Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    БРАВО ХРВАТСКА!
    Тактиката им беше подобра од онаа на Дел Боске, кој е далеку поискусен од Славен Билиќ. Верувам дека сега му дојде малце памет на стариот штом толку сака без шпиц да игра.
    Најбитно е што не се потценија и не потфрлија само зошто играат против Големата Шпанија.
    Ракитиќ имаше шанса, имаше и моменти кога им запре срцето на Шпанските навивачи со контри, ама... немам изговор, ваљда до искуството и среќата е. Искрено се надевав дека ќе се договорат за да заврши 2:2, па нема само Италијаните да местат натпревари! Не знам како ги сакате тие, според мене го имаат најдосадниот и најглупав фудбал ever, и подалеку од Европсково. Со ова што го кажав ризикувам пола форум да ме нападне.. бринг ит он. 8) :D

    Старбакс не ти е оправдано тоа што го збориш. Јесда го срамат цел хрватски народ, ама 11мината што се трудеа цели 94 минути на терен се битни. А они комплетно заслужија.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    конечно поминаа два мои фаворити :rofl: се прекрши баксузот
    вистина очекував повеќе од шпанија не само еден гол ама нека биде :) ако вечерва зезнеше италија заради овој натпревар ќе ја отпишев шпанија и ќе си навивав за дојчланд 8) играта на хрватска не ми се допаѓаше уште пред да почне првенството
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Шпанија мина тотално незаслужено. Волку бледо издание на Шпанија немам гледано одамна.
    Што покажаа шпанциве на првенството досега? Ништо.
    Ама баш ништо. Со Италија се изгубија на терен, со Хрватска исто. Едвај дадоа гол и тоа од спорна ситуација. Судијата се плаши да свирне нешто против шпанците.
    Еј европски и светски прваци да се провлекуваат низ групи со по едно голче :x Едвај да ја минуваат Хрватска бре.
     
    На BlackSwan5, MandyLane и JuLleE им се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Епа ај ако не Хрватска повеќе заслужуваше влез во четврт-финале него ли Шпанија.
    Извини ама со една шанса за гол која впрочем коментаторов ептен пристрасно ги ги фаворизираше Хрвативе, уште да го покажеа во кабина со дрес на коцкастиве, не се влага во четврт-финале. |(
    Ми ги отупе ушите г-динов коментатор со име Тони Стојановски, је*ем ти коментатор, значи не можам да поднесам, од живец ме вадат коментатори што непристрасно навиваат за некој, абе ќути, коментирај таму а не да урлаш кога едниве имаа една и единствена шанса.
    И Билиќ имаше одлична тактика не спорам за тоа, ги затвори клучните играчи во напад (Торес), и нон-стоп се бранеше, па ако успеат да дадат гол - ок, само што очигледно се забораија во напад, до топка не дојдоа. ;)

    Што би рекол Кики, паркирале автобуси пред гол, од оној Шилденфилд Торес не можеше да мрдне, а имаше прекрасни шанси и асистенции, штета.
    Па и ако споредам еве, Хрватска повеќе заслужи да оди во четврт него ли Италија, ако гледам така, Ирска немаше никакви шанси а само 2 гола им шибнаа, наспроти оние 4 и на Хрватска и Шпанија, не?


    И повторно ќе кажам, ништо поарна не е Германија, се покажаа и вчера. Извинете, да не ја сметате Данска за велесила нешто, и дека е поарна од Ирска? Еве ако толку знаете, кажете еден играч на Данска што е толку многу истакнат што секој го знае. Или да, ја победија Холандија (која патем сите ја победија).
    Мислам ајде, до 88 минута да не се знаеше дали Германците ќе влезат во четврт. Еве и Шпанците дадоа во 86та со таа разлика што и 0-0 им одговораше.

