На Фабрегас не му е прв пат да си збори со топката , европско првенство 2008 против Италија, во иста ситуација, се зависеше од него, последен шутираше и погоди! ... https://www.youtube.com/watch?feature=p ... n3KLEUJWY# ! 5мин:47сек , и денес исто кузнај шо и вели на топката , битно погодува
Хм,ај вака... Што дека Шпанија не одигра добро,сега не треба да е наш фаворит?Дека актуелниот светски и европски шампион не се покажа баш во најдобо светло на одредени утакмици не би требало да ја подржуваме? -Ма не бе овие не играт добро,ај сеа за Италија сум..пфф.. Италија е во полуфинале сега за неа сум,а у случај Германија да тепа...-Германциве нај јачи бе!... Ете не покажа некоја игра Шпанија,точно дека Португалија не беше во ништо полоша,патем добро играа,ма предобро,ама јас не гледам причина овде да плукам по репрезентацијава за која навивам. Разбирам,можеби не требаше веднаш да се скока во темава со коментари Шпанија-ШАМПИОНИ,леле нај јачи сме..блА бла,ама разберете бе луѓе,кога омилената репрезентација ви влегува во финале,сигурна сум дека знаете каква е радоста,па мора така наеднаш да се испукаш некаде.. Да,јас и како фан на Барса,и подржувач на Шпанската репрезентација,ќе ги величам и кога губат,и кога не играат на ниво,и кога имаат среќа у г*! Уствари,како Челзи стана шампион во ЛШ,со прекрасна игра,е како да не!Играа исто како Англичаниве,смао што успеjaа да искористат на добрa контра,нешто што овие немаа сили да организираат...па тогаш тоа беше одлична тактика,ма супер,сосема заслужено Ве разбирам,стварно сосем ми се логични коментарите на неутралните гледачи,ама малце ако го свртиш од друг агол,ќе видиш дека Шпанјолска заслужува финале. Ете,не одиграа супер,немаше воздишки и восхит па да ти запре здивот од прекрасната игра на Шпанциве,ама мене ми се мили,си ги сакам,и ќе мочнам од среќа што се у финале! Ама дека незаслужено се у финале..Хм,дај бе луѓенца озбилно? А,што пак Порутагл повеќе заслужи финале од Шпанија ...беа изедначени во играта,не беше ситуацијата како Италија-Англија,каде Италјаните и без пенали заслужуваа победа.. Сакам пенал,и ама не кога ми игра омилениот клуб или репрезентација...ау не! Абе има ли нешто поубаво од тоа да ги гледаш мадритските деца и каталонските како се гушкаат и радуваат заедно на победата,мм?Касиљас ми е срце!Ептен го сакам..па и кога игра за Реал У веза со Рмаос,цело време и велам на другарката..-Леле бе дај нека го стават Рамос да шутира,абе 1000%сум сигурна дека ќе погоди..и ептен ми беше мило кога го видов пред пеналтикот! А пак Фабре..ептен сакам кога он ги решава утакмиците.. Е сакав еден гол и од Ел Ниљо,али ај у финале јбг. 2ца јунаци!! Gerard Piqué:A la Final!!!! Grandes!! Vamoooos! Vammosssssssssss ESPANA!
