Сакам да бидам црна овца.Напротив, не мислам дека Македонецот се познава по тоа што пркоси, води инат, мнозинството од луѓето се медиокритети. Лесно можеш да препознаеш за кого навиваат, за кого гласаат, кого и што мразат. Затоа... Англија до победа (Шпанците ми се ептен симпатични, али пуст инат)!!!
Ги неќам ич шпанците а уште помалку англичаните така да ова финале ќе го гледам како неутрален гледач испаднаја моите екипи италијаните беа преочајни а германците влакно им фалеше но што е тука е мило ми е што Португалија испадна да не го гледам онај плачкото во финале а финалето нека победи подобриот тотално ми е сеедно.
Зашто плачко па секој спортист имаа емоции во него. Поготово спортист од таков ранг. Ја коа сум играла порано коа ќе сме изгубеле сум плачела, не некој што му значи тоа.
Не е само плачко туку е и голем лигуш и егоист, тоа негово обидување да шутка од секаков агол да ги изведува сите слободни удари и да шутка од невозможни позиции ми оди на нерва незнам како тренерите му го прогледуваат низ прсти сето тоа типичен играч што игра за своја лична слава а не за колективот. Неговиот успех се должи на тоа што играше во премоќен Реал кој поради традицијата трофеите им се лепат како магнет и сите топки буквално одеја кон него не го оспорувам тоа дека е топ класа играч ама да се дебатира дека е најдобар на сите времиња или да се става во топ 5 топ 10 најдобри играчи во историјата за мене е вреѓање на интелигенција. 100 посто сум сигурен да играше во било кој друг клуб освен Реал ќе имаше дупло помал учинок на голови за мене никогаш не бил ниту може да биде ставен во иста реченица со најдобрите во историјата. Себичњак и најантипатичен играч што постои откако пратам фудбал.
Дали станаја Јувентус поуспешни благодарение на него? Не, колку што знам јас еднаш калчо освоија и тоа беше се за негово време во Јувентус. Две финалиња лига на шампиони играја Јуве кога Тевез им беше напаѓач а веќе е заборавен колку добар напаѓач беше и во Сити и во Јуве. Последниве 10 15 години имало дузина на квалитетни напаѓачи што во било кој клуб и да оделе без проблем постигнувале 20 плус голови во сезона. Ама прашина се креваше само околу Роналдо и тоа најмногу благодарение на тоа што играше во Реал.
Ти си Меси фан, и се е тоа оке, ама дечко, нема лига кај што нема отиде и нема освоено се, Роналдо е талент и напорна работа, Меси е талент само. Меси цел живот игра само за Барса, отиде у Псж и видовме што видовме. Роналдо е само доказ за сите како со напорна работа можеш талентот да го искористиш, Роналдо е и ќе биде еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, и коа ќе видам како се споредуваат Меси и Роналдо ми е пресмешно зашто се и двата класа и пол на играчи и заслужуваат да бидат и останат спомнувани како едни од најдобрите фудбалери што играле на овој свет. Скоро 700 милиони луѓе го следат Роналдо на инста, 700 милиони не мислат така, како 600 што мислат за Меси, дали вас ви е егоистичен или себичен, фактите си докажуваат дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, на тоа можете колку сакате да плачете. Нема да се смени, дури и сметам дека е попознат од Меси, маркетинг зборам, пошо не смее да трепне Роналдо, за разлика од Меси што што и да напраи дали ќе утне пенал или слично, никаде нема да излезе на таблоид. Али дека се класа и пол и двајцата се.
Хаха не бе каков Меси фан јас сум фан на стара гарда играчи Зидан, Роналдо феноменот, Роналдињо, Ибрахимовиќ, Зола, Баџо... Поновите генерации на фудбалери ми се смешни во споредба со старите инаку да Меси го ценам поќе од Роналдо и сметам дека е најдобар на сите времиња иако омилен играч мене ми е Зидан сметам дека Меси ги надмина сите и во талент и во достигнувања али шта је ту је а за Роналдо кажав мислам дека е преценет и дека да не играше за Реал немаше ни приближно толкав број на голови да постигни
Искрено мене апла ми е дека ќе биде за брзо заборавен Меси, и не се сложувам дека е најдобар играч на сите времиња, Аргентина не би ни освоила копа Америка да игра со екипиве тука, не би поминала ни групна фаза, до толку е за греота копа Америка. А Роналдо уште во Манчестер газеше, па после во Реал, ако е така Меси да не беше Барса, ништо немаше да покаже, после во псж се покажа, јас сум за Барса, ја сакам општо како тим ми се свиѓа, ама никад заради Меси не би фаворизирала тим, нит па заради Роналдо. Според мене играч што не искусил повеќе тимови и лиги, не може да биде најдобар на сите времиња. Али се сложувам дека е еден од подобрите играчи кои играле фудбал.
Ајде, спремни сме. Завршив со обврски и сега раат ќе гледам. Единствено ми е мака God save the king не ја слушнав.
Одлично отпеана химна, принцовите дотерани, семките спремни, пуканките испукани и пивото оладено. Уште да победат Енглезиве...
Вили и Кате да не се тука? Гугл не вика така, гугл вика 38% дека ќе победи Шпањолска, 24% Англија. А за химната мака ми е, сакав барем уште еднаш пред да умре да му ја отпеам, до 2028 не верувам дека ќе доживее.
Ами оти Луита не го зеле? Таму шоу ќе им правеше на публиката вака ко што не се дешава ништо. А иначе Леонор е преубава. Филип, крал ко крал, ништо посебно.