    Крај краева, ќе си покаже времето.
    Мене сеуште Германците ми стојат на мојата црна листа и нема никогаш да ги сакам ни ко тим, ни ко нација. Недај боже да им се заканува пораз, спремни се спротивните играчи без нозе да ги остават, ко сивоњи насилни. |(
     
    На Annath, Monna.Monna и Rozich им се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Не само цицки туку и едно парче кобасица и еден пар задни јабучици. |( Забегаа тотално што е право право, на нашите навивачи им нема рамни ем пристојни ем впечатливи цел балкан ги зборува, нема кој не се воодушевил. :rock:

    Инаку жал ми е за Хрватска, навивав за нив но знаев дека Шпанија ќе победи иако сум најголем лаик за фудбал, но слушајќи колку јака е Шпанија во фудбал, а Хрватска е земја кампањац во спорт како и ние, уште кога го најавија мечот пред некој ден јас реков Хрватска не иде понатаму, како не се кладев да му се невиди ќе си добиев некоја пара. :@
     
  6. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    мхм да поминат Украјна и Франција, воопшто не ги сакам Англичаните, (исто и како италјанците) ми играат безвезно :doh: ..
     
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Потпишувам :bow:

    Коменаторот,ужас спомнав понапред една-единствена шанса имаа Хрватите,се дереше ко стварно јас да треба да го слушнам,до тука до Кисела Вода.А,Шпанија кога даде гол,јас почнав да се радувам и слушам коментаторов ништо не коментира,си реков да не е офсајд,ептен тивок овој.

    Хрватите,особено прво полувреме,не автобус,цел авион имаше пред нивниот гол.

    Германците ми се префорсирани,па кај не ги сакам,уште тоа фалеше.Една од поомразените репрезентации ми се,па и како народ не ги сакам.Почнувам од тоа кога ги искршија нашите ракометари па се до Баерн-Реал.Особено Ноер |(
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Абе ако си зборуваме пристрасно дека сме си фанови на Шпанија или незнам на кој и ја не ги сакам ни ги почитувам нив, ниту пак играта им ја сакам, ама реалноста е друго.
    Не зе за џабе Германците едни од двата фаворити, и колку сакате можете да си збрувате ама ФАКТ над ФАКТОВИТЕ е дека не се префорсирани, тоа зборува „омразата од вас“, а не реалноста.
    И да, далеку се послаби Ирска, инаку немаше со 0 завршат.
    А Германците фино лепо си играа онолку колку што им беше потребно за победа, и пак во најтешката група завршија со максимум поени.
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ќе се провлече пак вака Шпанија и пак ќе си победи |(. Значи незаслужено, иако ме нервираа хрватите ама дека дека беа подоминантни на овој меч. Шпанија не покажа ни И од ИГРА. Нека му бидат сите благодарни на Касиљас што ги спаси и од пораз и испаѓање. Истата приказна и од светското, со пасивна игра, со по едно голче и ОП финале. Разочарана сум ептен од Шпанија и стварно не разбирам зошто ги прават толку голема веле-сила во фудбалот.

    Како прво, каква му е таа тактика нон-стоп без шпиц да играе. Го вади Торес а тој не беше воопшто недостатокот, недостатокот беше средината која никако да направи некоја асална акција и да пушти топка напред. И заслужуваа да ги здрмат во финишот и на Дел Боске убаво да му се обие од глава тоа што игра без напаѓач и со бедна пас игра цел натпревар. Значи можам да кажам дека чиста СРЕЌА е што Шпанија помина. Нека му се заблагодарат на Касиљас за тоа што ја одбрани таа 100 постотна шанса за хрватите.

    И најдобар коментар на натпреварот.

    Да беше Барселона во оваа ситуација ќе и беше судено пенал (кога имаше влечење за дрес во 16-никот :lol:
     
    На MandyLane, BoaVista и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    На хартија беше најтешка групата Б, или т.н "група на смртта", значи ај стварно да ги преценуваме Швабите до толку. Со Португалија не го гледав целосно натпреварот, али колку што памтам околу 75та минута дадоа гол, до тогаш одлично им парираа Португалците; со Холандија водеа 2:0 но во второ полувреме значително опаднаа и гледаа да се одбранат ко Хрвативе особено откако примија гол во 70та минута, кога Холанѓаните имаа шанси фала богу што не ги искористија; вчера со Данска не ги гледав но се извадија на крајот на утакмицата со еден гол кој ги поведе во четврт-финале. Ај сеа Данска ако не првак да ги направиме, многу биле јаки, едвај ги победиле.
    Све у свему, во последна минута голот одлучи за четврт, не се супериорни, и не се најмоќни и недостижни; мислам ниедна репрезентација не е, камоли они. Ете тоа ме нервира, тоа што ги прикажуваат како уау репрезентација, а се извадија за влакно вчера. ;)

    Крај краева, може сеуште претендираат за 2ро место на првенствава. Ако е така, ми одговара. :D
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Лил бе па ако Германија не покажала ништо а што Шпанија покажа? Значи не бидете толку пристрасни, сепак само за репрезентација се работи. Ај да е за клуб па да разберам. Дали Шпанија покажа воопшто некаква игра овој натпревар? Игра што личи за еден европски и светски шампион? Не.

