Ми е гајле што слуша членот, а како личност која не слуша турбо-фолк (Северина не е турбо-фолк, за тие што не знаат да разликуваат) имам проблем со перцепцијата негова за жените општо, "оние другите" напредни, ние сељанките, па дал шанса па карактерот не и' чинел оти не друго, музиката е крива. Вистина ни јас не дејтам мажи што основна граматика не знаат, ни такви што се соживуваат и цела личност ја градат околу музички жанр (рапери, металци, ватевр), коментарот за македонските жени е дегутантен, толку.
Северина има песни од сите можни жанрови, па и рок албум. Шунд... што знам, кај буквално сите поп пејачи има многу шунд, за мене лично Северина не може да се споредува со да речеме (од оние кои ги знам) Дара српската. Конкретно "Моја штикла" како концепт има етно во себе многу, ама ај да не се расплинувам тука за (посебно) херцеговечко (хрватско) етно, и Лелек имаа делумно тоа искористено.
Аууу, Севе ја обожавам, особено ради анти-Вучиќ ставовите. Многу ѝ ги сакам старите песни. Код тебе, код мене, у ауто што да не, шта ти није ту океј, да ниси можда геј...
Северина е уникатна сама по себе, не ни може да се стави во некој кош со останати. Настрана "тралалајките", песните кои сама ги пишува покажуваат колку всушност е способна и креативна. Пример прв што ми паѓа на памет е "Шта ме сад питаш шта ми је?", макар има многу во репертоар такви. Едноставно не знам со кого да ја бројам, не знам дали има некој друг на Балканов што е толку целосен + што е прогресивен во ставови и не се плаши јавно и гласно да зборува, што мене ми е нормално, за секоја пофалба.
Кај најдовте Севе да ја споредувате со турбо фолк, Севе е жена, мајка, кралица. Има секакви песни а најмалку турбо песни, има и убави балади и диско песни и далматински песни. Плус е храбра жена која му пркоси на системот, се бореше сама против корупцијата со две земји и победи, не се плаши да збори против диктатори и да подржи жени во судски битки. Ретко кој освен Севе на овие простори има свој став и опстојува на сцената без да пее за партии и да е политички и партиски подобна. Пред се не е шунд и селска.
Абе има и таа во репертоар божесачувај песни, не дека нема, меѓутоа се малкубројни во споредба со другите. И текстовите "на заебанција" често и се со многу подлабока смисла, бунт против општеството, патријархатот, двојните стандарди итн. Баш не ми е соодветен пример за затупена балканска музика искрено. Да речеш Теа Таировиќ се согласувам, не знам ни дали можам тоа музика да го наречам за воопшто да биде шунд музика. Едит: Кога Енџи ја спомна веќе Светлето, дури и таа е препознатлива, меѓу сите други не можеш да ја погрешиш пошто има специфичен глас, а реално песните и' ги пишуваа Туцаковиќ и Јорговановиќ, па се добри. Дали е по нечиј вкус или не е, тоа си е веќе друг муабет. Од болки балкански издвојувам песните ЈК што имала пари да си ги плати и не завршиле кај асални пејачи
Лани изјавуваше дека у 2027-ма ќе одела, сеа ќе рече за 2030-та, сакам да ја пратат, за да се врати со 15-то место и да пишува реферати како ЕБУ, Цеца и Аркан ја бојкотирале, па да се прогласи како вистински победник (само у својата глава нормално).
Марија Шерифовиќ рече дека размислува да се пријави пак. Причина било тоа што неодамна добила многу добра песна од авторот на Молитва и тоа што кога победи била млада и не уживала доволно во самиот натпревар.
Значи песни како Пуцај у љубав се нејзини А толку е одвратна што не ни сакаат младиве кавери да направат Инаку еве ја оргиналната, на шпански
Грчко, индиско, шпански кавери.Не е ни чудо што изјавува дека проектите ѝ се светски, какви да бидат кога џапале со Зоран песни од цел свет.
Абе кредит си има ставено она (или и' ставиле), си ја купила Ама кога не можеме на нашки асална песна да слушаме, на шпански, шоимавезе