Вака дечки. И јас велев дека Шпанија е преценета, дека игра екстремно досаден фудбал и дека се провлекува повеќе и сеуште стојам зад тоа АМА оваа утакмица нијанси одлучуваа меѓу Шпанија и Португалија. Не беше воопшто лоша нивната игра иако нормално тактиката им е секогаш таа, ама колку шанси имаше Португалија толку имаше и Шпанија. Не гледам стварно по што Португалија беше подобра . Да бидам искрена мој фаворит во утакмицата беше Шпанија. Иако и португалците како репрезентација не се лоши и добро се покажаа на првенството ама кажав јас дека против Шпанија ќе загубат. Од причина што го нема тој квалитет во репрезентацијата. Освен Роналдо и доста солидната одбрана немаат добра средина и многу креатори на играта па мислам дека тоа им беше воглавно проблемот. Но до 120 минута мислам дека еднакви беа репрезентациите, акции имаше и на двете страни. И конкретни и понеконкретни. Но ете, на крајот испадна пенал рулетот да одлучува. Тоа сум кажала дека е повеќе до среќа и концентрација. Драго ми е што Рамос погоди за да ги заќути сите оние кои се зезаа со него, фацата кога погоди му беше прајслес . Па и за Пепе ми е драго што го погоди пеналот, кој рекол дека нашите дефанзивци не знаат да шутират пенал а? Е така, честитки за Шпанија иако не се мои фаворити на ова првенство и ги претходно искритикував ама сепак не можам да не сум среќна кога ги видов како се радуваат реаловците. Жал ми е за Роналдо, Фабио и Пепе ама тоа е, повеќе среќа нареден пат. И стварно мислам дека сега нема потреба толку да се критикуваат шпанците, ова беше далеку подобро издание од претходните и ете, некако стигнаа до финалето. Кажав со ваква или онаква игра секој заслужува да биде во финалето, сега дали нам ни е интересно да ги гледаме тие пасови е најмалку битно, сепак тоа е нивната тактика и крај. Очекувам утре Германија да победи а италијаните да си ги спакуваат куферите, не ми се воопшто за финале. И во финалето нека победи најдобриот иако мој фаворит е Германија. Ама нема да ми ништо претерано криво, ако се среќни играчите на Реал и јас сум . А ги има и во двете репрезентации . Едит: Ве читам назад и стварно повеќето не сте ми јасни. Ова повеќе на шала го викам, нем да сфатите погрешно . И се чудам како толку се радувате бре, јас не знам до мене ли е проблемот ама овие репрезентативни победи не ми предизвикуваат некои емоции или пак да скокам до плафон . Дај кажете го рецептот стварно. Друго, не го споредувам Рамос со Пирло, искуство е во прашање ама бре стварно треба навистина да имаш многу храброст за да шутираш пенал после толку исмејување. Драго ми е најмногу за тоа, како да сакаше да им покаже на сите дека сепак МОЖЕ и да им ги затен устите. А ако не ви се допаѓа Рамос нема потреба да коментирате. И јас не ценам играчи како Пирло што си го продаваат тимот за слава и пари па колку сака нека е добар . Немам намера да се карам со никој ама не ви личат таквите коментари. А исто и оние кои се смеат на Роналдо, оние ептен ватрените фанови на Шпанија (а гледај чудо, повеќето од нив се за Барса ).
Eве и јас сум модерна, си навивам за Шпанија, во мода сум бе! Mислам ај олабавете со муабетиве дека сме во мода. Aј ако не, треба да си молчам зошто сум за нив, или па да се срамам можда што освоија и Eвропско и Cветско, на пат се да ја одбранат титулата на Eвропско, извинете ама има овде прави фанови на Шпанија не знам која ви е поентата со муабетиве, небаре пубертетлики сме се збрале овде, па муда за бубрези ќе продаваме. Aј глејте си фудбал, навивајте, кој ви се меша во штипки, крај краева што е битно кој за кој навива и зашто. Hе заборавајте, Италијанците им се заблагодарија на Шпанија што ги победија Xрватите и они поминаа во четврт-финале. Tактиката `барај го Pоналдо` не пали секогаш. Aјде да речеме имале шанси, колку? 2 шанси? A колку и тие беа во рамки на голот... ај да ги величиме сега. Kики катастрофално ги изведе слободните удари, и убаво рече коментаторот и ја не памтам толку лошо изведување од негова страна. Pарираа добро во смисла да ги блокираат оние кои од средина се префрлаат во напад, ама попроста тактика од онаа вчера на тренерот не сум видела. Aх колку ме изнервира, од кожа ме извади, што му требаше на крај да го лупа Fабрегас, ејјјјјј заборави на шпиц во напад цела мочана утакмица. A не му е ни прв пат! A и мислам дека Tорес подобро ќе се снајдеше, и ќе се најдеше во поповолни ситуации него ли Fабрегас кој одлично го чуваа, дали една шанса имаше само. Cе надевам дека Tорес ќе игра во финале. Mногу мразам пенал рулет. Oд него срце ми запира. Cкокав ко мало дете, без пресреќна. Oтприлика знаев дека Kики ќе го чува за на крај за да добие фајнл тач и да се велича нали ако ги поведе во финале, али више срече други пут. Mе изненади одлуката на Боске да ги стави први да шутираат одбранбени играчи, леле срце во петици ми беше кога Aлонсо утна, и пред да шутира Pамос, си викам: `Bо гол мавај ја, во гол`, го погоди феноменално голот. Cамо се молам да игра со шпиц во напад во финале Дел Боске оти не му бегаат критиките! Денес ќе си го дознаеме противникот за во финале, за да знаеме со кој противник ќе го ја повториме 2008мата!
