Реков од кои причини не ги сакам пеналите. И мислам дека време да се престане да се идеализира Италија само поради тоа што беше една од најголемите во фудбалот некогаш. Не дека сега не е, ама во многу побледа форма.
Никој не ја идеализира Италија. Баш напротив, Италија е една од попотценуваните репрезентации на првенството. Јас на ниедно првенство до сега не сум навивала за Италијаните, ама годинава заедно со Португалците ми се главни фаворити. И не зашто Италија е Италија и има фудбалска историја и трофеи, туку зашто што заслужено си минува и си победува. Ми играат фудбал убав за око. И така од нефаворит Италија си станува фаворит за освојување на титула, барем кај неутралните. И мислам дека срамота е после прикажаната игра на првенството Италија сеуште да ја катрактеризираат како дефанзивна репрезентација, зошто 10 пати поофанзивен фудбал играа од Шпанците, Англичаните и Французите заедно
Баш нападот е најслабиот дел во нивната игра. Од сите тие само Ди Натале вреди. Се гледа дека сакаат на Европското да покажат некоја промена, а без вистински голгетер се. Прандели треба да го стегне малце оној Балотели, инаку нека го враќа во Гана одма.
хахах Зарах , да знаеш не сум го гледала видеото кога Пинто го одбранил пеналот на Пирло, хаха се скапав од смеење ко на мајтап да шутираше, до душа сличен со тој на Харт ... хаха Едит: на 00:30 Меси им се скапа од смеење хахаха Неможам да издржам 2 дена без фудбал, шо ќе прам остатоков од летово, дур да дојт Олимпијадата
Јас не реков дека Италија не ја заслужи победата,признав дека играа поинтензивно од Англија да, НО и на толку добра игра, пак не успеаја да ја надиграат одбраната на Англија. Баш поради тоа мене не ме имресионираа којзнае колку.
И јас се согласувам со МендиЛејн. Стварно Италија ја направивте некоја си богзнае каква репрезентација. Океј, можеби доминирале цел меч, имале многу шанси но зошто не успеаа да дадат гол? Ако Италија била толку јака а Англија ептен слаба (се согласувам дека Англија немаше никаков напад или многу шанси за гол ама затоа одбрана ) ќе им дадеа минимум 2 гола. На крај сепак се рачунат головите. И кога играа Челзи и Барса Барса постојано напаѓаа па сепак Челзи победи. Можеби слична беше и тактиката на Англија ама со таа разлика што на Англија не и функционираше тој среден ред и нападот па да дадат гол од контра евентуално. За пеналите тоа е чиста среќа. Пирло погодил, секоја му чест ама мислам дека сепак среќата е побитниот фактор во изведувањето на пенали. Англија мене не ми е една од омилените репрезентации, далеку од тоа. Ама сепак се бранеше одлично цели 120 минути. А Италија? Ќе видеме што ќе направи со Германија ама сепак си останувам на моето дека нема да имаат некои шанси. Штом со Англија не дадоа гол цел натпревар, Германија ги решава за 5 минути .
...Германија ги решава за 5 минути . Па нормално, газат Германциве бе!! Леле значи ова европско ми е најголем пропуст, дали 3 утакмици ги имам изгледано и тоа само Германците. Ама финалето ке го гледам, мора Германија да стигне до финале!
Eпа да пратеше убаво ќе знаеше дека Балотели е на некој начин посвоен од дете од италијански пар, и си живеел цел живот во Италија и се има родено во Италија, не е натурализиран сега, туку баш може да се каже дека има доста попримено од Италјанците. Многу е нервозен само, аграсивен понекад, не седи мирен, ама 21 година има, постар е од мен месец дена. Има време да се искалеми, иаку и сега покажа добар потенцијал, без разлика на грешките. И не мислам дека немаат напад Италијанците, тие сите шутеви за гол што беа, одбрана да не беа. Уште во првите минути имаа убава шанса, ама малер статива беше. Цело време напаѓаа, цело време, али Англичаниве баш се свија во клопче, што јас искрено не очекував. Да резимирам, супер се Италија, а мислам дека сите ги потценија и се трудат од петни жили да ги декласираат дека еден добар дел од играчите кои ја правеја Италија веле сила веќе не играат-Касано, Инзаги, Тоти, Неста, Дедо Перо, Лука Тони, Матераци. И мене ми криво, ама не е тоа причина да не наививам за нив. Брилиjанти(Дијаманти) е добар, ми се свија, Балототели исто има потенцијал голем, верувам ќе се најдат нови млади сили достојна замена за стариве волци. А Џиџи нека се држи, според мене има уште барем неколку добри години пред него, не ми изгледа преморен. Утрешната утакмица Шпанија - Португалија се надевам дека ќе биде интересна, и навивам за Португалија. И што се напнавте тооолку за Шпанците и Германите, навивате ли за нив пред повеќе од 4 години и повеќе, посебно за Шпанциве кога беа малку над просекот, или сега откако се усреќија со светско и европско титула наеднаш станаа непобедливи?
