Ова болеше! Немаа среќа Германциве,не дека не се трудеа или не напаѓаа,ама ете...Абе барем еден да дадеше и после со пеналот и после во продолженија и готово! Како не регуларно победиле,шипки.Цело време топката беше кај Германија и сто корнери и се,башка слободниот Швајнштајгер за малку требаше.Овој Балотели некни со Англија врска немаше,сега му се посреќи и ај,абе ајде! Сега ич не ме интересира за финале,кој сака нека победи,јас лично никој не сакам од овие...
Германциве се права драма! Касно им текна дека треба да се борат, за 45 минути не дадоа гол а во последни 4 минути сите се возбудија. Не играат они вака, не знам што им стана. Ги извртеа Италијаните како сакаат, едвај Ројс и Клозе нешто се трудеа ама се ова е далеку од квалитетот на Германија. Сакав да изедначат и баш ќе беше епик полуфинале, да прошараат малце по досадниве стандард утакмици. Имаше шанса Ди Натале за да победат и со 3:1 ама таа пуста себичност што прави. Во секој случај, заслужено Аѕури!
А од кога тоа има аутсајдери на едно ЕП (или СП)? Според мене, сите се на исто ниво, штом веќе дошле до тоа да се натпреваруваат на еден континентален шампионат. Да бидеме реални, не дека Италија нешто блескаше на почетокот, сепак, сега излегува вистинското. Се надевам дека во финалето ќе се покажат во одлично светло. Ептен ме израдуваа вечерва
Леле абе доста со тоа аутсајдери, ја направивте Италија како 13-то прасе да е. Напротив, доста навиваат за Италија и не сум приметила нешто да е сметана за аутсајдер . Од каде овие муабети дека биле потценувани, понижувани и што ти знам таму . Украина можеби беше аутсајдер, Чешка исто, Полска ама Италија? Можеби не ја воздигнуваа како Шпанија ама потценувана не е во никој случај. Сега муабетот ќе испадне дека сите сме ги као понижувале, не сме верувале во нив а тие победуваат . Дека е слаба репрезентација, не е. Има многу добри играчи ама јас кажав дека лично на мене ми се антипатични до бескрај. Од таа причина не сакам ни да помислам да земат титула. А пак Шпанија од друга страна со тоа на ти го, дај ми го и опет шампиони. Ништо, тапа е кажав. Ај барем ако ништо друго Торес да ме израдува со гол во финале, или Алонсо, или Рамос...
^ Да, но непосредно пред почетокот на првенството имаа некои проблеми со местење на натпревари. Од нив не се очекуваше да стигнат до финале, за разлика од една Шпанија, Германија, Англија кои беа поголеми фаворити а и доста воздигнувани. Јас лично Италија нигогаш не сум ја сметала за аутсајдер, затоа што на секое фудбалско репрезентативно напреварување откако памтам сум навивала за нив.
Лебетче, не се праите улави, сите ама сите викавте дека нема шанси Италија, само ние навивачите нормално ја бодревме и Боа беше многу непристрасна и објективна. Толку! Ај ти разбирливо, навиваш за Германија, ја бодриш и разбирам да викаш дека е Германија е подобра, ама сите ја потцнивте, мислевте денес до лесна победа, ама грешките скапо се плаќаат. Само ова ќе го постирам, ама тоа е само последно: Небаре се работи за тунгузија. Ама ако, си легнаа на брашно сите сеа. Последно од мене, одам да славам и да учам-се надевам дека ова ќе ми ја фати мајата за утре I'll just gonna close with this: Спојлер
аутсајдер Италија ??? Па ако реално правиме муабет Италија ти е поим за фудбал имаат освојувано и Европско и Светско првенство а башка Шпанија овие 3,4 години што е така појјака така да не зборете глупости дека Италија е аутсајдер кога е една од најјаките екипи во светов
леле јас не сакам кога треба да играат италија и шпанија и двете ми се омилени ама сакам да се повтори 2006 овој пат на европско на шпанија доста и беше многу и е
Хипстер абе нормално дека јас ќе имам таков став ама тоа го кажав за дуелот со Германија. Како што си имам омилени репрезентации, си имам и неомилени а Италија е на врвот на таа листа. Но никаде не кажав дека играат лошо или дека заслужувале да отпаднат и што ти знам таму. Лично јас не ги сакам и сакам да отпаднат, во случајот да не земат тиула . Не знам мене ми се далку од аутсајдери, па пола на темата сте за нив. Би рекла дека за Германија има помалку, ако судиме по форумот. Ај доста, тука сечам. Звучам како Плавушка кога омилените тимови/репрезентации ќе и изгубат.
