Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Е така мислам што да правам, како репрезентација ми се една од послабите на првенствово со исклучок на Роналдо, Нани... само нападот им е добар. А кај се средината и одбраната т.е. со играч како Пепе може и грешам се чудам што е вака мирен на првенствово изгледа само против Барселона ги покажува физичките способности... како и да е, мојот коментар е тој и Холандија е појака за мене барем и стварно не знам како ова си го дозволија :)
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Шта речи, многу сум разочарана од Холандија која претендираше таму за погорните места, абре на Светското до полуфинале стигнаа, јас стварно не знам што им беше вчера, и утакмиците пред тоа. Тотално се изгубија, Португалците беа доминантни и во прво и во второ полувреме. Случајно загледав eдна статистика додека играа вчера, имаше посед на топка 49 за Португалија, 51 за Холандија. :o
    Или бил пијан тој таму горе у режија, или филмот го живееле Холанѓаниве. Им дале изгледа некоја опасна тревка овие, од нивната земја мајчица, татковина. :D
    Нејсе, Кики вчера беше одличен можеше да даде минимум уште 4 гола ко ништо, ама тоа е, се истопорува секогаш да биде во шанса, амбициозен е, сака да го има таму на табела на стрелци под бр. 1, многу е амбициозен де! :D

    Денес там тарааааам!
    Денот Д. Ај што сте Хрвати демек браЧа ни се. Ма немој молим те, денес мора да се оди на победа, се вивнаа малце во облаци коцкастиве, да им се покаже кој е главен во група, осеќам дека малце ќе се стегаат Хрвативе, ама бре до толку јаки не се! :!:
    Ќе биде многу занимливо денес, Италија веројатно не е до толку Ирска да не ја тепа, ама се решава Шпанија - Хрватска. Уууууух едвај чекам! :whew:
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Како заврши вчера Германија-Данска?
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    2-1
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Хмм, ама воопшто не би се согласила за Португалија. Многу ги потценувате (мислам Плавушка де :lol: ).

    Точно Роналдо е прав лидер на тимот и вчера беше најзаслужен за победата ама Португалија севкупно и како репрезентација воопшто не се лоши. Па и одбраната е доста солидна, особено Пепе и Коентрао. И сега нем да помислете дека го велам ова само затоа што се од Реал. Играч како Пепе втф :^), вие Пепе за што го мислите? Дека е понекогаш агресивен нема збор ама КАКО ИГРАЧ Е ОДЛИЧЕН. Очигледно од толку омраза кон него не ги гледате неговите квалитети. А и Пепе е мало дете за Де Јонг и Балотели. Одбраната на Португалија баш изигра добро за разлика од одбраната на Холандија на која и ШВАЈЦАРСКО СИРЕЊЕ не и беше рамно. А колку и да има играч како Роналдо во тимот сепак потребно е и другите да играат. Не можеш ти без одбрана да победиш :^) .

    А што покажаа Холандија за незаслужено да отпаднат? :^)
    Па баш затоа бе што ги имаат Ван Перси, Робен, Снајдер итн е срамно што завршија со три порази. И тоа сосема заслужени порази, не се зема титули со само ѕвезди во тимот кои играат само за себе. А велевте дека Роналдо бил арогантен |(. Како па да не. Робен и останатата компанија го шијат во арогантност. И воопшто е смешно да се зборува дека таква репрезентација заслужила да оди понатаму а Португалија не. Португалците беа одлични сите три натпревари, вклучувајќи го и тој кога изгубија.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ако,нека навива плавуша против Португалија па може ке се случи чудо да освојат титула во Европското како што беше случај во Англија против Сити во Шпанија против Реал и во Лига Шампиони против Челзи :D .