Факт е дека за Шпанија навиваат 70% навивачи на Барса и 30 % на Реал. Ја како навивач на Реал не можам да навивам за Шпанија(барем додека го форсираат овој начин на игра), независно што во прв тим има дури 4 Реалови играчи кои ми се ептен драги! Зашто? Зашто Шпанија не ја игра играта на Реал. Зошто Шпанија ја игра досадната пас игра на Барселона, се таа разлика што во Барса покрај досадните пас додавања барем имаа акција и реализација. Во Шпанската репрезентација го нема ни тоа. И неможам сега за првенството да ја величам таа игра, кога најискрено ми е досадна, а од септември да плукам и да се смејам на статистиките за посед на топка. Затоа не ми се јасни навивачите на Реал кои ја подржуваат Шпанија. А уште помалку јасни ми се фановите на Барса, кои цела година отекоа со муабети за анти фудбал де од Челзи, де од Милан, за автобуси и случни ствари, а сега се палат на трипати подосадна игра на Шпанија. Нели атрактивноста на фудбалот ви беше битна? Нели никад нема да навивате за антифудбалски екипи? Епа Челзи барем се бранеше, играше одбрана. Шпанија ни тоа не го игра. Нит се бранат, нит напаѓаат. Ја малтретираат топката на средина на терен и толку. И да резмираме, никој не вика дека Шпанија е слаба репрезентација. Ама е далеку од она што ја прават дека е. На првенствово имаше барем 3 репрезентации кои играат поубав и подобар фудбал од Шпанија и радо би наваивала за некоја од тие, независно што нема Реалови играчи, отколку да гледам 2564546541558 пасови на средина на терен без ниедна конкретна шанса за гол.
Навивајте си за кого сакате, ама факт е дека има многу квазинавивачи и напалени лица кои незнаат што е корнер, а коментираат за „играта“ на Шпанија. Дај бре луѓе кажете веќе еднаш дека се лоши и дека НЕ заслужуваат ФИНАЛЕ! Не беше толку јака Шпанија колку што имаше слаби репрезентации и овие имаа СРЕЌА! Италија на Светското беа ДРВА! И знаете кој ми беше коментарот кога започна Европското м? „Еве ми ги дрвата да видам како ќе се скрасат сега!“ Не ги величев до облаци оти Италија некогаш, а не толку оддамна беа Светски шампиони, дека играа легенди. Играа, беа! Минато време. Исто е и со Шпанија! Беа! Друго, не ви држат споредбите на Пирло и Рамос. Исто и муабетот дека не цените играч кој ја предал екипата за пари. А Роналдо зошто си отиде од Јунајтед, за вошки ли? За пари! Мурињо зошто дојде во Реал? За пари! Исто ти е кога менуваш работно место, менуваш за пари. Пирло, конкретно. Точно е дека беше 10 сезони во Милан, и јас сеуште не го сфаќам неговиот потег да премине во Јувентус, ама тоа е. Него никогаш нема да го паметат како легендата на Јувентус, а овде ќе си беше дел од легендите на Милан. Дел Пјеро и Буфон се легендите на Јуентус, кои останаа во клубот дури и кога беа во Серија Б. На таквите се поклонувајте, а не на играчи как Роналдо, како Рамос или Пике ( оваа само како пример). И јас ги сакам легендите, фудбалери кои му останале верни на клубот. Уште една личност има која останала верна на клубот, а тоа е Малдини, кој никогаш не играл за друг тим освен Милан. Но, не значи дека не ги ценам и сакам останати фудбалери кои менуваат клубови. Кака, Дрогба, па и Ибра. Ако се добри и ако прават се за клубот додека играат за него, не ми смета за кого играл претходно или за кого ќе го продадат. Туку премногу величење падна за инстант фудбалските звезди како Роналдо и Меси. Да не завршат како чудото од дете Роналдињо . И тој беше незапирлив, ама си се врати дома. А легендите како Малдини, Дел Пјеро, Буфон, Инзаги, Сидорф и остала компанија играат до своите 40 години, и уште се маестрални и одлични фудбалери .
