Oва би требало да се однесува на мене,а и да не е ќе одговорам Не навивам за Шпанија поради Реал,не навивам поради тоа што се европски и светски прваци,навивам затоа што ја обожавам државата,како тим ми се супер,како што напиша Смајли,преубаво ми е да ги гледам како се гушкаат и радуваат заедно ривалите,прекрасна глетка ми е.И јас кажав уште пред првенството да почне,прочепкајте по темава,дека јас навивам за Шпанија.Можеби ќе испаднеа уште во групната фаза,може во четврт-финале,тоа не може да се знае,јас сепак ќе си останев верна на својот тим.Самата себе си станав веќе досадна,затоа што на некој му објаснувам по 100 пати зошто навивам тој што навивам веќе И сега пак ќе се повторам,аман,глупаво е да велиш дека некој се бламира или дека поима си нема од фудбал ако се радува за победата на Шпанија. А,вчера не знам зошто Португалија би требало да оди во Финале,кога беа изедначеи,со некои шанси од страна на Кики над гол. На крај,Шпанија си е во финале и игра за титула,колку и тоа некого да го боли. Сакам да победи и да ги затне сите што збореа за нејзината досадна и глупава игра,исто како што Рамос вчера ги затна сите со погодениот пенал
Мислам дека не беше тоа за БАШ сите фанови на Шпанија. Сигурно има и такви што навиват поради нивната игра или за нив како екипа. Туку повеќето се однесуваат како темата да е за фб статуси, вамос еспања и слично (не мислам на тебе Розич и на некои поединци). Верувам дека оние што немат напишано повеќе од два реда сами ќе се познаат . Португалија или Шпанија, според мене кажав нијанси одлучуваа и пеналите го решија натпреварот. Атрактивна игра не видовме ни од двете страни. Се надевам дека Германија ќе биде првак оваа година затоа што навистина заслужуваат. А не мора да значи дека ако навиваш за Реал, треба и за Шпанија, точно. Реал и Шпанија се два сосема различни поими, одалечени светлосни години едни од други. Инаку да бе сега многу се сакаат играчите а на Ел Класико во август слушајте ми збор што ќе биде...урнебес.
Розич абре не се однесуваше на тебе, ама ајде. Некој друг се направи паметен, ама не ми текнува кој со тоа дека го нервирале навивачите на Реал што не навиваат за Шпанија, што за мене е тотална глупост. И искрено досадни сте више, што реплицирам и јас па уште подосадна сум. ВО КРУГ СЕ ВРТИМЕ, втиме, втиме пак се на истото Леле бре розич не пишав така не ми ги врти зборовите амн, КОЈ РЕЧЕ ДА НЕ СЕ РАДУВАТЕ или уште помалеку дека некој се бламира или дека поима си нема од фудбал ако се радува за победата на Шпанија НЕ само се бламирате кога викате дека е најјака и дека гази се пред себе, и дека никој не е подобар, и ме нериварате што зборите за сите други репрезентации и нивните грешки, влакно во јајце барате, а за својата еден искрен коментар не прочитав. Италија не заслужува а Шпанија заслужува, немој да ме јебеш Би рекла ги успива сите противници со тој досаден пас пред да ги газите E тоа сакав да го кажам И РАДУВАЈТЕ СЕ никој за тоа не рече лош збор. И ве молам немој да ми кажувате од кога навиате и дека ја сакате играта, играчите, не е тоа муабетот, и поентава на сите мои изминати постови. ПОЕНТА Е ДА НЕ ГИ ПРЕЦЕНУВАТЕ и да не ни продавате евтини приказни, не поминуваат. П.С и да победат и да земат уште една титула, нема да ни докажат дека имаат досадна игра, само дека имаат повеќ среќа посебно во пенал рулетот. И во финале и да играат Германија- Шпанија што е можно, ќе навивам за Германија, не за инат и за Шпанија, зашто искрено мислам дека Гермнанците се сила и заслужиле, милион пати повќе од Заспаниве "убавици". Ако игра пак Италија нема потреба од дополнителни објаснувања, јасно е мислам.