    Плавуша ништо лично против тебе :D

    А смешно е кога Роналдо постигнува гол се вели еј само на слабите дава голови,а кога дава голови сите самобендисан бил и шо знам а човекот си има самодоверба во себе шо е добро за еден фудбалер. :)

    Мене па одбраната на Португалија не ми е нај нај,што знам,треба да поработат на нејзе малку.Некогаш многу лесно примаат голови :|
    Холандија си заслужи да испадне.Нула бодови бе?барем Данска да ја победеја.Добро е сега што испадна понатаму можеше да им се случи дебакл па немој да се случи да ги утнат соблекувалните.

    Туку очајно посакувам и Италија да испадне.Ако,тие местачите на натпревари сега се плашаат да не испаднат самите.Така е кога си копаш сопствен гроб :D
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.418
    Пол:
    Женски
    Обично на вакви континентални собири се гледа кој навистина игра за себеси, кој за репрезентација. И на Холандија им се случи да испаднат уште во првиот круг, токму поради тоа што сите тие познати и добри играчи играа за себеси, а не за репрезентацијата. Порано имаа одлични поединци и победуваа. А сега, на поединците им е поважно да прикажат што подобра игра чисто поради самите себеси, надевајќи се дека ќе добијат нови, подобри договори, да лапнат некое милионче плус. Ама за жал, самите си наштетија.
    Како и да е, ми се чини дека порано повеќе се играше фудбал поради фудбалот, а сега се игра фудбал за пари и слава....
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Плавушка ајде речи за Германија дека нема да освојат и дека се тапа. Те молам :lol:. Не, стварно секогаш обратно испаѓа кога навиваш за некој. Немој да ме сфатиш погрешно :lol:.

    Не знам, мене одбраната на Португалија баш ми е солидна. Прават грешки да, ама затоа пак во споредба со холанѓаните се измислени. Мислам Холандија дали воопшто и имаше одбрана :^).

    И јас сакам Италија да испадне, не ги воопшто сакам. Од оваа група само Шпанија ми е за проаѓање, другите не.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Немојте ви се молам, Холандија беа банда без команда буквално. И многу заслужено си отпадна.
    Реков јас тој Робеништето себично им е малер :rofl:
    А чичко Жељко Јоксимовиќ ги поздравља и им порачува : Више срече други пут :!: :D
     
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    И јас мислам дека само Шпанија заслужува од овие.
    Хрватите скроз ми се одмилија со нивните навивачи,ептен се дигнаа,ко којзнае што да се случило а,Италијаните баш и не ги сакам.

    Ама ако веќе мора,тогаш нека бидат Шпанија и Хрватска...
     
    На BlackSwan5 и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само Германија се одвојува од сите, и Шпанија е тука негде ама не тоооолку :up:
     
  12. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    јаs сакав покрај германија и данска да оди ама секогаш по 1 ми испага :D добро пак повеке бев за португалија отколку за холандија
    страв ми е вечер да не изиграат шпанците нерешено со хрватите :^) италија мора да продолжи!!! :swear:
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Кој прател фудбал од поодамна знае дека Португалија не е и никогаш не била репрезентација за потценување. Уште на времето кога играа Фиго, Деко, Нуно Гомеш и др. Во 2004 Португалија играше финале на Европско. Речиси секое првенство се пласира во четвртфинале. Далеку е од фаворит да, ама уште подалеку од аутсајдер.
    Статистиката покажува дека Португалците им се ноќна мора на Холанѓаните. Холанѓаните на последните неколку првенства стандардно си губат од Португалија.
    И да Португалија не е само Роналдо. Целиот тим е добар. Кога ќе видиш дека во тимот имаат само неколку звучни имиња, а ко од шала ја тепаа Холандија, епа неможеш да кажаш дека се слаб тим. И не би се сложила дека имаат слаба одбрана и среден ред, па баш на средина на терен ја згазија Холандија. Дури и со Германија(која ја сметаат за фаворит бр.1 на првенството) Португалците изиграа добро, имаа и шанси и добра игра и се. На крај несреќно примија гол, ама имајќи ги во предвид германците, пак ќе кажам дека добро се држеа.
    Засега само Германија отскокнува. И незнам што толку ја форсирате Шпанија, досега ништо посебно не покажаа и шпанците. Против Италија ко изгубени беа. Ја начекаа Ирска село без кучиња па удри по 4 гола, абе ај. Ама верувам дека Шпанија допрва ќе покаже повеќе на првенството. Истото го очекувам и од Англија и Италија(ако помине, ако не ја наместат шпанците и хрватите :lol: )

    За Кикица нема што да се каже. Најдобар играч годинава без сомнение. Ако е реално, златната топка годинава треба да е негова или пак ако ЕП го освои Германија да ја земе некој играч на Баерн.