    И напротив, не се германците преценети туку шпанците. Јас ништо од нив атрактивно не видов, ниту сега а ниту пак на светското. А за Германија - Холандија не знам стварно како можете да кажете дека германците биле загрозени нешто на тој натпревар :^). Па холанѓаните не можеше да мрднат, немаа никаква идеа за ништо а вие тука зборувате дека Германија се тресела во финишот. Да, да се тресеше од жал што не дадоа уште 2-3 гола.

    И зошто мешате ракомет со фудбал. Точно, и јас го мразам германскиот ракометен тим ама ова е првенство во ФУДБАЛ. И исто така и клубови мешате. Не е ова Баерн туку Германија. Ако е затоа што не ви се одвратни играчите на Барса што играат во Шпанија (што се помногубројни) посебно Бусќец :puke:.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    И последен пат кажувам и коментирам на тема Германија и нивното „ваѓање„ со еден гол на крај или пред крај, што се запнавте за тоа, па Шпанија гигантов што „не„ е префорсирана абе растур од голови направи и на светското а и сега(поготово вечерва со Хрватска, со голот на крај), не бе ич не се вадеа едвај.
    Е сега пак ќе речам не се ваѓајте со 4:0 со Ирска, мислам Германија една Аргентина со толку ја победи па никому ништо.
    И ќе нагласам дека ако вас не ви се допаќа Германија поради некои си x причини не значи дека не е многу јака репрезентација. Да не мешаме баби и жаби молам.
    Завршив јас со овој муабет.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е душа ми се исполни хехе 8) тешко им беше со Хрватиштава бе мајката, ама ги совладаа и ги совладаа а се плашев 0:0 дека ќе заврши што не и одеше во прилог на Италија, ама затоа ја подгледнував и нејзе и гледам 1:0 и УРААААААААААААА, 2:0 втф?! Ариведерчи тути, како порачано ми дојде Шпанија и Италија понатаму, уфффф е тоа ќе биде игра, а најмило ми е што Хрвативе и голи се соблекоа и не продолжија, трт :lol:

    За Германија што да кажам, а да не ги урочам бре бре... убер алес дефинитивно само вака до крај не верувам дека ќе ме разочараат, засега ги исполнуваат моите очекувања 8)
     
  14. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Бидејќи синоќа не бев во можност сега да кажам нешто за синоќешните натпревари. Натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска не го гледав затоа што беше во исто време со Италија и Ирска. Сеедно ми беше дали понатаму одат Шпанија или Хрватска, а од друга страна пак во споредба со Хрватска тие повеќе заслужуваат влез во четвтфинале затоа што се далеку поквалитетна репрезентација. Но и шпанциве не ги обожувам многу затоа што мислат дека само они знаат да играат фудбал.
    За Италија, што да кажам. Пресреќна сум што влегоа во четвртфинале па се надевам на полуфинале па дури и финале. Супер изиграа, но секогаш може подобро. Многу се израдував за првиот гол ама кога кога Балотели го даде вториот во 90 та минута срцето ми се исполни. :clap: :)
    Италија :inlove:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Па не Блек,прочитај поубаво,реков Германците како народ не ги сакам и не можам да навивам за нив,многу нормално.
    И не реков дека се лоши или нешто слично,туку дека се префорсирани,некој да не гледа ќе мисли и да слуша и да чита тука,ќе мисли дека до сега сите мечеви нивни завршиле 4-0 во нивна корист а не дека до крај не се знаеше дали обезбедиле место во четвртфиналето.
    А,кога станува збор за играчите на Барса,ова е тимска игра и чим играчите на Реал и тие на Барса се прифаќаат,играат заедно,се радуваат заедно,зошто не би ги прифатила и јас ?
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Вечерва е редот на мојот фаворит кој се надевам ќе обезбеди место во осмина-финале,вечерва сакам да гледам брза игра и брзо движење на топката,нешто што во претходните натпревари го немаше.
    Не сакам да ја потценувам Украина бидејќи и тоа како се квалитетна репрезентација.
    Нека има многу шанси нека има многу голови.
    Нека победи Англија !
     