Требало со поголеми букви да напишеш, па да ги обоеш, ти мислиш и на нам, слепците кои носат очила од 2 и кусур диоптер. Благодарам за вниманието и пријатно! Потпис Хејтачот на Шпанците Модерната Jullee со затаната уста ____________________________________
Значи никој не вика да не навивате за Шпанија без разлика каква игра покажуваат, туку бидете реални, кога не игра добро не игра, и никој не ја мрази Шпанија туку најнормално сите очекуваме од еден актуелен европски и светски првак да покаже добра игра а не да те фатат живците од досада гледајќи ја.
Прашање пред да продолжам да коментирам на темата: Не ми е јасно зошто сите веднаш се фатија за Роналдо и за неговиот гел и дали ке шутирал прв или последен? Пола и повеке од хејтерите овде ги немаше кога даде два гола на Холандија и еден на Чешка. Зошто не се појавивте овде и да кажете мислење? Зошто не ги прокоментиравте изјавите на Марадона и Чех дека Кристиано Роналдо е најдобар светски фудбалер моментално и дека прашање беше кога ке влезе во форма туку само чекате негов кикс па да се соберете ваму како комарци на светилка?Ноу хард филингс ама се вадам од патики кога читам вакви безвезални коментари од типот ваков бил онаков бил кога не е само тој во тимот бре луге а воопшто луге не сте реални туку само хејтате. Сетете се лани што направи Меси во Копа Америка,не поминаа Аргентина ни група.А Португалија стигна до полуфинале со вакви просек играчи Слушав коментари како Шпанија ке растурела а кутрата репрезентација уште 90 минути да играше немаше да постигне погодок. Здодевен натпревар беше тоа.А колку и да не ги сакам Германците со сето срце ке навивам зошто премногу ги фаворизираа Шпанците као се ке изгазат и ке ја одбранат титулата
Oкеј Jуле сфативме сарказам, самата кажа дека сме во мода ние навивачите на Шпанија, не знам зашто мислиш дека си ти во мода ако си за Италија кога друга е модата сега. Aј јас да го ускратам мојот став, па сеедно ми е дали некој ќе превртува очи на мислењево или не. Kога ќе се игра финале меѓу Шпанија и победникот од вечер ќе бидам реална и ќе кажам дали вреди да победи/изгуби. Aјде дека треба да се правдаш на форумов и да запише на парче лист кој од кога навива, прашајте - ќе ви кажам од кога навивам за Шпанија. Mоже тогаш не било модерно да се навива, не знам. Досегашните натпревари изиграни од Шпанија и резултатите се покажаа како реални, освен вчерашниот каде мислам дека 2:1 би бил задоволувачки резултат сумирајќи ги шансите на двете шанси. Hема да бранам играчи, али столбот на Шпанија е Kасиљас и ако некогаш се пензионира, Bалдез ќе се радува со денови и ноќи ама пак нема да го стигне, тоа е факт, светлосни години е позади Kасиљас. Pамос е одличен играч, ако утнал еден пенал не го прави дупка, или ради тоа сте го запамтиле па сега не ви чини. Да се разбереме, Pамос и Пике не се споредуваат, посебно вчера Пике беше дрво некастрено со невидени грешки на почетокот. Tака, за да ги стигне Пирло и компанија секако дека му треба време, не игра 30 години како него и неколку други играчи од Mилан и Jуве кои играат над 20 години фудбал. Pоналдо не го бранам пошто не го обичам многу, како играч е одличен, али вака како лик и паѓање во транс по неговиот лак за коса - не. Kрај краева, си има различни вкусови, нема потреба од расправии и пецкања, секако дека ако би биле сите играчи од Шпанија од редовите на Барса јас не би била нивен навивач, и се надевам дека Pаул ќе има достојна замена во годиниве што следат, што ќе се докажат како него. Потенцијал имаат, реализацијата не им оди баш лесно, имаат мал милион акции а голови не многу ради тоа што напад немаат, а тоа е нешто што најмногу ме иритира кај оваа глупа тактика, форсирање на среден ред и заборавање на нападот. Mе нервираат мал милионите упатени удари на гол што ќе ги имаат Иниеста и Чави, а Tорес или Фабрегас или не играат, или игра еден. Cметам дека треба со 2ца напаѓачи да игра, веќе да го олесни тој посед на топка на средината за да се пренасочи кон нападот, веќе аман! Tорес заслужува да игра прва постава во финале, се надевам ќе го стави. Hе знам дали, али не би требало да ги сфаќате толку лично работиве со Eвропсково и да хејтате и да бидете огорчени толку, освен ако навивате повеќе за Италија или другиве него ли за клубови. Tогаш океј, али ништо лично. Cе надевам.
