Истото што го напишав важи и за јавни и за нејавни, да зависи од мене, нема да се шират верски убедувања, ниту нешто што асоцира на религија. За мене, тоа е опасно отприлика колку национализмот.
Во секоја тема мислењата ти се омраза кон религија.. Ако не ти се допаѓа едноставно не следи такви луѓе, избегнувај и тоа е тоа, нема потреба да разубедуваш никој.. Јас сум верник и како што имаш ти право да кажеш дека си атеист имам и јас право на истово..
Сценографијата и кореографијата на победничката Дара ме потсеќа на Gravitonas од пред десетина години (не беше учесник на Еуросонг) друго е сè различно... (во првиот спот после 1мин. 10сек.)
Не дочитувате, воопшто не споменав дека Бугарија како држава има супер музика. Туку дека еден поединец во случајов Дара, успеала во тоа општество, да се одвои од турбо фолкот и кич музиката и да гледа напред на работите. И дека напред отишла бидејќи мајндсетот и бил друг.
Првиот начин за промена е да бидеш критичен кон себе. Јас бев свесен уште пред да пишам дека некои поединци ќе се навредат, дека дел од нив нема ни да разберат. Незнам дали воопшто да реплицирам на ова. Бидејќи тотално ти е погрешна перцепцијата на мојот пост. Незнам што ти е трагично? Да бидам реален ти или не си го ни разбрала или не си го прочитала постот како што треба. Дали од брзање или друго незнам. Се случува. Незнам зашто и воопшто сум бил цитиран или каде се имаш навредено ти како индивидуа во мојот пост. 1. Каде тоа јас споредив бугарска и македонска музика? Напротив, си ги помешала термините. Споредбата беше помеѓу потенцирам ( поединец пејач Дара и нејзиниот напредок во такво општество) VS дел од македонките. Тука нема споредби на држави или музика. Има разлика во тоа едно зборче. Каде ти го виде зборот " Сите" во мојот пост. Се надевам ја воочуваш разликата од многуте до Сите македонки. Имаше еден познат руски автор, кој велеше, читајте ги докрај и убаво речениците особено кога сакате да упатите критика. Малите зборови може многу да сменат. ( да не ја продолжувам неговата мисла, повеќето што читаат знаат како оди понатаму) јас знаев дека, уште пред да пишам дека некој ќе се навреди, некој дека нема ни да разбере,( тоа и ми беше очекувано) Целта на моите постови не била да навредам некого, туку повеќе да упатам критика (со цел на само подобрување). Така и гледам на критиката. Како еден вид укажување и освестување. Еден многу познат автор вели. На критиката не треба да гледаме како навреда, туку како еден од клучните принципи како пат за промена. Истиот тој вели, дека критиката некој ќе ја свати како навреда, а некој како пехар кој ќе го донесе до промена. Ете тука веќе има два различни света на гледање на работите. Дали ќе водиме инает или ќе ја земеме критиката како алат за промена. Мојот пост беше најдобро намерен, да упатам освестување до некој што слуша турбо фолк Кич музика, дека многу работи пропушта и дека си го урива својот потенцијал. Мислам мене ме фаќа срам, кога при толку убава светска и македонска музика, некој/а му е полна телефонот со турбо фолк музика. Ако некој се навредил во ред е. Разбрано е.
Еве една критика, да треба да те дејтам не би успеала да ти дадам шанса, оти се пишува "не знам" одвоено, а ти упорно пишуваш "незнам". И други правописни грешки имаш многу, срамота е и тоа многу поголема отколку кој жанр на музика слушаш.
Во право си. пишано е во 2 часот ноќе на крај на смена. И знам дека ќе има грешки. Но добро ќе го сватам како критика, за напредок. А за дејт нема потреба, фала.
За тебе напредување е сите да слушаат иста музика како тебе? Секој си слуша тоа што му е убаво за неговото уво, кој сака нека слуша туро фолк, кој сака опера.. Едноставно ако не ти се допаѓа некоја според музиката што ја слуша не мора да бидеш со таа девојка и не мора да ја осудуваш, слушај си што ти се слуша и барај си некоја што ти одговара, или прифати некој таков каков што е или не му соли памет што да слуша што не...
Вака би гласал во финалето: 12. Croatia 10. Moldova 8. Finland 7. Australia 6. Norway 5. Israel 4. Albania 3. Ukraine 2. Serbia 1. Denmark
Што го распнавте членот? Факт е дека младите се навлечени на турбо фолк и треш музика. Само не би го ограничил јас тоа на нашата држава, туку генерално балканските земји за жал се опседнати со тие жанрови - разликата е што кај нас музичката индустрија не е толку развиена, туку само се слуша таква музика со потекло од други држави.
Не ни може да се развие повеќе, ние сме под српска окупација, културолошки/музички/политички. Ова е непопуларно мислење, се доживува како бугарофилија. Турбофолкот македонски скоро и да не постои, понеприродно е да слушнеш македонски стихови на таква музика, тоа е својствено за нив. Кеш кеш за да допреш секси веш се перцепира како дебакл и е далеку посрамно да се пее од Хочу кучу да ми купиш, да ме мазиш, да ме љубиш. Може да се пофалиме дека немаме развиен турбофолк, али тоа не е пошто имаме некој префинет вкус за музика и сме растеле на Бах, туку затоа што не ти звучи природно, отруен си од нивниот, не ни можеш да имаш свој. Гавазова е сељанка, Светле е мајка/топ/краљица. Тезгата на Гавазова е локално гранапче, на Цеца - Борис Трајковски. Не ни смее, а ни може да биде поинаку. Тоше Проевски и слични, најголемо признание добиваат откако ќе поминат таму, тоа е најголем показател за српската окупација. Не сум бугарофил инаку, сите соседи ми се одвратни, а и нашиов народец исто.
