Ах оваа глетка беше единствена, нема да се повтори, не за друго туку за играчите од тоа време, за поединци. НО, се надеваме на нешто многу слично.
Ауу Швајни ако е грд . Сепак до вкус е работа ама мене ми е еден од поубавите фудбалери и баш е секси, и завидувам на женска му. Иако ме боли уште тој пеналот што го погоди против Реал ама ајде му опростив некако . Туку да си кажам јас дека ич не ми е драго што Италија помина. Можеби заслужија ама вака како репрезентација ич не ги сакам и сакав англичаните да победат повеќе. Италијанците имаа повеќе шанси ама исто така и едно големо браво за одбраната на Англија. Тери три-четири пати спаси чист гол, Харт исто бранеше одлично. Не би рекла дека баш незаслужено би било ако поминеа, сепак и дефанзивата е на некој начин фудбал . Ама ете, Италија имаше среќа во пенал рулетот. Ама кој и да беше ќе беа пациенти на Германија. И не е воопшто преценувана Германија туку се гледа од тоа што го играат. Факт е дека Германија иако е млада репрезентација и до пред некои три години односно на светското никој не очекуваше од нив дека ќе се покажат со тие млади фудбалери а тие блеснаа во полн сјај. Едноставно такви се, брзи, борбени, си имаат свој препознатлив стил на игра и мислам дека во моментов никој не може да им парира. Не е тоа преценување туку чиста реалност. А секако дека не се знае, може и изненадување да се случи ама сепак мислам дека Италија ја нема едноставно таа сила да им се спротистави на германците. Едит: А кажав мене најмалку ме интересира кој е фаворит. Дури и ме нервира кога се пумпаат некои репрезентации само поради името. Иако не сум страствен или некој си лојален навивач на репрезентација како што си го сакам и живеам за Реал ама НАЈРЕАЛНО Германија има најубава игра. Значи, ја гледам играта и начинот на кој се борат а не некој што напишал Доичланд убер алес и сега као демек многу е јако тоа да се пише па ајде и јас за Германија . Јас си ја Германија симпатизирам уште од светското. Кога сите зборуваа само за Англија, Шпанија, Бразил и сите други што имаат големо име во фудбалот. Имаат убава игра, одлични млади и борбени играчи, не гледам уште еднаш ќе кажам според која логика ги преценуваат? . Ама најпосле нека победи оној кој најмногу заслужува, јас сум најмногу за тоа.
Oваа година ќе ја имаме оваа глетка повторно Иначе нашиве јужни соседи се па-па Шо и напраиле на Меркел, треба да се застрамат! Спојлер Четвртфиналниот дуел меѓу Германија и Грција донесе многу пожестока војна во медиумите, отколку на теренот. Сепак, Грците се чини уште еднаш ја претераа! На денот на четвртфиналниот меч од Еуро 2012 помеѓу Германија и Грција, германскиот Билд на својата насловна стави: „Збогум Грција! Денес не можеме да те спасиме!“, а грчкиот весник Димократиа отиде чекор подалеку и на својата насловна стави фотомонтажа од германската канцеларка Ангела Меркел во нацистичка униформа. Покрај фотографијата на Меркел стоеше натпис Arbeit macht frei! (Работата ве прави слободни) што беше главен слоган на нацистичките концентрациони логори. Таквото издание на грчкиот весник предизвика бес кај многумина, а особено кај Израелците. Израелскиот амбасадор во Германија го нарече потегот на грчкиот весник „најлош во историјата на човештвото“. Инаку, Германија на терен го доби мечот со 4:2, а германската канцеларка будно ја следеше средбата и прославуваше на секој гол. Исто така, таа најави и дека ќе го следи финалето во Киев, се разбира доколку Германија се пласира. Психопати!
Јас на Пирло му простив веднаш по изведувањето на пеналот . Уф, маестрален беше, не видов кога топката влезе, онака лежерно, баш како на тренинг. Мајстор, абре миланска школа, до лани росоњер беше . Се шалам, јас си ја сакам Италија сеедно дали играат Миланезите . За Буфон си кажав, цар е бре, а е и најдобриот голман во светот. Кога видов пенали знаев дека Италија ќе продолжи, сепак Италија си го има Буфон. За навивањето да не зборам, гледавме со дечко ми кај него дома, па од скокање ги разбудив неговите, луѓето помислиле дека на спортска сме фатиле . Каква спортска, јас синоќа ќе пукнев. Нејќам пенали бре, лоши ми се по здравјето . Спаркс јас и ти страшна коминација ќе сме. Замисли не на Сан Сиро, на натпревар помеѓу Милан и Интер или Јуве . А повикани се и останатите Росоњери/ки . Или сите фанови на Аѕурите, на натпревар во кој игра Италија . Кој ќе преживее, ќе раскажува . Туку синоќа се присетив и на Италија, во времето кога во тимот беа Баџо, Дел Пјеро, Тоти, Малдини... Се сеќавате нели ?. Италија секогаш е имала тим од искусни и врвни фудбалери, легенди!