Одиме вечер Германија Мислам дека веќе е време да се разбие малерот со Италија, заслужуваат дечкиве дефинитивно
Нема потреби од споредување на Меси и Роналдо. Меси не игра на првенството. Роналдо ја донесе Поругалија во полуфинале, благодарение на него Португалија е во 4 најдобри репрезентации во Европа. Секако заслуга си има целата репрезентација, ама Ронладо ја правеше разликата. Веќе навикнавме дека после секој натпревар ќе се плука по Кики ко по обичај. Ако шутирал прв, зошто шутирал прв, бил себичен. Ако шутирал последен, зошто шутирал последен, демек бегал од одговорност. Ако погоди пенал, само од пенали знаел да дава голови. Ако промаши, неспособен бил, незнаел ни пеналот да го погоди. Кога Роналдо ќе утне шанса пред гол, демек неможел од два метра гол да даде или шутирал директно во голманот па му одбраниле, ама кога истото тоа ќе го направи на пр. Иниеста, е тогаш воздигнување до небо, ма совршенство, ама немал среќа пустиот Хејтерите само чекаат момент да зборат против Роналдо. Ама ако, позади добар коњ прашина се крева. Роналдо нема потреба да се докажува. Тој веќе се има докажано и покажано Ова што го направи со Португалија е само уште еден голем плус и потврда дека и сам може да се носи со играта и да ја донесе својата репрезентација во 4те најдобри во Европа
Еве еден интересен текст во кој на совршен начин е опишана играта на шпанската репрезентација на првенството
Скоро сите што ги познавам што се за Реал и Барса ама бувкално сите навиват за Шпанија и тоа е точно дека затоа што Реал или Барса се во Шпанска лига затоа и навиват за Шпанија. Е сега има некои ете како што видов во другите постови дека омилена земја е Шпанија и други работи затоа и навиват ама повеќето се ради нивните омилени клубови . Како и да е вечерва сум за Италија и сакам да ги победи овие швабиве
Не, ова што го поставила Боа е премногу возбудливо. Јас би рекла Чави на Иниста, Иниеста на Чави, Чави на Иниеста, Иниеста на Чави, Чави на Иниеста, Иниеста на Бусќец, Бусќец на Алонсо, Алонсо на Бусќец, Бусќец на Алонсо, Алонсо на Бусќец, Бусќец на Чави, Чави на Иниеста, Иниеста на Чави, Чави на Иниеста, Иниеста на Чави...после одредено време е вратена назад до Касиљас па после Чави на Иниеста, Иниеста на Чави... Инаку што е со Роналдо и 5-те чекора наназад? Вчера стварно 5 пати се враќаше наназад кога требаше да се изведе слободниот удар. Ова во Реал не сум го приметила .