Не можев да го следам натпреварот па затоа не сум компетентна да коментирам Сепак, кога го видов резултатот во 80 и некоја минута се запрепастив. Лично, не можев да поверувам. Се гледа дек ги потценив Италијанците. Во натпреварот немав фаворит, Шпанија и Германија ми беа фаворити во текот на целото првенство, но по вчерашниот натпревар, денеска навистина не знаев со кого сакам да ја видам Шпанија во финале Честитки на фановите на Италија, се гледаме во финале
Сите ја потценувавте Италија , баш ме инетересира што мислевте која е италјанската репрезентација , што се италјанските фдбалери, кој е Прило, а па Касано, што всушност бара Балотели во тимот .. Сите тие успеаа да покорат големи репрезентации , дали на ваков или поинаков начин .. небитно , најважно им одржаа битна лекција на сите репрезантации, покажаа дека незнаат да играат досаден фудбал и секој нивни натпревар е исполнет со изненадувања и возбудувања, докажаја дека Италјанскиот фудбал е на врвот ! FORZA AZZURRI !!
Па сигурно бидејќи ги одбрани сите удари упатени кон мрежата на Италија. Иначе навистина заслужена победа на Италија, многу подобро играја и одбрана и напад.
И шо демек ако ти изгубил тимот и репрезентацијата несмееш да се лутиш или коментираш, зошто ? Како звучи Плавуша? Случајно после пораз да не несмее да е разочарана? Мене девојчево ми е супер незнам шо ја закачате стално, кој губи има право да се лути, а кој победува нормално дека ќе се радува. Незнаев дека ова ви е во мода, да не искажувате свое мислење заради некој да не рече дека сте вакви или онакви
Буфон цар Човекот е гениј, како брани. Му се поклонувам! Му нема рамен, секоја чест. Вечерва блескаше. Супер Марио ми е како некое роботче на батерии кое неуморно трча и се бори да даде гол. Вечерва ја однесе Италија во финале. Италијанците ме изненадија. Пред се играа отворен фудбал, постојано напаѓаа и луѓе Италија вечерва одигра одлично. Германија се изгуби, а беше фаворит и искрено се плашев. Ако за некого велев дека се добри и заслужуваат финале, тоа беше Германија, но вечерва ги снема. Значи не беше среќата во прашање, едноставно тие не играа, на моменти се сопкаа и талкаа како муви без глава. Изненадена бев од лошата игра. Но затоа Италија растури. Реков не коментирајте пред време дека Германците ќе ги мачкат, не е тоа Италија од Светското, каде што ни групите не ги помина. Оваа е препородена Италија која вечерва блескаше како во добрите стари денови. Во недела одиме на поправен, на победа која требаше да биде наша уште кога играа во групи. Шпанија е ослабнета и прикажа просечна игра. Италија е препородена и желна за титула. И да не се цитирам, ама кога Италија го освои Светското, Калчото го тресеа скандали за местење на натпревари. Годинава пак го тресат скандали, а Италија е во финале. Што значи титула. Се игра против Шпанија. Ќе си одат со расплакани дома .
Не дека не напаѓаа Германциве, не дека не се бореа до крај, ама вечерва некако топката не ги сакаше... Жално за неискористените шанси, а ги имаа повеќе. А Италија си ги искористи шансите, затоа и резултатот е таков каков што е. Баш ми е криво, ама тоа е. Честитки за Италија. ^А ако не се игра за трето место, како ќе се одреди кој ќе биде трето, а кој четврто?
^ Од кај информацијата дека нема да се игра за трето место? Би требало да има натпревар помеѓу Португалија и Грманија, како и обично. Во сабота или евентуално недела, секако пред финалето.
Честиткиии и за Италија ! Ја гледав утакмицата и искрено ми беше мило за Италија поради тоа што сите ги отпишаа пред време,фудбалот си е фудбал,никогаш не се знае,одлучува еден момент,грешка... (душа ме боли што Англија отпадна поради нив) но фудбал е,игра е. Е сега почнува она интересното. Шпанија или Италија ? Нека биде спектакл,нека биде финале за паметење,нека се игра,нека победи подобриот. Финалето е без мој фаворит годинава.