Ееееее.... ми се чини дека најдобрите беа во времето на Дел Пјеро, Тоти, Малдини, Канаваро... Сега само Пирло остана од таа постава... и не му се лутете што премина во Јуве де... повеќе ќе болеше да заминеше во некој друг тим, на пример Реал, Барса, ти реков ми рече... Како и да е, се сложувам со коментарот на Спаркс дека Италија во клучни моменти знае да прикаже одлична игра. Јас сум сигурна дека ќе ги гледаме во финале, ама ај, да не ги разочарам навивачите на Германија
Сосема заслужена победа на Италија За разлика од англичаните покажаа многу подобра игра. Синоќа Буфон кога одбрани започна моето славење на победата. Скокав од радост и се уште ме држи таа еуфорија. Сега на ред се германците. По моја проценка Шпанија-Италија ќе играат финале. Се надевам дека ќе се повтори 2006
Вчерашниот натпревар беше еден од подобрите и поинтересните иако не паднаа голови. Италија ја заслужи победата и стварно ќе беше неправедно ако Англија победеше во пенал рулетот... Пирло - Респект!!! http://www.youtube.com/watch?v=NHrw1WgKq30 Тоа го можат само големи играчи навистина. Се надевам ќе се повтори добрата игра и со Германија па да славиме уште еднаш
Вистина ќе биде ко преживи причаче Не, јас сум мирно, паметно девојче, никогаш не употребувам пцовки, секогаш размислувам 2 пати пред да кажам нешто........Дури не гледам фудбал. Штом почнав да гледам фудбал се трансформирам во кочијаш, не знам од каде излегува тоа од мене, бетар од маж сум Вистина не знам од каде иде тоа кочијашкото во мене, али сум за никаде дури навивам. Тешко на тие околу мене Ние што навиваме за Италија сите сме постари навивачи, мислам не во години, туку веќе долго време навиваме за Италија, можам да замислам што би се случило да гледаме следен натпревар заедно. Ќе биде небаре бомба кашикара паднала
Аууу... не збори за навивање... фудбал гледам од мои 10 години Спојлер (а сега ќе полнам 32) , и од сам старт сум за Јуве и за Италија. И секогаш, ама секогаш, секој можен натпревар што го гледам, и јас сум бетер од машко, мажот ми ми се чуди од каде во мене таква страст, оти тој баш и не е нешто многу по спортовите, освен што редовно ги следи шампионатите.
Па јас затоа кога играат Милан и Италија во домашна атмосфера ги следам натпреварите. Не би сакала да лудувам во полн кафиќ . А и јас, никогаш не пцујам, ама кога гледам фудбал од мене треба да бегаш. И дечко ми синоќа мораше да навива Буфон да брани, оти тешко него .
Баш ми е мило што помина Италија Сосема заслужено, заслужија да победат уште во регуларно време, ама ај вака на пенали поинтересно за нас неутралните. А плус па и какви мајстории видовме при изведувањето на пеналите, секоја чест Обично на првенствата не сум страствен навивач на ниедна репрезентација, ама од досега прикажаното мои фаворити се Португалија и Италија. Сматам дека Италија е премногу потценета, а баш мислам дека е единствена репрезентација која може да се спротивстави и да ја победи Германија, па и Шпанија(мада мене шпанците ништо посебно не ме импресионираа на првенството, ама ај нели ги водат ко фаворити).
Хахахахахха готовооо ! неможам појќе леле ме изнасмеја м2м2м2 хаххахаха неможам појќе! хахахахахахахахахаххахахахахахахахахаахххахахах а
Едно финале меѓу Италија и Шпанија би сакала да гледам . . . многу! Вчера бев неутрална, и сакав да гледам единствено добри акции, да се игра прав фудбал па и го добивме тоа. Стварно немав фаворит вчера, но реално Англичаните заслужија да си ги спакуваат куферите и назад ту Ингланд да си појдат. Дури мислев подобро ќе беше уопште да не учествуваат во пенал рулетот, ме пресмеа Калински кога набројуваше дека секоја 2ра година губат од пенали, и уште не научија да ги шутираат. Јонг бе човече го стави да шутира, па Волкот де? Пирло, ах Пирло класа е човекот. Има некои легенди што сеуште живеат, магијата сеуште ја носат па и да наполнат 40 години. Буфон и Пирло се доказ за тоа. Англичаниве одамна престанаа да бидат фаворити.
Не знам што е толкава фама околу Италија, кога, јес да играа поинтензивно него Англија вчера, но ако беа тооолку јаки зошто победија дури на пенали, а во текот на утакмицата,плус две продолженија по 15 минути не успеаја да дадат ниту еден гол? Со оглед на тоа што одбраната на само "eдна" Англија беше премногу за нив да победат, не ги гледам далеку.
Иако Англичаните ги сакам повеќе, факт е дека Италијаните имаа подобра игра. Имаа поголем посед на топката, повеќе шутови кон гол и се пробиваа лесно. Англија имаше многу дупки во одбраната а наполно се изгубија во продолженијата. Концентрацијата им опадна, Руни беше катастрофа, а ни од Јанг не видовме ништо. Но не, не заслужија комплетно. Ако беа толку добри, толку ГРАНДЕ, ќе си постигнеа гол во регуларното време. Никогаш не сум го сакала пенал-рулетот, зошто тука се гледа само подготвеноста и концентрацијата на поединецот и голманот, а не на екипата како целина. Браво за Пирло, само голем играч може да изведе таков пенал. Абе Харт, што гледаше на youtube жити мене?! На, еве ти линк: http://www.youtube.com/watch?v=u3uAurHN ... _embedded#!
Ма дај, што зборите бре луѓе? Италија не ја заслужила победата зошто не дала гол во регуларно време? Па дали ја гледавте утакмицата? Италијаните тотално ги надиграа англичаните, во џеб ги пикнаа. Доминираа цели 120 минути! Штета и неправда ќе беше ако Англија влезеше во полуфинале по онаквата очајна игра. Да, пеналите се лотарија, ама да беше натпреварот изедначен, да беа репрезентациите еднакво добри или барем нијанси да одлучуваа, ај некако да кажеш дека не било потполно заслужено. Ама вака? Сосема заслужена победа на Италија.