Eпа 3 или 4 пати изведуваше слободен удар незнам точно, и му ги броев чекорите правеше 5 наназад и после ќе се расчекореше , првите 2 пати си реков случајност, ама кога видов на секој слободен тоа го прави, смешно ми падна, после гледав снимки на јутуб изгледа навика му е
Секад Роналдо така изведува слободни удари. Пет чекори назад, ширење на нозе, длабоко воздивнување , спринт и ГОЛЛЛЛЛ Уште од времето во Манчестер кога играше сум приметила
Еве зошто Коентрао доби жолт картон: http://www.youtube.com/watch?v=r1SM-SxH ... r_embedded Се прашувам од кај му е жичкава за арогантност и вулгарност , шала настрана неспортски потег.
Јас тоа со ширењето на нозе го имав забележано ама со точно пет чекори дури вчера приметив . Рамос: Им покажав на луѓето дека грешат Серхио Рамос вели дека Паненка пеналот претходно го испланирал, сакал да им докаже на луѓето дека погрешија со критиките кон него по неуспешниот шут за Реал Мадрид во ЛШ. Рамос синоќа покажа огромна храброст, превзема голем ризик кога со Паненка удар, во стилот на Пирло реализираше пенал за Шпанија. Одлуката на Рамос е за особена почит поради тоа што ударот доаѓа по промашувањето пенал за Реал Мадрид, кога дефанзивецот биеше високо над голот по што доби многу критики на негова адреса. "Го испланирав ова однапред, не лажам" - изјави Рамос по натпреварот. Ај чекам и во Реал да погоди ваков пенал . И ајде одма почнаа критиките кон фудбалерите на Реал, доста време ви требаше морам да признаам. А и тој Реина ми оди многу на нерви па сигурно мора нешто страшно да го испровоцирало Коентрао за да изреагира така. Инаку бтв Коентрао би можел повеќе да игра прва постава во Реал наредната сезона, дечкото покрај Пепе се покажа извонредно .
Еве нешто за навивачите на Германија, Подолски запеа.. сладок е на почетокот на видеото, колку јако ми зборвит http://www.youtube.com/watch?v=Lk46UEkF ... _embedded#!
Лил, според некои коментари на форумот, во мода е хејтањето на Шпанија, па јас сум ти најмодерна . А Рамос ми ја затна муцката, оти јас се зезав на негова сметка . И не гледам лошо во тоа, ама ете, нека пројде и тоа. Во мода е да си во мода, ти со Шпанија, ја со хејтањето . Модерни сме, ни се може . Не ставам толку на срце, туку само си навивам, и да, се замарам за фудбалот, било да се клубски натпреврувања, било помеѓу репрезентации. Сеедно, јас сум ти таков тип .
Холандија ги протера Ван дер Варт, Кајт, Хеитинга и Хунтелар! Лошите резултати на ЕУРО 2012 придонесоа холандскиот селектор да избрише четворица значајни фудбалери од сите понатамошни натпреварувања на нивната селекција. Рафаел ван дер Варт, Клас Јан Хунтелар, Дирк Кајт и Џон Хеитинга се избришани од списокот на селекторот Ван Марвијк од сите понатамошни натпреварувања на холандската репрезентација. Лошите резултати на ЕУРО 2012, а воедно уште полошата атмосфера во составот придонесоа селекторот на Холандија да се одлучи на ваков чекор и да се откаже од услугите на четворица квалитетни фудбалери. Според некои информации токму Хунтелар бил еден од главните иницијатори на незадоволството и создавањето на лоша атмосфера поради тоа што беше во улога на резерва на Ван Перси. Некои фудбалери отидоа толку далеку што се заканија дека ниту еден од нив нема да настапи доколку во составот се наоѓа фудбалерот на германскиот Шалке. Тамошните медиуми велат дека позицијата на селекторот Ван Марвијк е сигурна со оглед на тоа дека непосредно пред ЕУРО 2012 потпиша нов четиригодишен договор. E сега Холандија ќе свршат работа!