Хипстерке абе секој си ја подржува онаа репрезентација што сака . Мене можеби Германија ми игра најубав фудбал и затоа ги подржувам. Не знам зошто мислете дека повеќето ја подржуваме Германија затоа што била фаворит . Што ме најпосле мене гајле кој се смета за фаворит, па и холанѓаните беа фаворити па си спакуваа куферите уште во групната фаза. И не ги подржувам германците од пред четири години, најискрено на светското најмногу ја забележав и ми се допадна нивната игра. Сепак уште по 50 пати ќе споменам не сум страстен навивач кога се работи за репрезентација туку зборам од она што го гледам. А многу фанови на Шпанија се појавија дури откако освои ЕП и СП, тоа е факт. Според мене малку е преценета фуријата ама најпосле тоа е. Само не знам што толку видовме од Шпанија освен досаден фудбал ама најпосле они играат на таа карта дека резултатот е најважен и целта ги оправдува средставата. Со таква пас игра никој не може да им се спротистави и затоа Шпанија оди понатаму, не играат атрактивен фудбал а сепак поминуваат. Тоа е. Добра тактика и се ама никаква игра, сепак фудбалот е и за да се ужива во него. И да уште ова мора да го додадам. Зарем мора да навиваш богзнае од кога за некоја репрезентација? Зарем не може само да си објективен подржувач на првенствата. Најпосле не знам зошто толку би требало страствено да бодрам некоја репрезентација, не сум јас ниту германка, ниту италијанка, ниту нешто друго. И мене ме нервираат некои што ја тупат со Шпанија само затоа што се шампиони. Ама искрено, ова е само забава . Нема потреба толку да се притресуваме јас мислам. Па нема за Реал живци да ми останат .
Браво за последниот дел од постот, некои вчера почнале да гледаат фудбал и солат памет тука се прават големи фанови, или пак на секое првенство си го менуваат тимот согласно кој е на врвот Ако не го добие Шпанија ова европско ќе ги видиш на светското се тепаат за тој што сега ќе победи Абе да не речам исти ко патриотиве наши што се утепаа во Грција од плажирање Абе смешки смешкосани
Не не, Лебетче да се разбереме, јас немам ништо против тоа секој да си го подржува тимот што му се свија, од било кои причини, и независно од тоа дали се работи за Узбекистан итн, и не мислам дека сега сите треба оп за Италија да навиваат. Само ме испровоцираа неколку коментари, дека Италја не заслужила победа, дека нема добра игра, и дека не заслужува да биде таму каде што е. И немам намера никој да предомислам ниту да наговорам да навива за некоја репрезенатација не ми беше тоа намерата. Само кажав дека ме нервираат тие периодични навивачи, кога некој е на врвот навиваат а кога не е зборат само глупости и без факти работи колку да се каже нешто. НЕ сум екперт, далеку од тоа, ама Италијанциве ги пратам, и воопшто серија А одсекогаш ми била омилена, и мојот омилен клуб Милан. Мене општо Италија им е прекрасна земја и ја сакам, ама тоа нема врска со ова. МИ се свија играта, одсекогаш ми се свијала, и покрај грешките,лапсузите и незначајните резултати на првеснтвава последните 4 години, си навивам за нив. Да, точно е дека не постигнаа ништо посебно на последното светско, ама тоа не е причина за да исфрлат од фаворити и добри фудбалски репрезенатации. Toa што ме нервира е ценењето само на моменталната ситуација, и моменталната игра, без мала ретроспектива на настаните во последниве години. Тоа е сега исто како некој да ми каже дека Бразил не го бива дека не се покажа на првенствово е дека немаат квалитетен фудбал. Шпанија моментално се бранители на титулата Европски шампион, ама според мене треба уште многу натпревари да добијат и титули за да покажат дека се број 1 во Европа и во светот. Германците не раков никогаш дека се слаби, и самата реков дека ја чека Италија прав натревар и права игра, и не ги поценив за момент, ама не значи тоа дека се непобедливи и дека немаат шанси Италија против нив. Статиситички од претходните натпревари кои не ги имале многу, последните два им биле нерешени. Ќе речам само еве им шанса да си ги измерат силите, и нека победи подобриот(Италија )
Ренде не направивте нас навивачите на Шпанија и навивачите на Германија Испадна дека ако навиваш за Италија или Англија ти си прав навивач,а ако навиваш за Шпанија,дека ги сакаш ради тоа што победуваат.. Прво ја сакам Шпанија како своја,како Македонија.Второ,сега за мене не постои Реал Мадрид,Барса,тоа може во Примера Дивисион,во тек на сезона,сега е само Шпанија како репрезентација. Икер,мојот омилен спортист,ја има капитенската титула,не знам уште која причина да ви ја наведам за да процените дали јас навистина ја сакам шпанската репрезентација или навивам заради тоа што се фаворити,дека се светски првиаци или слично
Океј е, се разбравме . Најпосле ти навиваш за Италија и нормално дека ќе ти пречат такви коментари. Според мене далеку од тоа дека Италија не заслужи победа, ама кажав дека и Англија да победеше немаше да биде баш незаслужено затоа што 120 минути одолеаа на сите напади на Италија. А пак уште толку не се согласувам дека Италија не заслужила да биде овде, сите што победиле со ваква или онаква тактика и игра заслужиле да бидат во полуфинале. Едино е незаслужено кога со судии ќе поминеш. А периодични навивачи е имало и ќе има. Како во клубските натпреварувања, така и во првенствата. Но мене искрено никогаш не ме занима кој има најмногу титули или кој освоил минатата година. Јас на пример за Реал навивам и кога Барса им ги земаше титулите и кога ги дробеше со 5-0. Ова само некој си пример . А Розич не се ставајте сите во ист кош . Ти можеби навистина ја сакаш шпанската репрезентација ама факт е дека многу, многу "навивачи" никнаа откако победија на СП. Па се сеќавам цел Фејсбук ми беше со статуси за Шпанија а за некој знам дека воопшто и не пратат фудбал. За првенството најреално зборам, според мене Германија има најдобра игра и сеуште стојам позади тоа. Најпосле ќе видиме што ќе се случи, секогаш е можно изненадување. Ама мојот став е дека Италија нема да може против Германија. Но на крај нека победи подобриот битно добар фудбал да гледаме. Ај поздрав .
