Еј што сречковци се германците Слаба игра на Германија. Ако продолжи вака тешко дека ќе направи нешто повеќе Штета за Португалија. Заслужија барем нерешено, ама не си ги искористија шансите. То је то, утре се надеваме на поинтересни утакмици.
Ееее како не сречковци, па се држеа Португалциве јест да Роналдо никаде го нема за разлика од Меси на пример, а се ширеа обратни муабети ама нема врска еве евидентно и очигледно е - мислам нас не можеше гол да ни даде човекот, наааас кубикот дрва . А прееска ја се шокирав на Холандија-Данска си реков Холанѓаниве ќе примат уште еден од контра
Да не ти се верува дека може да ти се смачи од ова фудбалов, секоја година некакви првенства, те балкански те европски те светски те интергалактички... секаде изнаставиле видео бимови, урлаат сите на голови, да неможеш на раат да си искочиш и мирно се прошеташ.
Ноќна мора ви е Роналдо значи, од уста не го вадите на секоја тема го споменувате Ама простено ви е, страшни кошмари ви приреди годинава и тоа на ваш терен Што се однесува на првенствово, сеуште немам фаворит, чекам да видам како ќе се покажат репрезентацииве, ама за фаворизираните екипи сигурно нема да навивам(освен за Холандија де) ако уште ја сметаат за фаворит .
^Не па пошто тој највеќе се издвојува од репрезентацијата, а и да возвратам на ударот дека го немало Меси хммм хехе
За Германија сум,ама денес слабо играа,и да среќа имаа,оној Гомез не да не можам да го смислам ама ај ги спаси денес. мене многу ми се свиѓа таа еуфорија,тука на секое ќоше има јавно гледање,сите колите со германски знаменца и онакви за ретровизорите,се навива на големо во секој кафич,ресторан,секаде телевизори,сите во трикоа облечени,испоцртани на лицата,уствари и во Ск мислам дека не е поразлично ,ама друго е кога ти игра репрезентацијата.и тоа најмногу го сакам кај фудбалот,што ги спојува луѓето
Данска победи, да не ти се верува . Ама подобро така, малку да се раздрмаат фаворитите. И уште еднаш се покажува тоа дека нема врска кој е фаворит на хартија, сешто може да се случи. Мене искрено ми е драго што тепаа, Холандија не ја баш сакам поради Робен и Де Јонг. Инаку ако ми беше во план порано да си легнувам оваа вечер супер ќе ми дојдеше утакмицата меѓу Португалија и Германија . Јас се чудам како не заспав прво полувреме. Второ не можев да гледам ама драго ми е што Германија победила. Иако не знам што им е на швабиве, мора да се поправат понатака. Никаде не ја видовме таа игра од светското. А за Роналдо, па јас не знам зошто го критикувате ама мене солиден ми беше. Се на се, барем во прво полувреме никаква игра и за двете репрезентации. Меѓу Данска и Холандија беше дека дека поинтересен фудбал а баш за таа очекував дека ќе биде подосадно. И баш ми падна смешно ова, абе срцки се .
Денес Шпанија - Италија ихааааа. Ќе земам ја фрулата (флејтата) да навивам малце, навивачки дух по дома да придонесам. Дечко ми е за Италија вечен навивач, али who cares, ја сум за Шпанија. За жал, ГОЛЕМА ЖАЛ, нема да ја гледаме заедно утакмицата, ама ќе го боцкам преку телефон . . . Италија е многу слаба последниве 4-5 години, од една веле сила со Франција, се изгубија годиниве наназад, нигде ги нема, не се тоа што беа, се надевам тоа ќе продолжи и денес. Не очекувам многу голови, до 2 највеќе, за 3 би се чудела. Црвената фурија денес на репертоар. И еден гол на Торес нема да шкоди, Јипи да се израдува малце.
Германија победи лалалалалал И Роналдо никад не се покажал добар за Португалија , тоа се виде и во светско и во сите Европски до сеа па и ова.... Германија ај ќе иде понатаму ама Данска да иде пред Холандија и Португалија Патем .....зверка
Оваа матурата не ми дава да го гледам Европското па не е фер. Ама, денес конечно ќе гледам Шпанија-Италија. Навивам за Црвената фурија, секако. Многу ми е жал што Виља нема да игра на Европското, на Светското беше најдобар. Ту бре колку многу го сакав тогаш. Ме разочара што отиде во Барса. Едит Леле, ама се гадови овие Италијаните.
Mногу непредвиливи првиве неколку утакмици. Полска-Гциве 1-1 Ма дај. Никогаш ни на крај памет дека Холандија ќе изгуби од Данска. Среќа не се полакомив, и не ставив 500че ќе се каев. Вечра ја гледав утакмицата Германија-Португалија, ептен досадна, ама мило ми е што тепаа Германија, циго пачеше после во соблекувална Инаку се знае, за Италија ќе е навива, и се надеваме на победа, ма да не ја потценувам Шпанија, aли мора да се вртиме во форма, Мислам дека Русија далку ќе прогура, така ми мириса нешто
Немаат пола напаѓачи, играат без Торес и Виља така да монотон ми е натпреваров со исклучок на некој шут спрема гол. Единствен хајлајт ми е новиот фриз на Рамос.
Што одбрани Касиљас. Цар е човекот, не за џабе е прогласен за најдобар голман. Виктор Валдез не му е ни до колена.
Мене не ми смета тоа што од Барселона повеќето играат во Шпанскиот национален тим. Јас навивам за Шпанија, без разлика за кој тим играат фудбалерите. Еве, кажав претходно дека Виља ми е омилен, а игра во Барса. Edit Некако не ми е интересен натпреварот. Edit2 Што промаши Италијанецот.