Туку на крај пак испадна по мое... Нема дилема дека за кој навива Плавуша 17 тој тим/репрезентација испага. Сега беше случај со Германија. Плавуша,ништо лично против тебе
^Добро дајте не замарајте со тоа ко божем стварно е така, ја се нервирам тука... ајде до крај, имаме надеж...
Значи во финале ќе гледаме ист тип на игра со оглед на тоа што Италијаниве ја крадат играта на Шпанија. И онака ми е втора репрезентација на листата и ја сакам, страсно ќе бидам за црвената фурија во финалето, да ги скапат овие. Ги сакав, ама веќе ќе се прашам, влечуги мизерни. ПЕНАЛ, ПЕНАЛ, АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Оф бре, јас се надевав дека Германциве ќе се "одмаздат" за Англија, само заради тоа навивав за нив вечерва, но ништо. Пуууууу! Шпанија ми е последна надеж
Марио, ѕверу алал да ти е! И големата Германија падна на колена. Deutschland auf wiedersehen !!! Џабе ви беше и паналот. УШТЕ ПОТЦEНУВАТЕ, епа ете ви го на! ПАМЕТ ЗА ДРУГ ПАТ ОДИМЕЕЕЕЕЕ ПО ФУРИЈАТААААААААА, АЛЕАЛЕАААА ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Oва беше за сите хејтери, плукачи и потценувачи на ИТАЛИЈА! FORZA AZZURRI
БРАВО.. чесно и залужено победено кажав, ај сега со среќа на сите навивачи на Italyy.. Се гледамее во финаале НАПРЕД ШПАНИИЈА!
Ајде, мојата најомразената репрезентација оди во финале. Па уште најголемиот глупчо ги даде головите . На германците што им бидна богзнае, не играа лошо ама кога не сака, бре не сака. На момент ме потсетија на Реал кога напаѓаат, напаѓаат и ништо... Италија изигра добро, си створи шанси на почетокот и ги искористи а до крај повеќе го чуваа резултатот. Ама ич не ги сакам, многу ми се антипатични . Кај се најдоа баш они во финале. Се на се, во финалето ќе бидам неутрална. Нека победи оној кој ќе покаже подобра игра. Или ај нека победи Шпанија само од Реал да ми бидат задоволни играчите . Ама не е тоа тоа, воопшто не очекував баш вакво финале. Некако тапа ми е. Заслужија германците да играат во финале ама ете, немаа среќа. Тоа е тоа.
Браво за италијанците, го гледав само второто полувреме и многу подобра игра покажаа, заслужено во финале. Имаа уште 3 чисти шанси за гол, можеше да биде и убедлива победа на крај. Ма ова германциве тотално ме разочараа, за никаде беа. Губат 2-0 и некако многу ми беа пасивни, без креативност и идеи во нападот!! Ту бе, таман јас седнав да гледам и изгубија. Јас како што разбрав за 3то место не се игра, така да во финалето навивам за Италија.
Немојте со тоа дека Германија немале среќа - од 1990 навака на било кој ЕП или СП го прават истово... традицијата продолжува, како беше онаа старата, always the bridesmaid, never the bride - секогаш потфрлаат на чекор до крајот. Истово го тврдев и во 2010, и тогаш беше така, и сега е. Попуштаат дечките, толку можат. Само кога ќе станат шампиони, само тогаш ќе признаам дека се навистина силна репрезентација. Италија сосема регуларно победи, во меч кој за нијанса беше подобар од оној вчера. И очекувам исто толку одлично финале, освен ако Шпанците не ја успорат играта а има голема шанса тоа да се случи. Ама ќе видиме. Буфон беше одличен, а да не зборувам за останатите. Дефинитивно заслужија финале, па и победа. Forza Azzurri!!!
Ептен сум среќна бе ептен!!!! Си славам ! Не ми ја намалуваат среќата и оние што као сеа одеднаш се за Италија, а уствари врска нема. Жал ми е за нив, не знаат што е вистинска среќа, не знаат да се радуваат кога ќе победи репрезентацијата за која цел живот навиваш, или омилениот фудбалски клуб. Никогаш нема ни да дознаат. Знаат само статусчиња на фб да ставаат, да прават будали од себе. И ептен ми е мило што вака испадна пошто сите прогнозираа финале Шпанија-Германија, Италија беше потценета ко и секогаш... епа ете виииии!!!!!!!!!!!! HE'S THE MAN! И секако се чека 1ви. Шпанија да падне на колена. Мислам дека поубаво финале не можев да посакам. Во секаква смисла.
Кога Балотели ги даде двата гола ми текна на оваа слика, и сега вртев 40 страни за да ја најдам ама морав да цитирам , и сега кој е супер Марио? Искрено заслужено Италија во финале, а шо им се деси на Германците бог знае, ама јас си мислев без проблем ќе ги згазат и ќе ги наполнат со голови, сепак не сум баба Ванѓа, не ми се секоаш предвидувањава точни ... Мислам дека ќе гледаме интересно финале, и се надевам дека Шпанија ќе се покаже во најубаво светло и ќе им ги затне муцките на сите!
Ако Шпанија продолжат со игра како досегашната можат да се збогуваат со титулата. Италија покажа далеку подобра игра од нив на првенствово, иако влезе како аутсајдер (според мене сосема погрешно). Браво за Балотели Инаку, одлично проценив дека Шпанија-Италија ќе играат во финале.