика. и тоа после се одразува и на животот, карактерот, високо Его. Бев во кратка врска со една таква која освен лице убаво, немаше ништо налик на нормална светска девојка. Пробав да и дадам шанса, но самиот стил на музика, влијаеше и на животот, високото его, љубомората и тука прекинав. Јас искрено се надевам дека барем некоја наша девојка во Македонија ќе види инспирација во бугаркава Дара и ќе почне да слуша убава музика, ќе тежнее кон напредок, ќе проба танц итн. Бидејќи Оваа соработка на Дара со K-Pop група не се случува случајно, оној танц од вчера не се случува случајно. Тоа е мајндсет што се има кога слушаш квалитетно, живееш квалитетно и инвестираш во себе. Е тоа треба да го разберат македонките/ците. За среќа јас сум оптимист бидејќи има деца млади што слушаат Латино, К-Pop и странска музика.
Бугаркава не ти е кич? Звучи квалитетно? Не заебавај, типична Бугарка е. Не е турбофолк песничево али пак ми го има тој сељачки призвук На кратко ќе кажам само: Срање песна, срање Евровизија, секоја година се полоши песни, али ајт честито нека им е на татариве
Под тоа типична бугарка незнам што мислиш. Мене девојкава ми е пред се харизматична, слатка, девојка која се труди и баш симпатична.
Добро сеа, победата на Дара не го менува фактот дека како нација се познати по сината телевизија со Гергани, Преслави, Сексислави, слично како оние северно со розевата телевизија, со Цеци, Јеци и Радојки. У Бугарија имаш посебни клубови само за чалга, поп-фолк ечи на Златни песоци, покрај черното море, турбо-фолк туризам. Имаат они и развиена алтернативна сцена, али поп-фолкот им е мејнстрим. Како ги направи ти Бугариве, како со Штраус да се растени.
Трагичен е само твојот коментар. Колку предрасуди и омраза кон македонскуте девојки во еден одвратен коментар. Генерализација и плукање на сите македонки затоа што имал некаква девојка како и генерализација на сите бугарски само затоа што имаат еден урбан лик како Дара. Патем не аме паднати од Марс и добро знаеме дека кај нас шунд турбо фолк сцената не е развиена ама таму е врв развиена и слушана. Најубаво ти да си го смениш мајндсетот и да намалиш со омразата.
Изгледот, баш изгледот ја праи типична Бугарка, нз како да ти кажам. Кул, и урбана можда е за денешно време, али ниту ми е слатка ниту симпа, ниту квалитетна, квалитетна најмалце. За мене е баш кич, но секој со својот вкус нели. Цел пост пиша за само да ги изруга девојките
Со ова "пробав да и дадам шанса" знајш како ми звучиш? Ко да зборуваш за некој градежен проект а не за човек А и ова "нормална светска девојка“ на шо ти личи вакво нешто? Ко да кажуваш дека девојката не ти чинела само затоа шо не ти се свиѓала, каква музика слушала. Ќе да е кај тебе кичот и проблемот мислам а не кај неа, поголем кич од ова нема, сфаќааш? Само да се плукало бе.. А и ако некој има его и предрасуди тука особено по својата нација и народ, можеби не е личноста шо ја опишуваш Ама арно кажал Делчев за изродите кои плукаат по се македонско, дека најопасни за еден народ не се надворешните непријатели, туку оние шо одвнатре го потценуваат и продаваат
Леле мислењево, ко у пештера да живееме ние од Македонија. Некад се прашувам дали реални луѓе пишуваат или аи. Мене песнава на Бугарија ми е онака. Оваа година скроз и заборавив дека има евровизија, ништо не слушнав па така не можам да споредам дали била навистина подобра од сите други, ама само таа песна сама по себе не ми е за победничка.