Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Како завриши натпреварот Хрватска - Шпанија, не се снајдов во постовите? :lol: :wasntme:
     
  2. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Хрватска 0:1 Шпанија.
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Хаха Лил ај постирај посед на топка :lol:.

    Инаку не мислам дека баш буквално се мразат ама факт е дека не се поднесуваат и се ривали. И во Англија и Италија играат играчи од спротивните тимови ама меѓу играчите на Реал и Барса има дека дека поголемо ривалство и нетрпение. Сега да речам се воздржуваат оти на сите им е мило местото во прв тим ама ќе дојде следното Ел Класико и паќ ќе се тепаат и што ли не и од таа причина не сум навикната да ги гледам заедно и не можам да ги баш гледам како целина и репрезентација. А плус не сум ни шпањолка, ни германка па толку да се притресувам и замарам или не знам да припаѓам во несвест ако некој земе титула што се однесува на репрезентациите :).

    Затоа зборам најобјективно, не пристрасно :!:.


    За ова би се согласила, и мене ми се тие омилени. Би го додала и Чаби Алонсо ама факт е дека не е овој тој Алонсо од Реал и повеќе се прилагодува на тие пасови на мал простор. Чави ми е предобар играч ама ми стана некако одвратен, Пике отсекогаш ми бил одвратен и стварно не разбирам што убавина гледате во него :^) како лик од цртан филм. За Пујол и да не зборувам. Иниеста и мене ми е тука-тука ама многу некако лабаво игра, како да се плаши да шутне. За Бусќецот, мене ми е промашена инвестиција, и зошто место него на пример да намали еден везен играч и да го внесе Мата. И Мата го сакам, играч на Челзи, ем наша реалска школа ;).


    Ај толку за шпањолците, се си кажав. Ќе видеме натаму како ќе се покажат ама ова досега е никаква игра за еден шампион.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Абе Блек не дека и јас се потресувам, ама таква сум, борбено си го бранам ставот макар и да е ситница. Извинете ако ви делувам премногу ватрено кога објаснувам нешто, или ставам смајли |( , ама ете таква сум си, што да се прави. :D
    Крај краева, они си играат фудбал, си се дружат, дали се сакаат нешто посебно не знам, ама они земаат и милиони а јас гракам на форум, what a difference. :D

    За вечерва искрено сеедно ми е, нема ни да гледам, и да биде Франција 2ра во група не верувам дека има некакви шанси за понатака, следен дуел ќе и биде со Шпанија, Англија со Украина њамам идеја, може да биде 1:1 уствари не прогнозирам, утната е прогнозата за Европсково.
     
    На Hipster и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Еден од двата гласа таму се мои, баш ме интересира кој е другиот мој истомисленик :D
     

    Прикачени фајлови:

  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    неееее е фер, чистттт гоооооооооол :@ :@ :@ :@
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ОМГ :o
    Слепец судија, слепец.
    Уништувачи на фудбалот се овие судии.
    Зашто не внесат технологија и да се се види на снимка дал е гол? Па не се внесува за големите фудбалски сили т.е. богатите фудбалски репрезентации да можат да ги уништуваат помалите!
    Крајно изреволтирана! :@
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^јас велам за на терен немора, ама кога се работи за гол....нека одлучува снимка, срамота. Убаво рече коментаторот што ќар ќе има Украина што судијата ќе бил казнет
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Многу, значи многу, премногу ми е тешко што отпадна Украина.
    Уште кога видов дека Шева е повреден почнав да се јадосувам, и цело време се молев да дадат гол.
    Потоа тоа одвратното ѓаволче Руни (од секогаш ме нервирал и не сум можела да го поднесам :devil: :devil: ) ја расипа работата, ама Украинците не се предаваа.

    Скокнав после голот, сигурна бев дека е гол, кога :o не го признаа.
    Леле да беше кај нас, мислам цел стадион ќе тргнеше да го тепа судијата :devil: мамето негово продадено, ги местат натпреварите очигледно.

    Потоа сакав да влезе Шевченко, да добие сила и да им докаже, мислам кога влезе солзи ми потекоа од што ми беше мило што цел стадион скандираше Шева, Шева, и малите деца чиј идол е тој, ама ете- немаа и среќа, а и многу ги украдоа. Многу.

    Сега не знам за кого ќе навивам, ме нервира веќе Италија со тоа стално педерско влегување во следните фази а и моите миланези ги нема повеќе, не е веќе тоа тоа, за Касано ли да навивам што никогаш не сум можела да го гледам?
    Го нема ни Дел Пиеро, и сите тие господа во права смисла на зборот кои беа прави играчи.
    Пирло одкако замина во Јувентус не можам да го смислам, така што почнувам да се откажувам полека од нив.