Утре нема фудбал, Шпанија-Португалија играат среда, а Германија-Италија во четврток.. Иначе стварно, има такви кои за Шпанија навиваат од пред 4 години, ама има и такви кои многу подолго време ја следат, како на пример јас едно десеттина години навивам за Барса и така ја засакав и Шпанија бидејќи многу играчи на Барса играат во репрезентацијата, и кога они играат исто како Македонија да игра, ептен ги сакам! И кога игра репрезентацијата не ги делам како демек овие се од Реал или од Валенсија па ги мразам, репрезентацијата е целина, се игра за државата а не за клубот! А тие што почнале да навиваат само заради победите и нешто да покажат дека се разбираат воопшто не ги оправдувам и сметам дека тие личности се оние што се претопуваат во масата, и не разбираат ништо а сакат да се направат како тие се да знаат , ама добро неможеш некому да му забраниш нешто да прави, можеби еден ден стварно ќе ја сакаат Шпанската репрезентација исто како што ја сакаме ние и кога губеле и сега кога победуваат. España !!!
Не ми е во план да раскажувам биографија на Балотели, може ме сфати погрешно а инаку знам од каде е. Италијаните никогаш не сум ги сакала, според мене играат најдосаден фудбал ама нема потреба сите да рипате, па уште испаѓа сите што не ги сакаат де факто не се разбираат од фудбал. Абе ајде?! Што ако доминираат, што ако имаат повеќе шанси, океј може некој се задоволува со тоа сепак се работи за квалитет, ама УЕФА не гледаат кој имал поголема игра. На крај головите се важат. That was my point. Ако на толку слабата Англија не успеаа да и дадат ниту еден гол, што ќе биде со Германците?
Ехеее, тие периодични навивачи ги има со лопата да ги ринеш. И они кои нали растураат со познавање и сл. Има и на форумов, и во животот надвор од форумов, само остави им едно просто прашање како на пр. зошто топката се вика дека е во гол - аут, или во кои ситуации се свири пенал, или што е офсајд или пак за некој играч попознативе во кои клубови играл, и ете ќе се увериш. Не сме од вчера на форумов, можеби за некој сме ради тоа што има некои што 3 години се на форумов, а јас 1 година али нејсе, се гледа преку цела година кога ватрено се полни темата `Фудбалски натпревари`, нека остане оваа тема повеќе за релаксација, и за малку пецкање нели. Али не мислам дека некој навива поватрено за Шпанија него ли за Реал, и сл. Па не е наша матична земја па до толку да се притресуваме, освен ако нема карактер ко мојот па да урла ко нездрава ко да ми зависи живот од една утакмица или шанса. И мене некогаш ми смета периодично изникнати навивачи, ама страшно ми одат на живци препекани дечишта што поима немаат од фудбал и само лупаат срциња секое 2ро лето на Фејсбук и како `Ајде Шпанија гази ги, леле срцеееее каков гол даде само за мене мва` и тако даље, али игнор. Некој можеби допрва ствара симпатии за некоја репрезентација, не треба да се суди временскиот период демек ти навиваш од јуче, а ја од прекјуче јас сум поголем навивач, крај краева кога брига кој за кого навива, јас си навивам, си бодрам, си правам да ми биде интересно. И ете, задутре Пиринејски остров ќе се бори за финале. Ту - гоооо!
^ Лакирај ги од сега, што чекаш, за среќа Мене ми беа цело време со англиско знаменце, таман кога го извадив лакот,во неделата, изгубија. И знаме цртав на лице, скроз се внесов во гледањето... ама толку, нема више за мене.. Туку, кој ден е финалето?