Вечер ќе биде интересно. Ќе има добар фудбал. Одлично полуфинале. Едвај чекам да дојде вечер и страсно да си навивам.
Боа да се разбереме не ја подржувам јас Шпанија, далеку од тоа. Мислењето за Шпанија ќе ми остане исто како што го имав од почеток. Значи не сакам досадна пас игра, не сакам да гледам по 50 подавања и за мене е тоа досаден фудбал. Па и дефанзивата (што ја играше Челзи а сите збореа дека тоа не било фудбал ) јас ја доста ценам како игра и воопшто не мислам дека е антифудбал. Ама тики-така мразам, да се игра без напаѓач (кај Барса барем тоа го има). Не можам да ја сфатам поентата на тоа гњавење на топката а уште помалку ги разбирам фановите на Реал што ја подржуваат таквата игра. Како што кажа, игра што е тотална спротивност на онаа на Реал. Се изјаснив веќе за тоа. Но работата е кога гледаш толку фудбалери на Реал да се радуваат и нормално дека малку ти се измешани чувствата. Исто и што ги гледам едни против други некако ми е чудно иако сум свесна дека се ова репрезентативни натпревари. Искрено ни јас не знаев кој сакам повеќе да победи, Шпанија или Португалија. Верувам дека ако Роналдо дадеше гол ќе се радував исто како што се радував и за пеналот на Рамос. Туку работата е што ни Португалија не одигра нешто атрактивно или пак да имаше некои сериозни шанси па сега не мислам дека Шпанија незаслужено минала. Како што кажав, беа речиси изедначени. Пеналите го решија натпреварот и тоа е. Но ова се однесува само на оваа утакмица а општо е јасно веќе дека шпанците се провлекоа во групните фази, како што и на светското се провлекоа. А Џули значи Роналдо помина од Манчестер во Реал, два сосема различни клубови т.е. од различни држави. Ама да ми помине Роналдо од Реал во Барса го отпишувам па колку сака нека е добар играч. Ете, тоа ми беше муабетот за Пирло. Никој не одрекува дека е легенда, можеби и најмногу се памети како легендата на Милан ама да отидеш во лутиот ривал на твојот клуб според мене е нешто најлошо што може еден фудбалер да го направи. Не може пред време да кажувате кој е инстант ѕвезда а кој не . Тоа значи дека младите и надежни играчи не треба да ги цениме само затоа што не знаеме дали ќе играт така и во иднина? Сигурна сум дека Роналдо, Рамос, Игуаин со времето ќе се приближат до легендите како Фиго, Раул итн. Рамос е еден од подобрите играчи во одбрана, од Реал ми е на листата на поомилените и нормално дека "ќе му се поклонувам". Тој е веќе доста години во Реал и е лојален на клубот, сигурна сум дека така и ќе остане. Исто и за Роналдо. Времето во секој случај ќе покаже ама јас се надевам дека ќе игра во најдобра форма до своите последни години во фудбалот. Иако не сакам ни да замислам да го видам повторно во тој грд црвен дрес .