    На MandyLane и Pelikuna им се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Розич океј си е, секој со свое мислење :).

    Ама мислам дека нема врска дали некого сакаш како народ. Еве, јас Шпанија најмногу ја сакам како држава и клубот за кој душа давам е во главниот град на таа држава. Ама репрезентација е нешто сосема друго. И океј, можеби на вас не ви се одвратни овие од Барселона ама на мене ми се, Не можам да ги гледам стварно :puke:. А тоа што играат Реал во тим со нив е затоа што така мораат а инаку не дека сакаат многу. Вие ако можете да ги гледате слободно, јас стварно не ги поднесувам каталонците и од таа причина не навивам за Шпанија а и плус тоа што играат екстремно глупава и досадна игра.
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    И јас го делам мислењето дека Шпанија е преценетета во првенствово.
    Незнам искрено како може да им биде фаворит, јас искрено никогаш не сум ја сметала за нешто екстра добра репрезентација.
    И вчера беа слаби, и со Италија, одвај еден гол им изнудија, а јасно е као ден дека Италија не е таа што беше.
    И вчера со Хрватска сосема бледа игра.
    Денеска ќе биде интересени утакмици, сакам Франција да биде втора во Д за да има пак дуел Италија-Франција. Ги мразам французите, т.е ако тоа може да се нарече Француска репрецентазија-пола Алжир игра во Франција и Омен, Непал и остали африкански држави.
    Несакам да гледам Италија-Англија, несакам.
     
    На m2m2m2 и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Старбакс, ја постираше едната и единствена шанса на Хрватска, добро бе луѓе ја гледавте вчера утакмицата? :D
    И баш напротив, Германците се повеќе форсирани него ли Шпанците па затоа се разочаруваат пошто типувале на 1во, а нели секогаш земаат 2ро место.
    Бранители се на 2 титули Шпанците што да ви кажам, се очекува од нив не знам што сензација и слично, па не знам дали некоја земја имала толку шанси на ова Европско од Шпанија, 90% од ударите на гол во една утакмица каде што игра Шпанија се нивни, ја стварно не знам дали играта вчера на Хрватска треба нешто да се велича и да се каже дека играле сјајно. Ај ќе се одбраниш ете, и пред гол ќе ја рогнат во воздух топката, ама ај што да кажам за шансите, една и единствена шанса за гол па уште таа ако ја реализираа ја ќе се откажев свечено од првенствава. Дај бидете реални, да не ви постирам статистики овде, имаат стварно добри акции па нека и е тактиката на Барселона, во Шпанија играат играчи и од Реал и од Барса и немам збор за тоа, па ај ако не, нека се откаже некој од репрезентативниот дрес оти другиот играл во Реал/Барса, тогаш јас лично нема веќе да навивам за тој тим, срамота е да се каже дека треба да се гледаат ко ривали кога играат за нивната земја.

    Да бидам искрена, омилени ми се Икер, Рамос и Торес од репрезентацијава, другото многу избегнувам да го величам. :wasntme:
    Најомразениот ми играч од Барса овој пат не игра (Пујол) и мене ми е сега раат на душичката, Пике и Рамос се одлични во одбрана, Пике не толку ама имаат соработка не е дека се гледаат накриво. Бускетс не ни го есапам, Иниеста ми е онака, Чави ми се допаѓа како играч па нека е од Барса; јас стварно не ги делам тука играчите кога гледам како играат за земјата. Впрочем, ова е најважно, се додека ова го има јас ќе навивам за Шпанија! :l:





    П.С: Свечено ветувам дека дур не играат Германија - јужен сосед, нема да коментирам за Швабите; моето мислење го кажав, до сега Германија не е ништо поарна од Шпанија за да биде поголем претендент за титулата, ако понатака покажат добра игра - тоа ќе го признаам, дури и да се најдат да играат еден против друг, ќе признаам повторно! Силеџискиот начин на игра, е тоа богами не го признавам ниту пак ќе го сакам. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, starbucks и Rozich им се допаѓа ова.