1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Италијанки живи сте бре?
    Јас вечерва сите ве сакам :D
    После ќе напишам убава критика за цел натпревар, сега само да ви кажам дека многу ве сакам сите :D
     
    На Annath, esperanca, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  2. minimax

    minimax Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Еве што изјавил Балотели после натпреварот
    Ова ми е најубава ноќ во животот, но се надевам дека в недела ќе ми биде уште поубаво. Се надевав на еден, а постигнав два погодоци, и двата ги посветувам на својата мајка. Таа веќе е стара и не патува многу често, овојпат мина долг пат за да ме гледа во живо и пресреќен сум што постигнав голови за неа. За финалето во Киев ќе пристигне и татко ми, ќе се обидам да ја затресам мрежата на Шпанија и да го посветам тој гол токму на него. Голем дел од моето семејство беше присутно во Варшава и тоа дефинитивно ми даде уште поголем мотив за добра игра против Германија“ - изјави Балотели.
    „Секако дека ќе дадам се од себе за да ја освојам златната копачка, но треба да се биде реален и да се признае дека за тоа е потребна и среќа. Некогаш може да имаш сто шанси и да не дадеш гол, а некогаш погодуваш и кога не си во идеална ситуација. Тоа е случајот со мене на овој европски шампионат, но се надевам дека во финалето ќе продолжам во ист стил како и во полуфиналната пресметка“ - истакна предводникот на италијанскиот напад. По постигнувањето на вториот прекрасен погодок во ова полуфинале Балотели го соблече дресот при прославата, за што заслужено заработи жолт картон.

    “Никој не ми се налути поради картонот, но дел од соиграчите ме гледаа чудно. Мислам дека беа љубоморни поради изгледот на моите мускули“ - во свој стил прокоментира „Супер Марио“.
     
    На Hipster, JuLleE и SimplyElegant им се допаѓа ова.
  3. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Епа се надевав дека нема да продолжи грдата традиција, ама тоа е сега, Италија во финале. Не ја гледав утакмицата затоа не можам да коментирам кој како играл, ама не се сомневам дека било заслужено и без провлекувања.
    Тоа е што е, јас сепак сум горда на “мојата“ репрезентација, и стрпливо ќе си чекам да дојдат до самиот врв(мислам тие посекако се секогаш во врвот 8) ). Кога-тогаш ќе стигнат таму. Германија :inlove:


    Што се однесува до финалето.... Незнам што да кажам....
    Ама сепак мислам дека пак Шпанија ќе победи, барем уште ова првенство. Колку и да им е досадна и послаба(од светското )играта сепак е ефективна да се чудиш... Ама ај, сепак ќе видиме :^)
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    Јас за еден месец одам во Италија на одмор :P .
    Сакате да поздравам некого? ^_^
     
    На Annath и Hipster им се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Леле :@ ...
    Ми летнаа и Португалија и Германија, од газов ми иде да си каснам.
    Овие дома ми пукаат сеир, ми го прават истото што јас им го правев кога Челзи газеше на ЛШ. И тогаш Барса испадна се свртеа кон Баерн, а ја си бев за Челзи, само од инат што Барса а и Шпанија не ги можам.
    И пародијата немаше да биде страшна да пола и поише играчи од Баерн не играа вечерва за мојот тим, и јас да навивав за нив.
    Реков дека у продолженијата ќе дадат два гола, ама утнав само пеналот ми беше близу до прогнозата.
    Иначе Балотели, стварно јако играчиште е, ама стварно ко машина за голови. Сега искрено да праиме муабет одбраната на Германија, особено во прво полувреме беше ко изгубена, што поминат на своја страна прави изгубени Германци беа.
    Криво ми е за лепи мој Ноер, она головине на Балотели не се бранеа, а сирот се нервираше, и на крај отиде и он пред голот на Буфон, ама џабе, штета. Кај Буфон ко +10 невидливи играчи да има или некоја завеса, јеботе.