Ајде, ајде ... репрезентациите на Шпанија и Португалија за нијанса се двојат, факт Шпанците се подобри. Искрено поради фаворизираниот Роналдо (сори девојки вие што си го милувате, јас не) Португалија има некаков рејтинг. Прогнозирав дека Шпанија ќе оди во финале и така испадна. Требаше да удрам спортска! И сега реално е Германија да ја победи Италија затоа што кој гледа знае дека навистина покажаа игра. И да одат во финале, на крај да ја освојат титулата Европски првак. Мислам заслужено ќе биде.
Не е во мода навивање за Шпанија, туку хејтање на Шпанија. Ајде ве разбирам, некои поради тоа што се за Реал а овие ја играат играта на Барса, други поради тоа што се за Барса а има играчи на Реал, ама да трубиш овде 10 страни по темава со толку гнев и омраза, зошто? Зошто ви се трн во око, ете зошто. Вас да ве прашам, вие од роџења сте за Италија/Германија? Или морала да ве фасцинира таа репрезентација со својата игра па да вие навивате за нив. Сигурно нема да се фатите за најслабите и да речете еве за овие ќе навивам. Јас сум за Шпанците од 2008, кога победија на Европското. Тоа мене ме прави квази навивач? Не. Секој ќе си го избере својот фаворит кога ќе му се допадне со се играчи, со се игра, комплетно. Така да тејк ит изи. Ако изгуби Шпанија од Германија, јас сум сигурна дека вие повеќе ќе се радувате што ќе изгуби Шпанија него ли што ќе победи Германија. Не можам да ве сфатам како не била Шпанија заслужено во финале. Играат на подавање, па? Ниедна репрезентација не успева да има таква контрола на топката, ниту Италија ниту Германија. Играта на Португалците е земи ја топката и подавај одма на Роналдо. Шпанците не играа неатрактивно, играа позатворено зошто имаше неколку шанси на Португалија за контра, а знаеме сите дека тогаш Роналдо е многу опасен.
Вчера,не навивав за Шпанија,за Португалија уште помалце, само ги сакам Алонсо и Касиљас, па драго ми беше кога баш Шпанија победи, инаку фаворити не ми се. Лично мене, ми беше предосадна утакмицата, да гледав дома 100% ќе заспиев... Е сега, едвај чекам вечер Германија да ја скине Италија!
Скроз се согласувам. Мислам глупаво е некој да напаѓаш само зошто се радувал дека неговиот тим победил и да го викаш квази навивач..Од каде заклучивте каков навивач сум јас,вака на форум тоа може да се види? Ептен ја преувеличавте работата со Шпанија,се согласувам дека е во мода да ја хејташ и да збориш за нејзината лоша игра. Може сум досадна со ова,ама таа лоша игра на Шпанија,резултира со 1 примен гол,ниеден пораз и влез во финале Инаку вчера многу ми се допадна играта на Џорди Алба,какви пробиви имаше Исто и одбраната на Шпанија,Рамос и Пике се многу добри во тандем :up:
Мило ми е за вчерашната победа на Шпанија, но повеќе ќе се израдував Португалија да тепаше. Доста им е на Шпанциве ајде и европско и светско земаа. П.С. Има некој линк од вчерашните пенали?
И Шпанија не е она што беше. Јас, искрено, не сум компетентна да судам за ова првенство, со оглед на тоа дека не го следев многу, многу (немав време), ама ете, синоќа го изгледав натпреварот. На СП 2010 Шпанците беа далеку подобри - иако и сега играат истите играчи. Не знам што е причината за оваа промена, ама не ми се допаѓа, едноставно очекував многу повеќе од нив, како фаворити. Инаку, ќе повторам уште еднаш, истото го имам кажано во темата за СП 2010 (во која надолго и нашироко расправавме за своите фаворити, исто како тука, и ми беше кажано дека го тупам многу), на вакви натпреварувања нема силни и слаби репрезентации, одредени екипи се фаворити на хартија, сè додека на терен не се види кој вистински е најдобар. Но за жал, не секогаш најдобрите стигнуваат до финале од X-причини. Јас ги разбирам страсните навивачи, за нив нивниот тим е секогаш најдобар, што е многу нормално, ама само неколку од вас беа реални, односно признаа дека Шпанија не нуди атрактивен фудбал. Со досадна игра и долги пасови, фокусирани на одбраната и чат-пат на нападот, успеаја да дојдат до финале. И јас си навивам за Италија со години наназад (уште и Роберто Баџо играше кога јас гледав фудбал и навивав за нив), ама си признавам дека не секогаш покажуваат сјајна игра - особено ми пречеше катанаџото, по кое токму Италијанците станаа славни, ама мило ми е што гледам дека таа тактика полека се менува, односно, Италијанците започнуваат со поофанзивна игра, која секако е поатрактивна. Како и да е, Шпанија си победи, имаше повеќе среќа во пенал - рулетот (да не се лажеме, кога веќе натпреварот стигнал до пенали, тука среќата има најголема улога), и ќе ги видиме во финале, се надевам во поквалитетен натпревар од оној синоќа. Вечер очекувам интересен и возбудлив меч, играат моите фаворити, против Германците и се надевам дека ќе биде уште поинтересен отколку мечот меѓу Англија и Италија, со голови во текот на регуларното време. Нека победи најдобриот!
