Како навивач на Барселона по дифолт си навивам за Шпанија. Ама реално да зборниме, дури и јас што не се разбирам од фудбал многу забележувам дека Германија има најсигурна и најдобра игра. Воопшто играта на фудбалерите од Бундес лигата ми е постабилна. Ама ете бевме сведоци дека не им успеа таквата игра на Германците против Челзи. Е сега дали така ке биде и на првенството ке видиме.
Германците играат дефинитивно најубав фудбал, нивната топка оди напред, не масираат многу со пасови и во никој случај не се скриваат во голот. Затоа навивам за нив, таков фудбал сакам. Таква е нивната машинерија, ама не секогаш носи резултати. Баш некаде прочитав една изрека, незнам точно од кого: „Нападот победува натпревари а одбраната освојува титули“ и донекаде се покажа дека така и е, посебно во финалето на ЛШ. Што се однесува до вечерашново полуфинале, читам многу коментари дека Португалија ќе победи, што сигурно може да се случи, ама сепак не верувам. Мислам дека ќе ги гледаме шпанците во финале. Утрешното полуфинале пак е понеизвесно, германците се подобра екипа но сепак тоа не мора ништо да значи, не секогаш победуваат подобрите. Јас сепак верувам во нив и се надевам дека ќе успеат
Би било многу интересно во финале да се Шпанија и Италија. Али и во четврток утакмицава ќе биде пекол Go Italy ! <3
А да не изненадат вака Португалциве? Фудбал и се е можно http://off.net.mk/offside/fudbal/portug ... -shpancite
Не да ги победиме, него ќе ги сокапеме со голови ко што играме најјака офанзивна игра, да не бидат во бункер цела утакмица и да се молат на контри ааааарно ама кај нас и средината и одбраната се на високо ниво, така да... ништо од таа работа абе се знае А за вечер Шпанија :up: поинтересно да биде финалето, а и мислам предвидливо е. А за нас мислам многу слично ќе ни се фати а Шпанија, а Италија со оглед на тоа дека Италијаниве ја копираат шпанската игра во принцип, т.е. на Барса играта, да се разбереме... не знам колку е тоа паметно, ќе видиме
Значи многу би ми било мерак, вечер Португалија да ја отепа Шпанија. Толку ги мразам ова Шпанциве, чудо некое. Преисфорсирани, преценети а ништо посебно не се истакнаа на првенствово. Ниту се истакнале некогаш, се со по 1 гол разлика победуваат, само ја малтретираат топката, антипатични суштества. Таков човек сум, преисфорсираното не го сакам, ниту во фудбал, ниту во филм, музика, што да е. Не ги сакам Португалците, посебно Роналдо ми оди по нерви, ама вечер за нив ќе сум. Секоја чест за вистинските фанови, кои си ги сакаат без оглед на се, а не како 90% од моите познаници кои навиваа за други репрезентации и тимови, ама затоа што нАли сеа Шпанија и Фарса се во мода, ајде сите за нив. Ако веќе биде тим што не е Италија, сакам Германците да бидат прваци затоа што ова првенство се одлични, една утакмица не изиграле досадна и навистина имаат идеја и способност да изиграат убав фудбал за очи. Од Шпанија единствено ми се зева и ми се повраќа А она што најмногу ме радува е дека и Италијанците играат прекрасен фудбал. Јас мислам дека Италија - Германија ќе е атракцијата годинава, а не финалето. Баш ме интересира Италијанците како ќе излезат против Германија. Како и да е, што и да направат тие годинава ќе ги памтам по тоа што играа фудбал за мерак, офанзивно, без страв, како вистински фудбалери. Што би се рекло, горда сум на нив.
Седумте ритуали на Кристијано Роналдо Еве што прави CR7 буквално пред секој натпревар и тоа никогаш не го менува. 1. Во автобусот секогаш седи на задното седиште, за разлика од авионот, каде секогаш седи на предното седиште. 2. Почнува да „жонглира“ со топката уште во соблекувалната, за да го навикне стапалото во пресрет на мечот. 3. Секогаш стапнува со десна нога на теренот, пред почетокот на натпреварот. 4. Кога ќе истрча на теренот, бара каде седи неговото потесно семејство на трибините, за да може да се заврти кон нив и да им го посвети голот што ќе го постигне. 5. Пред самиот старт на мечот, кога судијата означува почеток, Роналдо прави скок со двете нозе и со колената удира во градите. 6. На полувремето тој задолжително стои пред огледалото и ја мести својата фризура за да изгледа убаво и во вториот дел од натпреварот. 7. Пред секој слободен удар тој застанува пред топката, а потоа со долги чекори, во стилот на Џон Вејн, но наназад, се враќа за да земе залет.
Би сакала во финале да ги видам Португалија и Италија но ќе видиме што ќе биде. Сите 4ри репрезентации се јаки т.е да не беа јаки немаше да стасаат до овде... Значи вечер сум против Шпанците - досадни се веќе тие па тие
Eх сега да се зборуваше во темава како Македонија би сакле да ја видиме во финале а а а а Во светот на бајките самоо... Инаку за вечер слободно можам да кажам дека сум неутрален навивач,нека победи подобриот и дај да гледаме финале,ама спектакуларно финале бе,финале над финалето. Ах Англијо проклета да си !
Вечерва сум неутрален гледач и не навивам за никого, мислам дека Шпанија има повеќе шанси но и Португалија (најмногу заради Роналдо) не смее да се потцени. Мислам дека ниту едната ниту другата страна нема да биде многу офанзивна, големи се шансите да има еден до два гола или да се оди на продолженија. Инаку би сакала да гледам финале Германија-Шпанија.
Англија ме разочара и нормално будалото Хоџсон веднаш ја префлра вината на Вејн Руни Ах бе будало бреееееееееееее кога те советуваа за играчите кои да ги земеш ти се правеше манга сега ке трпеш критики мочле едно Вечер сум за Португалија.Ми се допага тоа што сите ја отпишуваат,зошто аутсајдерите можаат највеке да изненадат Мислам дека ке паднат Шпанците,не е секој ден Велигден па да се вадат со по 1 до 2 гола
Јас сум за Шпанија па така да и вечер навивам за Шпанија се надевам на победа,Португалија ја нејќам поради замислениот манекен и затоа сакам да ги ЗГАЗАТ
Е судииве очигледно се глупираат, требаше и пенал да има, му се одби топката и во раката му се удри, убаво се виде, и плус сега изводат нешто, срамота жива
Малку надвор од темата, ама ме интересира дали воопшто ќе се игра за трето место? И кога? Инаку не е лошо полуфиналево, доста шанси на двете страни, Португалија одлично се спротиставува сега за сега. :up:
Мене посимпатични ми се португалциве иако некако како да не се разбираат меѓу себе ^ За трето место ќе се игра во сабота.