Па ќе тераат, турскиов селектор 5 души у одбрана има ставено еден напаѓач… изгледа поентата е да не изгубат, не играат за да победат..и после пенали.
Нема што, убав пресврт. Единствено ми е мака за турците во мојов град што нема пак да вртат ора низ цел град.
Некој од модераториве, мислам @Ketchup е, да додаде анкета ама да не можеме да менуваме, па да видиме кој е најточен прогнозер.
Слабо некако се пишува на темава, порано цели дискусии се водеа за првенствава, небитно за кое се работи... Генерална оценка за Европсково - неатрактивно и досадно. Нема убав фудбал, чест на исклучоци, нема гинење на терен (додуша Турција изгина вечерва и ми е криво што не отидоа понатаму), се' е калкулација, тактизирање, и плус со ВАР е дополнително уништен жарот во играта. Немам фаворити, јас за Италија навивам, ама знаев дека нема ништо да направат оти немаат добар тим. Ќеф ми е што Германија испадна, жалам што Швајцарија и Турција не одат понатаму иако тотално заслужија, ама некогаш и среќата игра улога тука. Кој ќе биде шампион искрено не знам, ама мислам дека ги местат Англичаните да бидат, лично не сакам да се случи тоа. Од репрезентацииве што останаа, не знам кој има најголеми шанси за победа, ама искрено, ниедна не ја заслужува титулата. Можеби Шпанија, ама и тие се далеку од она што би требало да биде европскиот шампион. Ќе видиме.
Мене само за Грузија ми е мака, ама баш мака играа навистина одличен фудбал. Другово е невидена досада дури и срамно да се каже дека е Европско првенство.
Епа ај и ја ќе кажам, сакав да гласам за Француска, ама сепак, паричиња си се паричиња и гласав за Шпанија.