    Вчера пак, Кикица ми идеше на шамари да го фатам, а и тој згодниот Бенто, последен го стаил да шутира, таман да се заебе работава до тогаш.
    Според мене кога една утакмица се решава на пенали е крајно нефер, особено на вака битни натпревари, среќата и секундата се побитни отколку квалитетот на екипата, цела игра од 120 минути паѓа во вода и голманите се тие кои ја држат иднината во раце. А да бидеме објективни и искрени Касиљас е каде-каде подобар од Руи Патрисио.
    Е сега, пак искрено, шпанците само во продуженијата покажаа дека имаат подобра игра од португалциве, не ги оставија да земат воздух бре ејјј, тоа толку да се напињало. А претходно во регуларниот дел од утакмицата, беа тука негде, дури можда за нијанса португалците беа подобри. Можда Кикица слободните малце попрецизно да ги изведеше, или па колективно а не себично да размислуваше, али јебеш га тоа е.

    Е сега кога останаа Италија и Шпанија ми е сеедно, јез да малце поише сум наклонета кон Италија, зошто овие шпанциве некако ми се како преценети и извикани. Италијанциве барем имаат јака игра, динамични се.

    Како и да е, честитки кон верните навивачи на Шпанија и Италија, чувајте нокти и живци за во недела.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Да на ја повторувам Јуле, си кажа се фантастично како што е и како што мислам.
    Кога го дадоа головите и прв и втор, чекав, пишав дури и коментар дека имда време до крај, ама не си праев уште еуфорија,за секунд ми текна на Милан-Лузерпул лига на шапиони 2005, си викам у себе само седи си мадро да не бидеш модро, океј не толку буквално, ама нешто што најмноги мразам е да се чаталам пред време, а и срце не ми даваше, знаејќи ги Германциве си викам се е можно, се спремав и за пораз.
    Ама во второ полувреме се подопуштив, и покрај пеналот бев некако сигрна дека е тоа тоа.
    Играа предобро, алал да им е, ме изнанадија, т.е ги надминаа и моите најпозитивни очекувања.
    И затоа можеби постовите ми се тотално детски и ридикулозно, ама морав да пуштам срце и во еуфорија пишував, се израдував.
    Сега еден смирен пост, среќен и со бодрење за финале, исто очекувам се НИКОГАШ не потценувам никого, иаку ги исхјетавме Шпанциве до крај, со тактиката на заспаната убавица. Идеме до крај, сега нема што да изгубиме!
    Честитам и на Германија, ако не беше добра денес сепак е репрезентација за почит.
    Го очекувам најмалку и до навивачите на Германија, да честитаат за победата, како што доликува.
    Фурија, не кревајте копја прерано да не се боцнете самите со нив, со среќа нека победи подобриот.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] ;)
     
    На Annath, esperanca, Sparks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Марбела девојче шала беше, смири страсти ;).
    Не мислев ништо лошо со тоа. Си ја знаеме ние Плавушка со " Уааа клошари" "најскапан тим", "не заслужувавте да победите". Не е тоа никаква навреда ама се погрешно се сфаќа. Да не кажеш нешто или пак не дај боже да се нашалиш оти отиде на бесилка :D .
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    Да додадам и дека некаде при крајот Ди Натале пропушти две одлични шанси, и доколку Супер Марио шутираше ќе беа чисти голови. Но навреме го повлекоа бидејќи е млад и енергичен, па можеше и некоја глупост да направи на веќе решен натпревар.
    А Хипстер и јас се сецнав, си велам чекај, нека заврши, оти во глава ми се вртеше 3-0 на Милан и на крај изгубија.
     
    На Sparks и Hipster им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Не за друго срамота е олкава крава 21 годишна пак да липа, зашто пред време си се прогласила за победник, ај тогаш имав 14 години и не беше толку срамно, ама да изгубеја а да се исчаталевме, ќе го јадевеме срамот и хејтот од Плавуша и остали :tmi:
    Паметни сме бре ние Росоњери и Аѕури, учиме од грешките ;)
    И јас ве сакам сите и наравано посебно Супер Марио, мој човек брее имањак, не очекуем ништо помалку ;)
    [​IMG]
     
    На JuLleE, Sparks и SimplyElegant им се допаѓа ова.
  10. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    :D Не бе Блек, ама ја сваќам зошто сум слична на неа, не бирам зборови коа тимот ми губи а особено некој после тоа да ме закача со коментари дека екипата за која навивам стално губи,како јас да им сум баксуз и ми додава масло на огнот капиши?, а моиве дома стално тоа ми го прават,ама јас пусти инает :lol: , само мене би ми било глупо со коментари од тој тип да му го смените некому мислењето и да не искоментира затоа што другите немислат така. :hai:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас мислам дека Германциве од што сакаат да се докажат како непобедливи, како сила, како премоќни си ја трошат целата енергија и сила, излегуваат со добри тактики уште првите натпревари место да си ги чуваат како џокер.