НЕ во мода очигледно е да се фолираш дека си спорски експерт и да плукаш се што не е фаворит. Со самиот муабет дека фаворитите кои се трубат уште пред да почне првенство треба да влезат у финале и никој друг, сами си покажувате колку всушност знаете за фудбал и пратите, или само у мода е сега Шпанија, ауу да бе и светско земаа и европско во последниве 4 години и ајде јуриш сите за нив. Не за друго, навивајте до утре од било кој причини, ама да ги правите најаки, ФУРИЈАТА ГАЗИ,е од тоа му се се*е И во право е Јуле, пола незнаат што е енац, ама битно се експерти за играта на Шпанија, дека само таа и ја гледате И престанете да кукате како сите хејтаме, само си кажуваме ИСКРЕНО И НЕПРИСТРАСНО мислење. Како владата сте станале бог да чува да не може човек да си каже дека не му се свија нешто и дека не го бива, одма идете со контра напади квази префрувања и труеања и вртење у круг со еден аргумент. И тоа е ова и ништ друго... Претходно Шпанија ја одминуваа од шала. Прав навивач си ги признава грешките на тимот. Италија не е таа што беше, и да не и играта одлична како што беше. НЕ е достојна за светски шампион ама и не беше. За европско со ваква игра воопшто од сите репрезенетазии, ако не прва ама меѓу првите 3-4, од Шпанија сигурно подобри, не викам најдобри, и нема да речам зашто им треба многу леб да јадат за да бидат златната Италија од 2006. И уште едно прашање, зашто ако наиваш за Реал мораш да навиваш за Шпанија? Јас не ги пратам Ла Лига баш ама како што ја читам нема врска играта на Реал со Шпанија. И од друга страна што не ја критикуваат Германија бе, никој ништо не рече, зашто нема ни да рече, Германцине пот и крв вадат на терен. За мене најдобри во континуитет се Бразилците.И тие се потклекнаа малце, Кака се повреди, ни Роналдињо не игра,Дида се повлече, ама ќе се вратат. Ама тоа за мене се репрезенатација со историја, игра на квалитет не на квантитет, затоа што оваа е таква игра, на квантитет. И не сакам да чујам веќе од никој дека Италијанците биле најголемите глумци и плачковици, вчера се изнагледав најголеми актери, Мерил Стрип вода може да им носи. Остана ли некој без жут, или никако. Лутете се скокајте колку сакате, мрчете дека мрчиме ама ве боли вистината дека навистина имаат досаден пас и неатрактивен фудбал. Некој мора да победи таквите се правила, но среќата игра тука и те каква улога. Треба да се преименуваат во Црвената досата, најмногу им лежи.
„Имам интересно чувство за пеналите и мислев на нив попладнево. Таков е животот, а фактот дека повторно ми овозможи таква шанса е неверојатен“, рече Фабрегас по мечот. „Кога застанав да го изведам пеналот, и реков на топката дека мора да напишеме историја и дека не смее да ме напушти. Ми рекоа првично да шутирам втор, но јас побарав да бидам петти“, рече Фабрегас.