    И уште нешто :)
    Видео: Каква грешка! Германија можеше да испадне од ЕУРО
    http://www.sportski.mk/statija/11683
     
    На BlackSwan5 и Pelikuna им се допаѓа ова.
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Deutschland über alles!

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.025
    Пол:
    Женски
    Каснам малце со коментаров у однос на Англија-Шведска, но морам да кажам дека живциве ми попуштија,дефинитивно.
    Можда сум пристрасна,но ми се чинеше најинтересна и најнапната утакмица од кога почна првенствово.

    ENGLAND! :l:
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Adelante España :party: :l: !
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе Германија саде светски првак нели ја напраивте! :D
    Работава, заборави ако можеш! Европското пред 4 години и пред 2 години Светското во финале пак го јадеа од Шпанија. Да потсетам, ако некој забораил! :wasntme:

    Ако Шпанија се тие што давале малце голови и со минимални победи продолжувале понатака, шта речи за Германците, за влакно се вадеа. Со Португалија нека бидат пресреќни што победија, со Холандија се здрмаа малце на крај кога во последните 15 минути се бранеа со автобуси пред гол, а вчерашниот со Данска не го гледав, ама чим се влечеа до последна минута со 1:1 не се сјајни. Дури за влакно се спасија од спакување на куфери и Аувидерзен поздрав!
    Епа фактите се тие. ;)


    Ајде вечер, едвај чекам, полудев веќе, ми се гледаат Шпаљолците! ^_^
     
    На Marbella и Rozich им се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не знам ама на светското Шпанија не требаше да биде шампион. На секој натпревар со едно голче, ептен се провлекоа. Не ми е тоа некако шампионска игра за разлика од Германија која беше убедливо најдобра на светско 2010 според играта и ефикасноста. Точно, не им одеше баш против шпанците ама ќе видеме оваа година што ќе направат.

    А Германија баш си ја заслужуваше победата над Холандија, изиграа одлично и напаѓаа до самиот крај, беа доминантни иако на Холандија им требаа повеќе бодови. Со Португалија можеби беше повеќе среќа во прашање а вчерашниот натпревар не го гледав па не можам да коментирам.

    Ама па и Шпанија не покажа ама баш ништо до сега. Со Италија (иако ја мразам таа репрезентација) италијанците беа дека дека подоминантни. А со Ирска ко што кажа Боа начекаа село без кучиња и ајде 4 гола. А и плус ја претеруваат со таа тика-така игра и само со посед може да се фалат досега, не направија ништо атрактивно. Си го сакам Касиљас, Торес, Алонсо, Рамос, Арбелоа ама како репрезентација не ги баш сакам оти форсираат иста игра како Барселона.
     
    На m2m2m2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Абе со кое лице ја критикувате Германија, едвај се провлекла со Данска? Па Данска и Ирска се магаре и козметика!
    Не биле сјајни? - Па кој сјај го покажа Шпанија до сега? :^)
    И на светското да не заборавивте дека секоја можна утакмица едвај ја поминаа со по едно голче? Како што викате се провлекуваа. Или беа сјајни?
    Му рекло магарето на зајакот имаш големи уши.
    Победиле на две првенства? Чудо големо, никој друг нема победено освен Шпанија, само тие до сега.
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Шо ќе се случе ако победе Шпанија? Ќе си одат дома Хрватите?
    Не сум во тек со настаните.