1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    За мене зборат валда. Навивам за Италија,претходно навивав за Германија,а пред тоа бев за Украина,пошо имаа симпатични цури. А пред тоа бев за Хрватска ради тие старудиите со дојките. А пред Европско бев за баба ми,али она ради повреда не можеше да настапи,така да ништо.
    Се враќаме на темата? :)
     
  2. minimax

    minimax Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Шпанскиот капитен Касиљас со почит говори за чуварот на мрежата на Италија и зборува за критиките кои ги упатуваат гледачите за нивната игра
    Отсекогаш сум се воодушевувал на настапите на Буфон и тој е еден од голманите за кои што имам најголема почит. Тој се наоѓа во фантастична форма и на свои 34 години и заслужува само пофалби поради тоа, со што уште еднаш покажува дека е еден од најдобрите голмани на сите времиња. Во моментите кога ја почнував професионалната кариера тој ми беше идол, како и на сите голмани од мојата генерација, бидејќи не само што станува збор за елитен чувар на мрежата, туку и за комплетен спортист. Секогаш ми е мило кога ќе се сретнам со него, истото ќе биде случај и во ова големо финале“ - изјави шпанскиот капитен
    Повторно сме дел од финалето, но медиумите никогаш не се задоволни. Се бара друг вид на игра, иако оваа што ја практикуваме ни носи резултати. Истото беше случај и пред две години, кога слушавме замерки за нашите изданија, но сепак стигнавме до титулата светски прваци. Немаме намера да менуваме ништо кај себе, но смешно е да слушаме критики дека не играме добро кога повторно сме во финалето од едно големо натпреврување“ - истакна шпанскиот капитен.
     
    На FortuneTeller.xD, starbucks, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    :^)
     

    Прикачени фајлови:

  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Извини Лебетка ама морам да ти реплицирам.
    Што има врска тоа што во Италија има скандали за месетени натпревари, со тоа дека не заслужуваат да победат?М?
    Да не има држава каде не се местат натпревари? Не верувам дека нема.
    Јас во целово првентсво не видов судија кој судел претерано во корист на Италија и во штета на противникот.
    На пола од нас ни се смачи од најдсадна Шпанија и малку прецнетата Германија па си ќутиме
    Се нервирам кога ќе прочитам вакво нешто.
    Кога може Шпанија, зашто не Италија.
    Со душа ги чекам деновите кога и Англија ќе се врати во правата форма па и Холадија, па да видите што е прав фудбал. Зашто овие Шпанциве посебно се еквивелент за најпреценета игра и репрезентација. Германија со години наназад немала победа против Италија и сега се покажа, дека колку и да се добри Германците не се иста лига со Шталијаните. Не е се само во тој досаден пас и таа груба игра и по секоја цена напад, има некоја магија и уметност во играта, која ја имаат само вистиските мајстори на фудбалот.
     
    На JuLleE, Annath и cigarce им се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Хипстер ама стварно нема потреба да дискутираме сега за нешто што се вика вкус. Значи, не ја сакам Италија и тоа е. Едноставно одбивни играчи (на чело со шупакот што го мразам најмногу Балотели :@ ), одбивна репрезентација и нема потреба сега да реплицирате на сите кои не ја сакаме Италија, затоа што тоа нема да промени ничие мислење, може до сабајле да дискутираме ама јас пак ќе си останам на ова мислење. Вие направивте дека само Италија постои во светот на фубалот а сите што не ги сакаат се ментални :D .
    Дека се силни - се. Дека се покажаа на првенството - хмм, можеби ама во секој случај не ми се некако за финале. Вие бодрете си ја, навивајте што да кажам...Работа е на различни вкусови и замисли за добра и атрактивна игра. Јас општо калчо не пратам и некако ми е досаден италијанскиот фудбал (само кога игра Пандев пратам). За местење на утакмици тоа е факт веќе. Па колку контраверзии и скандали имаше со тоа, точно во секоја држава има по малце ама во Италија тоа е најизразено. Не велам дека има нешто врска ама ете, чисто онака кажав :).

