Хаха не сум нормална ејј, како погодив мака ми е шо не уплатив.... сеа ќе расчепкам какви коефициенти имало за мојава проценка! И пак ќе се навратам на нешто шо сум кажала: И сеуште си стојам на моето!
Ауфффф баш ми е мило! Ночерино гордост моја убаво голче даде. Италија е потежок противник од Англија за нас, ама ќе ги тепаме во полуфиналето нормално, бар поинтересно ќе биде така. И после Шпанија ќе ја тепаме во финале и aufwiedersehen. Deutschland uber alles! п.с. Јуле за Италија бев и тоа многу, а тепаа, глеаш дека не е до тоа?
Воздржете од коментари дека Италија ќе го јаде од Швабите, ќе ве молам . Па полуфинале е, и сите тимови што се овде се подеднакво добри и секој од нив може да игра во финале. Германија и на светското сите ја гледаа во финале, па на крај заврши на терто место. Така да си знаете .
Буфон цар. A Пирло THE BOSS. Каков пенал значи не ми се верува, пенал шут ко за на тренинг. Без грам нерешителност, цврт став, шут кој го сврте правецот и влета во голот додека цел стадион и милион гледачи не дишеа мислејки дека промаши. А он само си се насмевна. Шефовски бре, алал му вера! Ако некој не залужи полуфинале тоа беше Англија, ќе си пукнев од мака ако победија. Вака се диши, манекенчињата одат во полуфинале. Тука ќе е тешко, ама не и невозможно. Денес посебно прво полувреме покажаа одлична игра, за жал досадниве англичани го направија второто полувреме и продолженијата досадни, убија со нивната монотона игра. FORZA ITALIA!!!!
Искрено непоштено беше, ја сакам Шпанија, мило ми беше што освои, али тоа поминување беше непоштено. А Италија? Мислам се најдобро јака репрезентација, али ни во првите 3 не беше ако така праиме муабет Се надевам оваа година ќе биде заслужено 3 место
Честитки до фановите на Италија Бевте далеку подобри на психолошка основа како и на целосна брзина на теренот,заморот кај Англија се виде уште во 60та минута. Не сакав да има пенали бидејќи тоа е најлошиот момент што може да одлучува. Среќно против Германија ! ( и се знае Англија во срце )
Ај да се воздржиме од коментари дека Италија ќе биде победена од Германија, добро. Германија беше 3то на светското, а Италија кај беше?
Јас ќе се воздржам од предвидувања, сите се јаки екипи, ама како што рековте не и непобедливи, еден секако мора да победи, кој ќе биде среќникот ќе видиме, се е можно. Германците победиле-непобедиле, јас сум навивала веќе неколку првенства за нив, некаде од светското 1998 мислам, па и понатаму ќе продолжам. Инаку некој погоре спомна за враќање на Шпанија, имаме за враќање и на Италија :geek: кога во последните 4 мин ни дадоа 2 гола, полуфиналето 2006 на светско ако не се лажам
Не ми е толку криво што изгубија Англија, победиле-изгубиле јас пак си ги сакам.. Туку Италија ми е најомразена земја и у случајов репрезентација и криво ми е што изгубија баш од нив. Али ај, небитно. Сега, ќе продолжам да гледам само ради Германија, не дека ќе навивам за нив, туку се стварно јаки, и нема со нив досадна утакмица. Бар ќе биде занимливо.
Ве молам без фаворизирање на Германија и тука,јас мислам дека премногу се форсира. А Италија премногу се потцени општо. Имаат еден од најкомплетните тимови,комбинација на нападот на Милан плус одбраната на Јувентус,тим кој што брои само еден пораз во последната сезона,плус разулавениот Балотели,што реално гледано пропушти многу шанси денеска,но е сепак одличен играч. Јас сакам финале Италија - Шпанија,единствена причина што не ја сакам Германија во финале е тоа што ако тепаат,Швајнштајгер ќе мора пред мои очи да ја бакнува девојка му,гад гадосан грд. Што видела у него?!
Аххх типов само ако е во право ќе го барам по светов и ќе го бакнам кај што не треба http://www.fakulteti.mk/news/12-06-25/f ... nozer.aspx
A кога Италија беше прва на светско во 2006 Германија кај беше? Се задоволи со трето место. Ахххххх, умрев во поселдните минути, не сакав да гледам одткако утна мрсулкото Montolivo ќе умрев. И неќам да чујам коментар лош за Марио Балотели, алал да му е со само 21 година а таков потенцијал. ЈАс се смеев на почетокот дека е чисто крвен италијанец-не, ама детево е ѕверче. За Пирле немам ништо да кажам легенда е наша Миланска иаку не шитна на крај. Јас си викав овој Брилијанти што го стаи,ама екстра изигра браво мајсторе Реално Италија беше каде каде подобра овој натрепвар, убаво си кажа коменторов па и Панчев, Англија после прво полувреме се повлече во дупка и нигде ги немаше-ѕид силен и ништо повеќе. Срце ми застана за голот во офсајд касно го видов, мислев се спасивме конечно 2 ипол саати срцево во лешник ми беше. И ве молам без потценување на Италија небаре за некоја третокласна репрезенатација се работи, повеќе ги поштувам тие што поштено си навиваат за Англија и Франција него новопечениве навивачи за Шпанија и Германија. Италија отсекогаш била светска сила, и да ја потцените неа исто како да кажете дека Бразил не ги бива за фудбал, иаку и они на претходново светско не постигнаа некој резултат. FORZA GRANDE ITALIA Спојлер П.с Колку се смеев на сликава
^Па Јуле спомна за светкото, па да ја потсетиме хехе. А инаку никој не ја оспорува Италија и нејзините достигнувања нема што, еве и јас вечерва бев за нив, АМА фактот е дека Германија е појака, една од двете најфаворизирани и за мене најјака на Европсково и било каде во моментов. Не може едни исти да бидат јаки секогаш. А ако праиме така муабет, Грција најјака да не беше 2004тата? Еееее ај да не се навраќаме на историјата до толку.
Никад нема да му простам што не шитна за јуве , ама ... (И не може 10 утакмици да се победуваат на среќа )
Ќе ве молам воздржете се од коментари за Јувентус. Освен тоа,голем процент од тимот се играчи на Јуве,така да навикнете се.
Овде нема Милан, нема Јуве, нема Интер, нема други тимови. Овде има само И Т А Л И Ј А!!!! Ама озбилно у пичку материн нека идат, ќе умрев, душа ќе испуштев, 500 на саат ми работеше срцето. Имам еден другар кој што вели дека Италијанците и Бразилците без оглед на тоа што ќе направат и кој успех ќе го постигнат, секогаш во клучни натпревари играат фудбал одичен за очи. Комплетно се согласувам. Како сум навивала не сте свесни Озбилно, мора да намалам, ќе ме удри срце некој ден.