    Не знам, збунета сум, немам зборови да опишам колку ми е криво, се убив од скокање, дерење и од плескање по нозете од бес- барем да ми поминеше бесот, а тој уште повеќе се зголемува.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Ма каква технологија, нема да е така интересно.. кој ќе пцуеме после? :D

    Жал ми е за Украинците, имаа јака игра и беа супериорни во натпреваров. Чистиот гол што не им го признаа можеше да ја однесе утакмицава во целосно друга насока, па да ги видевме и овие дрвцава од Англичани да се потат за топка. Океј, имаше и недосудени офсајди, ама регуларен гол да не се признае е нешто сосема друго. Не ми се верува дека судијата намерно не ја виде топката зошто ко прво влезе со преголема брзина, а како второ па зашто се тие другите судии позади линијата поставени? Што не видоа они? Мора УЕФА да е построга срема судиите, вака ги уништија во целост ем Украинците, а и цело понатамошно првенство.

    Инаку добро е што Англичаните ја избегнаа Шпанија, верувам дека лесно ќе ја пројдат Италија.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нема да ја пројдат :devil: Никогаш не успеваат далеку да стигнат, ла ла ла ла ла!
    Колку ќе ми биде мерак да си отпаднат така убаво да видат како е кога не оди :devil:

    Сега ќе земам ќе навивам за Чешка бе :emo:
    Или за Португалија.
     
    На BoaVista и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  12. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Реално е дека се префорсирани, ама не можам да ги гледам веќе Италијаниве како се извлекуваат и лагано си идат понатака, не можам! :swear:
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас не ја гледав утакмицата само на крај последните минути видов резултат и кога прочитав што сте пишале не се зачудив, еве гледам и по фб пишуваат. Ех, отсекогаш било така, неправди имало и ќе има. Ингланд ај мин хелоу?! Знаете ли вие кај е популаризиран и модернизиран фудбалот?! Преку глава од тој муабет бе. |(

    Туку, Англија нема да ја пројде Италија, но но. Ги имав во топ 5 на финото 4то место за првенствово, ама чим викате така... сеа немаше кој па ај ќе удриме на Украина, а баш ми е жал и ми беше уште кога изгубија од Франција, за Шевченко највеќе секако. Ама тој е докажан веќе и секако му е криво, ама тоа е што да праи, судии кој може да се разбере со нив си знае тој.
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле да сум во Украина, како имаше да му се изнавикам на тој страничниот судија што не го виде голот, леле, леле.
    Се надевам дека и во Украина има како нашите батиња, па да го искршат од ќотек. Заслужува.

    А и вие со оваа анкетата, што е ова, сите што поминаа сте ги ставиле, требало сите репрезентации, а не вака, жими тие од група А што ги нема, да не знаевте кој ќе оди понатаму? |(
     
  15. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Јас ги напишав овие, зошто се фаворити ес ју кен си. Да не требаше Полска да ја ставам? :D
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Captain Terryfic never gives up!



    Тоа е Тери ! Капитениште роден лидер . За голот шта речи карма ис а бич ! ;)
     

    Прикачени фајлови:

  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.761
    Допаѓања:
    25.012
    Пол:
    Женски
    Што не беше фер спрема Украина,не беше, ама сум видела и поголеми неправди у фудбал...
    Тоа е што е.
    У случајов конкретно, јас сум пресреќна за Англија,нормално,без разлика на глупостите од судиите.
    Ма да секако, да беше оштетена Англија на ваков начин ќе вриев од нервоза, но не за џабе сите си имаме фаворити, и одредени ситуации на некого одговараат на некого не.

    Така да...
    ENGLAND! :l:
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Tребало сите, или сега да се додадат другите 2.
    И како ти ги напиша кога не си модератор?
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е тоа е тоа, чист поништен гол за Украина. Ептен голема неправда. Што се однесуваше до мене сакав да пројдат Украина и Англија. Поарно таа комбинација отколку глупите французи :@, ама тоа беше невозможно за жал.

    Колку и да ми е жал за Украина сепак за Англија ми е мило најмногу ради Тери, другите не ги перципирам многу многу. Ама сакам да тепат против италијаните, значи ич не ги сакам. И некој понапред спомна за Италија, сосема се согласувам. Најдосаден фудбал играат |-).
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Ги пратив по ЛП на модератор. Ако до толку ти смета напиши ги и нека се стават тие од 1/4.