    За Шпанија мислам дека милион пати се прокоентира и се слагам дека не играат актрактивен фудбал, ееептен далеку од тоа. Ама еве, во финалето ќе ги подржувам затоа што подобро тие него Италија според мене. А плус не може да порекнете, ниту јас можам да порекнам дека Шпанија е јака репрезентација, Мене кај нив ми смета тактиката. А да играт они со класичен напаѓач и да удрат повеќе на офанзива а да не си ја подават топката како заспани друга ќе е приказната. Значи они играат така оти сакаат, мислат дека со таа игра имаат загарантиран резултат и имаат ама за сметка на тоа ние заспиваме пред телевизор.

    А за Германија да не се повтарам според мене заслужија да бидат во финалето. Сто пати повеќе од Италија иако италијаните победија. Кажав, во таа утакмица не штимаше нешто а и немаа воопшто среќа. Не можеа никако прецизно да упатат удар, одбраната киксна и затоа испадна така како што испадна.
    Но колку и да победувала Италија мене не ми се допаѓат. Секоја чест на успесите, титулите ама не ми се баш пример за добар фудбал. И ако Шпанија удри во финале повеќе на напад т.е. ако ја изменат тактиката ќе ми биде драго да победат.

    Нема да бидам утре на темава па ајде, предвремени честитки на навивачите на кој и да победи. Јас ќе ја фаворизирам Шпанија.
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465

    Прикачени фајлови:

  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Eдно е вкус а друго е општо познаваање на фудбал и фактичка ситуација.
    Факт е дека Италија има подобар фубал него Шпанија секогаш имала, и според мене секогаш ќе има.
    И тоа што местеле утакмици нема врска со тоа кој ќе победи или не, и никој не рече дека не е така, ама игра ли улога со нивната игра, дај не ми бидете смешни дали само заради тоа што месетеле не треба да победат?
    Па и нема врска со тоа дали некој ти е натипатичен или не, за да игра или не игра во финале.
    Типичен пример е Роналдо. Има што го обожаваат и што им е најантипатичен. Јас неможа да го гледам, одваретен ми е, ама ако речам дека незнае да игра или дека е дрво, ќе се избламирам највише на свет. Си има талент човекот, макар што е грд, препотентен за мене. Цела репрезентација на коси на грб и победуваат заради него во голем дел од натпреварите, и колку и да не го сакам, си признавам дека игра топ, имам очи гледам и јас неможам да се фолирам и да ја извртувам фактичката слика пред мене.
    И мене Германците не ми се свијаат ич, најнасилни ми се на свет, па пак реков дека се добра репрезентација. Вкусот за фудбал и твоите омилени или моите нема ама никаква врска со тоа вистинскиот квалитет на репрезентацијата.
    И постојано ги мешата ти две работи и не ве сваќам.
    Реално препристрасни сте, и не ја согледувате правата игра, што е нели најбитно дали е интересна утакмицата па макар и да победи тој што не го сакам, ако играл топ, ќе речам браво, си заслужи.
    И на крај на денот, пак испадна така, не е битно кој ќе победи дали тој што имал најдобри шанси, најдобра игра туку оној кој е фаворит на масата, без разлика на ОБЈЕТИВНОТА критика и мислењето на гледачите.
    А фактот дека титулите не значт дека репрезантацијата е добра и имаат добра игра може да се свати и од две страни-жабе им се двете нови титули на Шпанија, кога имаат најдосаден фудбал. Англија имаше прекрасен фудбал ама нема титули милсам една на светко ни една на европско не ми покажува дека се слаби. Сега се крш да,ама според мене одсекогаш имале добра игра интересна, без груби фаули, глума над глумите и многу ферска игра.
    Ама колку и да невикаме дека значат значат. Зашто играат ондак за златни гаќи?
    Не за да го дигнат трофеот високо и да бидат први. Натревар е, секој игра за да победи, а не да се фолира дека само да учествува |(
     
    На JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Oвој не е саглам :lol:
    [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ох, кажав дека се добра репрезентација и дека можеби заслужуваат финале ама според мене не се баш за финале. Мое лично мислење оти не ги сакам и можеби не сум објективна баш кога се работи за тоа ама таа е... Како тргнала работата уште малку пиштол на глава ќе ми ставите за да кажам дека Италија се најдобри :D.

