1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Чаби :clap: :clap:
    Даде една убава завршница на мечот,2-0 за нас! :clap:


    Ептен сум се израдувала,газат Шпанциве еј :)
    Се надевам пак ќе ја видиме оваа слика
    [​IMG] ^_^ ^_^

    Шампиони!
     
    На LilBaby и Marbella им се допаѓа ова.
  2. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Бравооооо Шпанија :party: :party: :party:
    хехе ми тргна со прогнозите :)
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Во полуфинале Португалија - Шпанија.
    Кристиано, Пепе и Коентрао vs Икер, Серхио, Чаби, Арбелоа и Албиол

    Ќе биде јако.


    [​IMG]
     
    На LilBaby и esperanca им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    po moe mislam deka spanija ke pobedi :)
     
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    заборавив, тешко дека фановите на роналдо ќе можат да го фалат на следниот натпревар :lol:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јееееее!! Шпанијаааа!!!
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Алонсо бре, човече, бравоо !!! :party:
    Честито на сите навивачи на Шпанската репрезентација!
    Adelante España hasta еl final :l: :l: :l: :l: :l: :l: !
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам со швабите во финале,да им бутнеме неколку голчиња и да видат кој е uber alles :evil:
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    А, не. Не знам тогаш за кој би навивала.
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја не глеав Шпанија морав да идам на турнир да глеам фудбал, ама слушам 2:0 Чаби Алонсо, а? Конечно бе еј, конечно мадристите да се истакнат во репрезентација, а инаку не знам како се вклопуваат во таа игра на Барса не се зезам, сигурно не им е лесно :) Честитки, очекувано!
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Дали само мене Шпанија годинава ми го игра најдосадниот фудбал на првенството :?:
    Ја држат топката, немаат поконкретни шанси, ме успаа на пола утакмица искрено.
    Па една Хрватска покажа 10 пати поубава игра од Шпанија.
    Али вака - така си минуваат шпанците. Исто како минатата година :)

    Французиве дрва на овој натпревар. Па и гејците мислам дека поголем отпор ќе дадеа на Шпанија. Овие ептен изгубени, без идеи.

    Се на се досаден натпревар. Респект за првиот гол на Чаби Алонсо, за неколкуте добри интервенции на Икер и пожртвуваноста на Педро. Другото се беше :x
     
    На m2m2m2, JuLleE, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јуле за Италија сум од тој меч. А да, Германија мора да освои. И Шпанија да освои нема да ми е толку криво, само да не е некој аутсајдер.

    А за играта на Шпанија да беше тактиката на Мурињо немаше да е досадна, нели? Мене не ми е досадна нивната игра, а за тие што им е досадна: абе вака-така стигаат до крајот? - Стигаат. Освојуваат? - Освојуваат.
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    И после Мадридистите едвај се вклопувале во играта на барса. Ма даај. |(
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Никој тоа не го рече, бар јас така не прочитав :^) ? добро не е битно, според мене и те како добро си се надополнуваат сите играчи во шпанската репрезентација, и среќна сум кога ќе ги видам играчите на Барса и Реал кај шо се гушкаат по утакмица!
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Пишува, пишува на претходната страна.

    Досега 2 влегоа, така? Утре меѓу Ангија-Италија и четвртиот кој е? :?: Не сум баш во тек чат-пат следам малку.
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Плавушке па Дел Боске најголем дел од својата тренерска кариера ја помина во Мадрид како тренер на Реал, ако целиш на тоа кога го споменуваш Мурињо ;)

    Викаш ,,абе вака-така стигаат до крајот? - Стигаат. Освојуваат? - Освојуваат.,,. Па и Челзи вака -така стигнуваше до финале ама тогаш бевте гласни поборници дека тоа не било фудбал дрн, дрн.

    Реално Шпанија досега се покажа како просечна екипа. Далеку од она што ја најавуваа и што се очекуваше. Па цело првенство играат без напаѓач и ја мачат топката на средина на терен.
     
  17. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    И јас исто.
    Мило ми е што функционираат заедно убаво,што си се вклопуваат а најубаво ми е на крај кога ќе си се гушнат,ептен ми се мили :)
     
    На LilBaby и starbucks им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ехх сега ја мачат топката викаш... таква е тактиката, не е на долги подавања од крај до крај, а и поарно. Се туткаат, се пустат, се гужваат сите на едно место, може нема луди шутеви како тој на Рамос да речеме накај вселената или од гол до гол, ама па и не треба така да се ризикува сепак целат високо, што е сигурно - сигурно е, а и пак далеку ќе стигнат.
     
    На crtanfilm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Досега три репрезентации влегоа: Португалија, Германија и Шпанија, и утре се чека помеѓу Англија-Италија четвртиот полуфиналист.
    едното полуфинале е помеѓу Португалија-Шпанија
    а Германците утре вечер ќе си го дознаат противникот :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    А да и Германија. Знаев за Португалија и Шпанија, ма не ми текна на Дојчланд. Нека ја имаат Италија за противник, нејќам ги АНгличаните.
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.