Се согласувам со тебе за културната окупација со турбо фолк. Иако можеби немам толку изразени чувства за било кои наши соседи како тебе, ама имам за турбофолкот на кој сака нека е јазик. Не можам да го слушам, сум се обидела, ама не ми иде. Не се поистоветувам со ништо, ни со текст, ни со музика.. Мислам дека не доминира турбофолк заради српскиот јазик, имаат и другите наши соседи и ние самите многу турбофолкери кои се слушани. Реалноста е таа и тоа се однесува на целиот Балкан. Тоа треба да си го освестиме и прифатиме. А зошто е таа доминација на таа баш музика треба да се запрашаме. Според мене не е само мелодичноста на јазикот. Тоа се слуша по дискотеките и кафичите и младите тоа од таму го прифаќаат (бар ова го заклучив од моите деца). Второ сфатив дека многу нивни врсници (и нивните родители) не разбираат англиски или друг странски јазик и не слушаа музика што не е на кирилица. Трето е формалното образование зошто наставниците треба од најрана возраст да ги изложат на различни уметности. Мојот син во градинка научи да ја пее со погрешен текст "Гас, гас" од Северина, ни помалку ни повеќе од самата воспитувачка што секој ден им ја пуштала и играле за рачиња... И што да кажам? Иде дома син ми и пее субота је дан за Охохо Мал беше за да го има во речник зборот алкохол Која култура ние ја негуваме и шириме. Од дома пуштав рок, панк, пуштав стари евергрини, опера, балет, староградски македонски песни, филмска музика, дизни се значи, се и турбофолк и слаткар со пцовки и рнб ама да имаат избор. Мислеа дека каверите се оригинали додека не им покажав и пуштив оригинал. Сакав да знаат да ценат што е навистина креативно, автентично, а што е копирано, шаблон.
Затоа што неговото доаѓа од тоа што си го дрка на Дара и сега паметува дека нашите девојки треба да се "светски" како неа. Твојот вкус за музика не е ништо подобар инаку, еве за Евровизија што имам видено, навиваш исклучливо за жени кои се секси и танцуваат, тоа држи, а текстот на музика е треш и нема никаква уметничка вредност. Правда за турбо фолк.
Само да го прашам членот од кај знае Дара каква музика слуша? Тоа шо направила таква песна за да се натпреварува и да победи, не значи дека таква слуша. Дали и понатаму ќе биде чиста 10-ка ако слуша од нашава старочаршиска музика?
Е сега, во секоја тема. Во секоја деветта, десетта тема каде што коментирам, поточно. Токму така, моментално и двете страни го задржуваме тоa право, во иднина - не се знае дали едната може да го изгуби. Ова што изведувач се заблагодарува на господ е реално небитно, дури на повеќето им се допаѓа или нема ни да забележат, ама мене ми боде очи. Господ наместо да ги укине неправдите, гледа Евровизија, ете што била работата. Инаку, си ја сакам јас Дара, интересна ми е. Тоа нема да промени мои ставови, ниту ќе ме спречи да ги искажам!
Не можам да тврдам ништо за членот бидејќи не сум го читал многу, видов дека многу агресивно му се нафрлија и се вклучив. Нејсе тоа си е негов личен вкус. Не би рекол дека можеш да го коментираш мојот вкус пошто не ме познаваш, а ако веќе си уверена во писанието слободно цитирај конкретни мислења или мои рангирања кадешто фаворити ми се турбо фолк песни (не тврдам дека некогаш не слушам и треш ако е catchy) или "жени кои се секси и танцуваат" оти ми се чини единствен бев на форумов што пред неколку години мислеше дека Фуего не треба да победи. Нејсе, секој има право на избор што ќе слуша што не и не се обидувам да го ускратам тоа право - истотака како што очекувам друг да не ми го ускратува правото да критикувам ху жанрови што сметам се презастапени а не нудат квалитет - базирано на субјективно чувство и мислење.
Како само Дара на српските новинари како од пушка им одговори Дара Бубамара кога ја прашаа дали ја знае српската Дара, и те како е упатена и во српскиот не само во бугарскиот турбо фолк. Значи не знаеме што слуша приватно без оглед што музика пее.
Факт е дека сите од Балканот слушаме турбо фолк понекогаш, разликата е само во интензитетот и дали е тоа фаворизирам жанр
https://www.klix.ba/magazin/muzika/...ongu-ukrajini-nisu-dali-nijedan-bod/260519155 Direktor moldavske televizije podnio ostavku zbog žirija na Eurosongu, Ukrajini nisu dali nijedan bod Moldavski žiri dodijelio je 12 bodova Poljskoj i 10 Izraelu, dok je Rumuniji dao tri boda, a Ukrajini nijedan. Takav ishod izazvao je brojne kritike i negativne reakcije na društvenim mrežama u Moldaviji i Rumuniji.