    Шала на страна, стварно нема потреба од толку замарање, секој има свое мислење и крај. И Барселона е можеби една од најдобрите екипи на светот па не сакам да победуваат никогаш :D. Тоа е, ај поздрав и нека победи најдобриот најпосле (ама не Италија ;) :D).
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^ Извини прво друго кажа, ама ајде нема врска.
    И леле не е замарање, дискутирање е бре, што ќе беше форумов ако секој со секкого се согласуваше или само ако пишувавме мислења без дебата.
    И мене само ме испровоцира муабетот дека кај да победат местачите на утакмици коментар што според мене ти немаше врска со финалево и воопшто со победникот на европсково.
    И фала богу да си навиваш и да си викаш дека Гермаија или Шпанија е подобра за нив навиваш.
    Јас не мислев на тоа во ниеден момент да не навиваш за Шпанија.
    Ти малце ги измеша работите со местачите на утакмици, ама ајде нема врска.
    Знаше дека нема ништо против тебе, баш напротив, ама сакам добра дебата, и секогаш многу се внесувам во своите факати и аргументи и одам до крај.
    И научете да разликувате од препрукување од дебата ве молам. НЕ СЕ ПРЕПУКУВАМ СО НИКОЈ, само си идам контра на секое мислење кое сметам дека имам факти против него.
    Одвај чекам утре, јас ќе гледам со 4рица мажи сите сме за Италија комплет има да има дерење викање, пцуење како кочијаши :D
    И за крај ќе ја цитирам Јулика зашто едноставно е тотално во право и се соглaсувам со неа 102.3 посто :lol:

     
    На LilBaby, JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Навивам за Шпанија од ко знам за фудбал, значи покрај Реал како клуб навивам за Шпанија како репрезентација.
    За утрешниот натпревар, не сум баш најсигурна! :smirk: Сакам да победи Шпанија, ама мојата интуиција ми го кажува обратното или оној смотанко од дечко што го имам ме навел на тоа незнам! :rofl:
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Во ред е Хипстер додека се разбереме ние :tmi: :D . Значи уште еднаш повторувам за Италија никаде не кажав дека играат лошо или такви ствари. Туку зборувам лично од моја перспектива, дека јас не ги сакам во финале и не сакам да победат. Причина? Едноставно не ги обожавам баш, уште на почетокот си кажав. И поради тоа некако ми е тапа што се во финале, репрезентација која ми е понеомилена.

    Туку океј си е дебата, и јас сакам ама ова стварно вртење во круг испаѓа. Јас ја неќам, ти ја сакаш и ај сега така нема разбирачка :). Ниедна нема да си го смени ставот и тоа е. И ај остани ми поздравена, ако не друго бар ми е драго што на форумот има женски кои се загреани за фудбал. Нема веза што често имаме спротиставени мислења ;) :).
     
  14. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас сепак мислам дека Шпанија ќе победи, на цело првенство сите мислеа дека со таа игра кога-тогаш ќе изгубат, поготово после лошата игра со Хрватска. Одма почнаа сите да викаат е сега со вакава игра ќе изгубат од Франција- не се случи, потоа сега ќе изгубат од Португалија-пак не се случи. И сега се крена една огромна фама као демек леле италијанците колку се јаки WOW, сите се убедени дека ќе победат, ама.... мое мислење пак Шпанија со нивната досадна за око, но ефективна игра, ќе си победи.
    Мое мислење, но сепак останува да видиме вечер :^) И всушност кој сака нека победи, ни едните ни другите ги сакам :lol:
    А за таа изјавата на Балотели во врска со Шакира, крајно безобразно и нарцисоидно, само да не му се удри таа нарцисоидност и занесеност од глава вечер :lol:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    И јас така мислам :rofl: ...

