Со каква и да е игра, двете репрезентации се добри и кој и да победи ќе биде заслужено. Балотели еј-кеј-еј Супер Марио, ние имаме еден Ел Нињо што вечер може да ја повтори 2008 и да ве остави подзинати. http://www.youtube.com/watch?v=lV2HG2Or ... r_embedded
Незнам тебе шо ти засмета, она напиша дека незнае каде да пише, и јас и напишав дека може исто во Фудбалски натпревари ако сака или да отвори тема за нејзиниот омилен клуб, нити пак ми засмета шо коментирала нешо во сполјер, господи поможи јас немам никаков проблем со Италија, нив ги бодрев да ги победат Германците,незнам шо ти е проблемот , неможам да разберам?
Aу Mарбела, ми го направи денот уште толку совршен, денес само убави вести слушам, ма поубав не може да биде! Aх, ќе ми се исполни сонот Tорес и Фaбрегас да играат заедно во напад, и нека ги решат, ќе ги сањаат цел живот. Cамо дај боже да не глуми лудило стариов, и да го оствари тоа што го рекол, леле пуста јас едвај чекам вечер да дојде, спремна сум и физички (гласовно) и психички за натпреваров. A еве уште нешто сакам да кажам, па вие сфатете го како мој комплекс или како год. Cлушам вчера, завчера Италијаниве збореле демек како `добро е дотука што дојдовме, никој не веруваше во нас бла бла`. A навивачите не верувале во вас а? Aбе боже ме сачувај, ко онаа Mаја Лена на Cрвајвер, добро е и дотука што дојдов, горда сум на сама себе . . . Божем дошле на Eвропсково јагоди да собираат, па добро и толку што собравме, ќе има за цела година. Hели сте класа, нели имате играчи од светски ранг, магионичари, што глумат лажна скромност бре, демек не беа они фаворити во група заедно со Шпанија. Hе беа во форма како некогаш ама пак уште пред почетокот, се типуваше дека ќе освојат 2ро место во група це. 3начи стварно немам коментар. Играј фудбал, затоа си дошол, ги победија Hемците, стигнаа до финале, па сега демек се вадат ако изгубат, ај на друг нека продаваат лажна скромност, си дошол до финале и не глуми лудило, секој дошол на Eвропсково да победи, па сега уште еден натпревар им остана до самиот крај ќе се тапшаме по рамо. Eбате!
Абе полека и германците ќе рушеа.. Кој високо лета... знаете Инаку да веќе пред да почни европското сите ја отипишаа Италија, никој не веруваше во неа, сите мислеа ќе се посрамотат ко на светското и демек вас ви е криво што стасаа до финале, па ви е онаква искрена игра , игра со срце ја нема никаде .
И јас скокав од радост коа прочитав, се надевам дека нема да му рогне нешто да мени тактика последен момент ама тој е непредвидлив знаеш, , и јас сакам заедно да играат, цело европско помина а не заиграа заедно кутрите, А гласот ми е спремен за викање вечер, дома ќе сме друштво собрани, брачеди, чичковци стриковци, таткоми сите само ми се контра за Италија ама ќе ги растуриме со брачедами ќе пукнат од мака, а прихички не сум толку, од сеа ме фатија бубачките, а тек до вечер....
Вечер нема да навивам за никој, фаворитот ми испадна и сега и да сакам неможам да поддржувам некој друг. Иако морам да признаам дека малку повеќе ќе ми биде мило ако победи Италија. Шпанциве според мене се малку досадни и пасивни, Италија внесува повеќе акција и возбуда во играта, па затоа. Големи се шансите Шпанците да се бранат и со еден гол да дојдат до победа, ама не сакам да биде така. Ми се гледа возбудлив, неизвесен фудбал со многу голови.
