^И ако победи, а и ако остане резултатот ваков каков што е на двете утакмици (Шпанија-Хрватска 0:0, Италија-Ирска 1:0) Шпанија оди понатаму.
Ова па Хрвативе се стационирале сите играчи пред гол и ај ти формирај напад Коментаторот па Ќути си поарно.
Вака, ако остане во водство, и не е битно дали Шпанија ќе тепа или ќе оди на реми . Туку Шпанија НЕ заслужува титула. Каква лоша игра за шампион. Колку сакам Хрватите да победат, па Шпанциве да се симнат од облаци . Касано стрелец за Италија .
Тууу баш ми е криво за Хрвативе, подобри беа. Шпанциве почнувам да ги мразам со таа пас игра, па претеруваат бре!!! Сами пред гол, они пак се вртат да подаваат... Со оваа игра нема далеку да стигнат.
Жими се се гледаше дека не требаше да биде признаеен голот, ама тоа ти е наш нароф, .....леле леле светски шампиони се,како тоа...абе иди бегај
Е зошто да не биде признаен голот ? Чиста ситуација беше,немаше офсајд. Не го тупете сеа,јес да Хрватска ни се тука поблиску,али не хејтајте толку,ајде,подобри беа Шпанците и заслужено први во групата!! Леле Рамос каков е кога ќе ја соблече маицата,бомбонче Исто и Икер и Пике
Мило ми е Хрватска што не отиде понатаму ради навивачите. Прости навивачи, ама арно треснаа на земја.
Признаен-непризнаен голот тие пак ќе одеа понатаму штом Хрватска не успеа да даде гол. Е сега за шпанците беше сепак поповолно, имаа 2 опции, победа или нерешено, додека хрватите немаа друга опција освен победа. Инаку сосема заслужено ќе беше ако отидеа понатаму, стварно квалитетно изиграа и покажаа дека не се многу послаби од Шпанија.
^ то ти е, 2 пара цицки се популарни од цела хрватска фудбалска репрезентација. Како и да е едно се навивачите а едно е репрезентацијата. Заради прост балкански менталитет не би требало да не се почитуваат најбитните, фудбалерите. Јас сакав да одат понатаму, ама лоша група, тоа ти е несреќа. Шпанците ме разочаруваат, не ми се воопшто интересни и би сакала наскоро некој да им удри шлаканица и да им ги спакува куферите. Јас си ја обожавам Италија, има години кога Италија игра доста лош фудбал, а засега супер се држи на европсково. Манекенчињава добри се
Јесс, Шпанија ... е сега од аглите кои ги покажаја на тв, Наваз беше во недозволена позиција.. ама не е битно битно тој си даде голче , и да не го признаеја на Шпанците им одговараше и нерешено. Натпреварот ми беше некако досаден , едвај чекам на повозбудливи натпревари со добри акции и погодоци за памтење! Мака ми е шо Италија помина, а ако гледаме реално Хрватите играат добар фудбал, оставете ги настрана навивачите ! А за коментаторон немам зборови значи јас незнаев дека: Шпанија била европски и шпански првак, пази шпански ( сигурно мислел на светски ама...)
Не дека фудбалерите не ми чинат. Стварно ми се повраќа од навивачите. И повеќе се радувам за навивачите шо ќе си одат дома со наведнати глави, отколку за фудбалерите. Абе не заслужуваат тие фудбалери такви навивачи. Пу.
потполно се согласувам со тебе мој фаворити се Украина и Шпанија се надевам дека ќе пројде и Украина утре