    Одбраната им беше како Швајцарско сирење. Штета што Италија не даде повеќе голови, имаше шанси, али себичност, тоа е. И гледам дека во паника не знаат да играат. Одат на моќ, нафрлање на топки, силни шутеви а фудбалот е многу повеќе од тоа. Јас уште кога видов колку имаат слаба одбрана па колку играа во паника второто полувреме јасно ми беше дека нема да дадат гол од игра. Но како што рече Хипстер цело време се потсетував кога Милан играше со Ливерпул и кога од 3 - 0 стигна да изгуби и само ситскав палци и си ќутев.

    Италија попозитивно никогаш не ме изненадила, јас мислев дека по голот ќе се затворат и ќе играат бункер, но тие уште се бореа, уште создаваа шанси. Немаше доминација на теренот, топката убаво се движеше, Италијанците не беа паркирани пред гол. Е сега мислам дека им фали еден убав везист, да ги поврзува средината и нападот бидејќи освен ако не нафрли некој топка па Балотели да истрча, ретко создаваат шанси. Исто на Касано му треба партнер од спротивното крило, кога би имале Италијанците таков играч би биле опасни од двете страни и дефанзивците би биле растргнати. Одбраната - ѕид, Буфон да му се позлатат рацете, на тренерот секоја чест. Италија олку офанзивно, олку без страв не играла.

    Ако го кренат пехарот ќе умрам од среќа, затоа што се без ѕвезда во тимот, беа отпишани (не аутсајдери но дефинитивно никој не ги типуваше како финалисти), без познат тренер... Епа еве!!! Хејтери хејтајте, Италија е моментално на врвот.

    Со Шпанците мора да играат исто како денес, затоа што нив Пујол им го нема, а кога ќе ги стиснеш Шпанците се за ништо. Никако дефанзивна игра затоа што тогаш Шпанците се најопасни и само така можат да дадат гол. Ако играат како денес, не би требало да има проблем. Само се надевам дека Шпанците нема да ја имаат таа никаква среќа која ги следи цело време.

    ФИНАЛЕ!!!
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Annath, BoaVista, SimplyElegant и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Плавушке,знам колку ти е тешко во моментов,Милан зафркнаа работа,Германците такоџе кикснаа,знам дека се осеќаш ко кисело зелкиче,и би можел топло да ти понудам една прегратка,солидарно.
    И да ги поздравам сите,и тие за Англија,и тие за Германија. Шпанија,чувај се,не верувам дека вашата дај ми го на ти го игра ќе упали кај ваков тим на Италија! :)
     
    На Abeja и Annath им се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Еееее од кога си пишував дека Италија го игра најофанзивниот фудбал на првенството м? :lol:
    Шпанци ова е офанзивен фудбал, не она синоќа ;)

    Браво, заслужена победа, чиста ко солза.
    На минатиот натпревар имаше коментари демек не била заслужена победата оти не дале гол италијаните во регуларно време, епа еве затоа сега дадоа 2 (со интенција за уште неколку де, ама го извадија Супер Марио :lol: ). И сега се надевам дека сите се задоволни и среќни и дека нема да има потреба од такви коментари.
    Италија денес подбеди пред се тактички, добро проучена играта на германците. Точно знаеа италијаните дека најслаба страна на Германија е одбраната, па затоа си кренаа отворено, со инвазија од удари и шанси. Да се бранеа италијаните, Германија полесно ќе доаѓаше до прилика за шут и кога тогаш ќе дадеше гол. Вака ептен тактички добро одигра Италија :up:

    Како и многупати досега, традицијата се повторува и докажува дека Италија е репрезентација која најдобро се снаоѓа во големи натпревари од клучно значење. За разлика од неа Германија секогаш потфрлува во клучните моменти.

    Германците некако од почеток ептен се засилија и предвреме прегореа. Сепак криво ми е и за нив, како екипа заслужија да играат финале и според мене ова требаше да биде финалето. Најреално ќе беше.

    Сега им држам среќа на италијаниве да ги згазат шпанците во финале, а пишав и претходно дека Италија е најнезгодната репрезентација што може да и се падне на Шпанија.
     
    На esperanca, Annath, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не бе Марбела не се разбираме :lol:.

