Дел Боске сакаш да не уништиш? А? Одма во игра класичен напаѓач да наредиш Во полуфинале најде мајтап да играш ааааааа збеснав дома се покршив ....... Го наредил онај од Севиља шо незнајт топкана 2сек, во него да ја држит Менви тактикааааа!!!! Сите ми се ко збунети Ајде Шпанија во Финалеее !!!
Луѓе му ги броев чекорите на Роналдо кога изведува слободен удар, секогаш се враќа 5 чекори наназад ! Душички знам дека нема да не изневерат и ќе влезат во финале, а ако дојде до пенали тука ни е Касиљас ќе се молиме и ќе се крстиме во него Adelante España !
Ете ви го Рамос,бидејки го баравте Тоаааааааааааааааааааа Шпанија,тооааааааааааааааааааааааааааааа!!!!!!!!!!! Неопислива среќа,ах Каква гушка меѓу Пике и Икер,ми идеше да ги изедам преку тв,колку беа слаткииииии
Многу сум радосна за Шпанците Сепак играта беше глупа, најмногу мразам пенали за крај...... Изразот на лицето кога манекенов сфати дека нема да добие шанса да бие Ronaldo, suck it А Шпанците, душички, колку беа радосни
Ццц само се чудам како можеа да го остават Роналдо последен да шутира пенал т.е да не шутира Будалетинки!
"Вероватно Роналдо е последниот човек на ова Европско првенство" - Ептен ме бендиса реченицава од коментаторов !!!!!
И едните и другите покажаа солидна игра, ама тоа се пеналите, рулет... Честитки за Шпанија во секој случај. Не навивав за никој, штедев глас и нерви за утре. Спојлер Само Германците се лекот за нив, има да ги изгазат!
Абе пусти португалци да не се знаело ни центар-шут, ни корнер ни ништо да се изведе Двајца само пред голот на Шпанија а другите ни да трчнат ни ништо, си седат батињата На шпанциве честита победа, ама сепак не можам да речам браво, се тегнеа ко црева цела утакмица, дури на крајот им текна да се разиграат. А утре ис д деј, играат машинчињата мои Само ако не победат Абе пак ќе си ги сакам и ќе си ми се најдобри
Mногу ми е мило шо Роналдо не стигна да шутира тренерот на Португалија го стави него последен за тој да ја собере славата ако случајно успеат да победат на пенали, мислам повеќе од очигледно е тоа! Рамос златен, се преплашив кога отиде да шутира ама многу ми е мило шо го даде ! Исто така Касиљас,немам зборови зверка! И љубовта моја Фабрегас злато мое те љубам најмногу на свет! Шпанијааа!!! Мислам дека повеќе од очигледно е дека ова ќе го гледаме во финале!
Браво за што? За Фуријата кој газеше, абе 5+ изиграа . Шпанија повеќе е фаворизирана отколку што играше добро. И не ми е јасно овој Дел Боске, дали е нормален. Торес не го пушти воопшто да игра, ниту Мата. Не му даде ни да шутира пенали. Колку посакував да изгубат, ама и овие Португалците не се нормални, мајке ми. Манекенчето го ставиле да шутира последен, у стил на Дрогба, херој сака чоекот да биде, ама се зезна овој пат. И то, вечерва гледавме досаден фудбал, на момент почнав да дремам. Ама затоа пак утре, нека гледаат Шпанците како се игра фудбал. Сигурна сум дека ќе гледаме одличен и неизвесен натпревар. Ах Шпанци, кого и да ви се падне, тешко вам . Ако оди Германија во финале, ќе ве згазат. Италија исто. Уште кога играа во група, Италија беше далеку подобра и требаше да тепа. Е овој пат и тоа ќе се случи.
Торес го чува за финале , а немој да си прајте филмчиња дека Шпанија неможит да ги победит Германија или Италија во финале зошто јако сте се зезнале...
И те како ќе го гледаме ова на први јули! А,инаку,кажете ми еден меч што се одиграл на Евро 2012,што завршил со 4-0,како што беше Шпанија - Ирска ? Ни еден,ни Германците,ни никои. Така да,каков и да бил фудбалот,ако сакаат до утре ќе си подаваат,битно си влегоа во финале и се се поблиску до титула. Па сега