Сега сите македонки по твојот коментар ќе одат да прават пластична операција за да изгледаат идентично како Дара.. Ти се допаднала песната, ти се допаднала и Дара, ама која е потребата од постов? Демек ти како Арон Тејлор изгледаш па ниту една не ти е достојна на убавината. А и незнам од кога убавината се цени според типот на музика што го слушаш..
Не бе лепота, него напредок бара, стил, харизма, карактер, да нема љубомора и комплекси, мислиш родена сестра му е цурава па све знае за неа Во ред е што ја пофали, ете му се бендисала, баш легитимно, различни вкусовите си се, него да исплука други девојки, а да ја величи оваа Бар да беше некоја екстра квалитетна песна.. На шо се ложи народов Боже мој..
Настрана глупостиве што ги изнакажа членов... За едно му има поента муабетов, а тоа е дека музиката која ја слушаш те обликува како личност т.е каква личност си и какви ти се ставовите е еднакво пропорционално со типот на музика кој го слушаш Инаку, бугарките важат за кич, ама и ние не сме поарни, да не се лажеме сеа Тоа што ние си се лажеме меѓу себе е друго, ама народ кој смета дека среденост подразбира шминка и гел нокти, е кич
Ако е точно тоа дека Дара била религиозна прорусинка, значи до година или другата по неа, ќе направат од Евровизија журка за конзервативци.
Се слагам до некаде, поготово ако само еден тип на музика слушаш постојано, и више комплетно се идентификуваш со неа. Ама ставовите, и за постапките и одлуките да не мислиш? Класична ако слуша, значи озбилен сериозен начитан тип е, паметен, образован без исклучок? Влијае, но мислам зависи до кој степен си навлезен и ќе дозволиш да ти влијае. Кај турбофолкот има нешто опасно шо ми гази на нерви, значи никако не можам такво нешто да истрпам, самиот звук си го праи своето, фолк исто не можам, а на другата страна скроз контра е и класичната.. Ако планирам да се утепувам, може и ќе почнам да слушам.. Не дека баш сите се депресивни, но не бре, не иде, ни минута не можам тоа. Кај рапот на пример исто има дрти лирици грди, и не е ич квалитетен, ама ете не ми смета тоа, ради басовите низ тие песни, таква музика ми се свиѓа да слушам. Шо сеа вагабонт сум?
Ја нарекувале сатанистка и прорусинка (тоа овие десно ориентирани што му се скараа на Трамп). А јас читав нејзини изјави во кои зборува за бог и семејството и нели откако ја прогласија за победник се заблагодари на господ... можно е, не се знае.
Па Господ не е сопственост на конзервативците, и левичари се верници Шо прајме муабет бе, дали Дара е лева ил десна
Нема за што да се прави муабет оваа година. Па добро, може сакаат да им докажат на критизерите дека не се сатанисти. Ама мене како на антитеист тоа не ми се допаѓа.
Сторито со Z нормално не го поставила за подршка на Русија туку била на престава Зоро. Ако е побожна не е тоа грев, нејзин избор е. Како и знаат која вера е, колку што прочитав за турчин е мажена. Иначе од целиот победнички пакет само Дара е од Бугарија. Целата екипа е од Шведска, Романија, Украина, Грција... Ете така се прави ако се сака успех. А не ко нашине одма кај Билбилов и Димитров трчаат. Ако мисли Мтв да се враќа подобро да се види дали има пари да вложи како Бугарија што направи (не мора да победиме кога немаме сала туку да одиме на висок пласман). А ако мисли да оди ради реда за да се оствари сонот на некоја нова Тијана, Јана, Васил, Андреа подобро да не троши воопшто пари и да не се враќаме.
Замислете на наши ако почнат ваков скенер да им маваат, како за Дара, еден нема да помине, какви изјави имаат нашиве ,,ѕвезди". Среќа па се небитни, ретко стасуваат до финале, никој не се замара да им ги гугла идеологиите и ставовите по одредени прашања.
Мене не ми се допаѓа тоа да се искажува верување во господ во јавност. Јас сум на став дека верниците треба во себе по дома да си веруваат. Што не значи дека нема да ја слушам песната или дека ќе го бојкотирам изведувачот.
На пример, оној грев Огнен Здравковски, кај Марио у поткаст изјавува дека силувани жени не треба да абортираат, што било криво тоа дете, и сеа истиот, по 5 минути изјавува дека најголема желба му била да оди на Евросонг.Со тие ставови, баш си за да пееш на Олимпијадата за жени и гејови, на страна што си мртво и досадно пувало.
Колку безвезе, истава реторика за сè останато е безвезе. Што има да ти смета јавно некој да си верува или што сака да прави со сам себе? Истиов муабет ми е кога ќе слушнам за геј луѓе "да си бидат геј по дома". Остајте ги сите што сакаат да прават со себе, ако прават нешто што се коси со ваши убедувања, едноставно не ги гледајте, слушајте итн. Ако е некој јавна личност, не престанува да биде прво личност со сè што една личност може да (не) поседува и да (не) биде.
лол, па тие религиозните велат за хомосексуалците да се кријат по дома. И за транс луѓето исто. И сега ќе сум имала толеранција за религии... имав порано, а повеќе немам. Религијата е алатка за опресија, всушност самото верување = опиум за народот. Господ ќе ги казни, господ го одбрал царот, господ така сакал, госпот ова-она. Оф топик.
Не ми е поентата ни религија ни лгбт ни фурис ни нешто трето, туку нема зошто јавна личност да не биде тоа што е, независно што е тоа (сè додека не е на пример Томсон, што шири говор на омраза).