Општо сум забележала една појава на форумов и морам да ја искоментирам. Секој сака да се буцка за некоја грешка на нековиот противник на неговиот омилем тим/играч, и се постираат тука интервјуа, пикантерии, триста глупости и да се зајадува со коментари до утре сабајле, а кога тој негов омилен ќе напраи некоја голема утка се криете во мачја дупка и одма превртувате очи као ма дај што ви е замарате со глупости. И тоа не само за првенстово општо за сите спортови и често се одвраќам од темиве само заради тоа. Абре сум го видела тој Пиќе, нека си ја чува Шакира да не го октачи за овој блесавивов И мислам дека е јасно како ден дека секој сака да победи неговиот фаворит, е сега ако не тоа е, повеќе среќа следен пат. Или мислам дека и едните и другите нормално целат кон победа. Само читам и се чудам, Шпанија имала напаѓачи? Епа простете ама тој Дел боске не да не е со сите, не ги ставал до сега, ги чувал за што, зимница? И последен пат и фудбалов не е тоа што беше. Да уживаме вечер во натпреварот па нека победи подобриотИталија де Спојлер
Лил ставот им е таков бидејќи на Светското беа бранители на титула, а ни групната фаза не ја минаа. Беа во лоша форма. Никој не очекуваше дека ќе се вратат. Ист е случајот со Англичаните. Се работи за репрезентации кои зад себе имат успеси, титули, играат и играле фудбалски легенди, ама ете постојат и такви кризи. Ете и Франција, од силна репрезентација сега не остана ништо, но тоа не значи дека нема да се повратат. Не би требало да ви е чудна таа нивна скромност, баш затоа што пред две години беа дрва, а вечерва играат во финале. А и факт е дека не беа фаворити, повеќе се типуваше на Хрватска, отколку на Италија. Коментирате дека ако играат Торес и остали напаѓчи, тогаш Шпанија ќе биде незапирилива. Јас би рекла само почекајте до вечер, да не има реприза како со Германија, каде веќе и го прогласивте финалистот. Сите, ама буквално сите пишувавте дека Германија оди во финале, ќе ја прегази Италија. Ама видовте, Италија ја згази Германија. И уште ова, до некни во темата Фудбалски натпревари го плукавте Торес, за кој морам да кажам дека ми е најсветлата точка од цела шпанска репрезентација, а овде го величите ко да е Бог, демек он ко игра Шпанија е незапирлива. Одлучете се сега, го бива или не го бива Торес . едит: Со почит кон Касиљас, заедно со Чех се меѓу најдобрите голмани, но луѓе мои да го споредеш со Буфон и да велиш дека е подобар? . Ќе биде, можеби, ама има уште време. Јас сум фан на Милан, ама му се поклонувам на Буфон. Човекот е цар, гениј, Касиљас може да учи од него, а може и подобар ќе биде, ама еден ден. Сега не.
Ииии вечер ќе заврши летниот распуст на Балотели. Овој пат наместо со корнет знаменцето ќе се игра со златниот трофеј! ФОРЦА!!!! Ајмо жабари, ве потценуваа ама покажавте најдобра игра до сега во првенството. Шпанците се протнаа до финале, ама вие го заслуживте финалето. Покажете кој е кој. Смачкајте ги овие што се преценуваат и живеат на стара слава!
Ниту еден натпревар не гледав, ама реков дека финалето ќе го гледам Не сум баш информирана Негде околу 9 сатот ќе почни?
А вчера стварно немаше натпревар за трето место? Малку ми е чудно тоа, бидејќи вообичаено се игра и за трето место.
Deutschland über alles!! Германија е мојата екипа, они беа и ке останат мои фаворити, за мене они се најдобра селекција и крај, тоа не е спорно Е сега, за финалево... Ќе навивам за Италија, затоа што шпанциве ме разочараа ова европско, не дека не заслужено стигнале до финале или не се добри, блаблабла... Едноставно не ми се допаѓа таа нивна пас игра, премногу се досадни. А и поради фактот дека Германија изгуби од Италија, па кога веќе изгубија нека биде од шампионот
Aх Jуле ја го обожавам Tорес, и од мене нема да чуеш лоши критики за него дури и кога не му идеше сезонава во челзи, такви критики имаше од Jипи и Плавуша и не знам уште од кого. Tорес е одличен играч и верувам дека ќе биде уште подобар од неговите сјајни моменти во ливерпул. Aј добро сега ако ние сме пристрасни, што да кажам за вас. Aутсајдери сигурно не биле Италијанците, реков дека 2то место во групата го сметаа за Италија, ама добро ако сакате да се тешите демек `со пот и маки сте стигнале до овде` нека ви биде. И да, лажна скромност е според мене. Hема никаква потреба да се вадат на муабетите дека не биле поддржани не знам што како, а таа публика што ги прати од почетокот на првенството за што е? Eве и овде има поддржувачи, или дека биле слаби па не сте навивале за нив? Cтигнале до финале како и да е, и нема потреба сега да ги сожалуваме како биле отпишани или не знам што. Kрај краева, не се Cеверна Ирска, Италија се. Hели и вие сами кажавте. И нигде не пишува дека треба овде да се пишува само за играта на терен. Cе постираат и изјави, и оние коментари на твитер за Пирло, дали Балотели бил или не посвоен, па никој ништо не рече тогаш. Mоже на темава што било да се постира ако пак е во рамки на Eвропсково. A врти-сучи пак е поврзано со фудбалот.
Кога сме кај Плавушака кај ја снема бре? Плавушка не е темата таа без тебе Се одјавувам од темава до утре. Форца Италија, форца шамиони Супер Марио немој да не извериш вечерва, сакаме реприза од четвртокот Спојлер
Со нетрпение го очекувам почетокот на финалето. Како што кажав уште од самиот почеток навивам за Италија. Ќе го кажам моите очекувања од денешниот натпревар. Мислам дека Италија ќе победи, а од Шпанија очекувм дека ќе ја покаже својата типична (пасивна) игра а и не ми се верува дека ќе постигне нешто многу голови. Но, не се исклучува и можноста никој да не постигне гол или пак да заврши 1:1 на крајот на регуларните 90 минути. Секако, ова е само мое предвидување а дали навистина ќе биде така ќе дознаеме за неколку часа. Forza Azzurri
Јас за вечер сум си скроз искулирана,имам чувство дека ќе ги згазиме Италијаниве VAMOS!!!! http://www.youtube.com/watch?v=0S19dt7JWQs