    - Висенте Дел Боске ја шокираше шпанската јавност. Селекторот на „Фуријата“ во разговор за Deportes Cuatro најави не еден, не два, туку три напаѓачи.
    [​IMG]

    Веќе одлучивме со кој ќе го започнеме утрешното финале. Одиме со три напаѓачи“, изјави Дел Боске.

    Шпанецот до сега на Еуро 2012 ретко ги користеше услугите на неговите напаѓачи. Скоро на секој натпревар Цеск Фабрегас ја играше улогата на напаѓач, меѓутоа се чини дека Дел Боске ги чуваше џокерите за финалната средба.

    Ќе биде многу интересно да се види со кого Дел Боске ќе одлучи да настапи на натпреварот против Италија, со оглед на тоа што на клупата има 4 феноменални напаѓачи – Торес, Педро, Љоренте и Негредо. Од сите напаѓачи единствено Фернандо Торес собра пристојна минутажа. Напаѓачот на Челзи настапи на 4 натпревари и постигна 2 гола.

    „Нека знае цела Шпанија дека моите играчи ќе дадат се од себе во финалето.“

    Инаку шпанците на утрешното финале ќе имаат прилика да станат првата репрезентација која последователно освоила 3 големи натпреварувања ( Еуро 2008, СП 2010), но Дел Боске тврди дека тоа не е дополнителен притисок за неговите играчи.

    „Непотребно е да зборам за тоа колку е важен овој дуел. Моите играчи ја претставуваат својата нација и тоа е доволен притисок за нив“, порача Дел Боске.

    „Мораме да ја респектираме Италија која игра феноменално. Четири пати го освојуваше Светското првенство и игра одлично на овогодинешното првенство. Меѓутоа сакам цела Шпанија да знае дека моите момци ќе дадат се од себе на овој дуел“, заклучи Шпанецот кој на заминување кратко одговори на прашањето:

    Кој е подобар Касиљас или Буфон?

    „Касиљас!“

    Браво зверу, во финале ти дојде умот, едвај чекам да гледам добар фудбал, нека победи подобриот, т.е Шпанија ;) :lol: :l:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  16. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    ШПАНИЈА НАПРЕЕД! :D
    ♥♥♥SPAIN♥♥ forever in my HEART! ;3 ♥♥
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    ESPANiА!!!!! <3 <3 <3
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.274
    Пол:
    Женски
    Јас очекувам добар фудбал. Ќе видиме како ќе биде, нормално дека сакам и верувам дека ќе победи Италија, сепак Аѕурите ми се во срцето веќе две децении. Ама ако Шпанците ја умртват играта, нема да биде добро.
    BlackSwan, една работа не ти е на место - можеш да не ги сакаш Италијанците, плукај по нив колку сакаш, нека ти се антипатични, ама не можеш да кажеш дека незаслужено победија во мечот со Германија. Сè, сè, ама тоа не :!:


    И кај да пишам, нема тема за Јуве... мојот Але си заминува :'( после 19 години верност, реши да си замине, и малку ми е криво... кај ми се погоди сега, овој период... ама тоа е... Јуве нема да ми биде истиот тим без него, ама сепак, останувам црнобела до крај!!!
     
    На Hipster и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    јас ќе сум малце офф топик, ама можеш во Фудбалски натпревари да пишеш за вакви работи, или пак отвори си тема за твојот Јуве ;) ^_^
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.316
    ^
    А што е па толку страшно па и во споилер искоментирала за Дел Пјеро дека заминува од Јуве? :^)
    И претходно имаше коментари за други фудбалери кои не се дел од Светското.
    Се фаќате за сламка.
    Или трн во око ви е Италија и се што е поврзано за Италијанците.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.