    И јас се нервирам кога тимот ми губи ама Плавушка секогаш фрла клетви на оние што победиле од типот што ги набројав. Затоа мислев така, инаку не го кажав како навреда ;). А што си е баксуз е. И кажав да не навива Германија да победи и она пак не ме послуша. Знам дека веќе многу пати го повторивме ова ама по некоја случајност се се погоди така. За Барса навиваше, изгубија се, за Манчестер, во ПЛ изгубија, за Баерн изгубија титула во ЛШ и еве сега за Германија и германците си одат дома :(. Ова повеќе на шега го велам да се разбереме. Таман работа да мислам дека стварно она е кривецот ама така се погоди.

    Инаку кога ќе сумирам се од натпреварот воопшто не мислам дека германците беа лоши. Напротив создаваа шанси ама не им одеше. Како под преголем притисок да играа, нешто што ми е нетипично за нив. На германци да им се пресечат нозите волку ретко се дешава. Не знам дали навистина енергијата ја потрошија во групните фази или нешто сосема друго беше во прашање. Поединци играаа доста лошо. Подолски чинам цело ЕП е некако во чудна форма, Милер исто така. Гомез беше промашај на овој натпревар, мислам дека ако стартуваше Клосе уште од почеток поинаку ќе беше, тој ми беше некако најборбен. И секако најдобри беа мадристите Кедира и Озил, ова не пристрасно туку објективно. Најмногу покажаа на цело ЕП. А и Швајнштајгер исто да не го заборавам иако вечерва и тој беше некако послаб. Ноер е супер голман и тука нема збор.

    Се на се, уште се чудам за ваквото бледо издание на Германија. Ама сигурна бев дека ќе растурат со голови, па и како тргнаа на почеток мислев дека ќе ги поплават. Не ја потценувам Италија и колку и да не ја поднесувам морам да кажам дека играа одлично, како што кажав си ги искористија шансите и беа поконкретни во нападите. Ама оној Балотели бре не го можам :devil:


    Ете, финалето како што кажав за мене ептен некако неинтересно. Но сепак ете Шпанија ќе ја подржам ама стварно не ми се допаѓа како стигнаа до таму, ниту пак мислам дека се толку добри за да одбранат ЕП ама тоа е. Подобро Шпанија отколку Италија за мене.
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Ќе ве замолам полека со Плавушка,оставете ја на раат,нека фрла клетви,мене уште повеќе ми е радост во тие моменти кога победува тимот за кого јас навивам а нејзините мувла фаќаат :D
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ми се спие и ме мрзи да ве читам, ама како и да е - Дојчланд убер алес! ]:) Победници за мене. :rofl:

    За што полагав бре наму јас германски, да навивам за бела Италиа! Хау јес ноу, парлам и италиано, ама Дојчланд и само Дојчланд. Ееее, да бев сега таму, мене ќе ме даваа како ми капнува солза, пу, јазк, се изнервирав. Како машини се иначе, сега најдоа да кикснат. |(

    Ај чао сега. :rofl:

    п.с. Во финалево сум за Шпанија, да му покажат на оној црнион Хулк што дава многу голови што е фудбал. :!: :D
     
    На zarah, Plavusa.17, Marbella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    За мене вечерва нема учење ама нема ни спиење!
    Но морам да го постирам ова-
    [​IMG]
    ту мајку ми, црниот Чак Норис(брадер фром енадер мадер :rofl: )
    И да ве доукопаме веќе ми тргна денес,
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    ]:)

    [​IMG] :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Прикачени фајлови:

    • balotelli-51.jpg
      balotelli-51.jpg
      Големина на фајлот:
      55,7 KB
      Прегледи:
      91
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Ќе има ли натпревар за 3-4 место?Ако да,кога? :)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Јас тоа одамна го кажувам... секогаш, од 1990 навака, Германија тоа го прави... што фајде кога ќе успее да стигне до полуфинале еве, стално губи од некој што не очекувале. Тие секогаш на почеток се форсираат, за на чекор пред крајот да пукнат како издишано балонче. Си признавам дека не ги можам Германците, никогаш не сум ги сакала, едноставно, не ми лежи да ги гледам, ниту нивната лига, ниту нивната репрезентација.
    Ама некој погоре рече дека победата на Италија не била заслужена :^) како тоа? Молам објаснување! ]:)
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.