Не сум видела волку конфузна одбрана на Италија одамна.Нека се менува тактиката одма оти мав им е работава. Мразам што морам да го пишам ова но Шпанија води заслужено... бтв - се надевам на израмнување
Шпанциве многу подобра игра покажаа во првото полувреме, затоа и резултатот е во нивна корист. Не се исполнија моите очекувања. И да, нема да кажам дека головите ги дадоа на среќа и ред други работи. Се надевам дека Италија ќе се обиде барем да израмни, по можност да направи пресврт. Надежта последна умира. ИТАЛИЈА
Ајде "италијанки", каде сте?? Мило ми е што конечно серијата ќе биде прекината со победа на Шпанија, редно е. И заслужено. Viva la Espana! Хах сега гледам, анкетава погоре кажува од порано ...
Уште кога Шпанциве го дадоа вториот гол јасно беше дека ќе губиме, паѓа моралот на играчите.. Плус сега со играч помалку .. многу тешко да дојде до израмнување.
Еве сме За жал изгубивме , Шпанија имаат предобра игра но сепак не ги сакам, и кога губи Италија од нив не се откажувам
Тука сме шпањолки Совреме ќе честитам победа на Шпанија, бидеќи треба да се одјавам.. заслужено -И да напоменам, не сме како вас никаде да не нема кога губиме!!!! Форца Аѕури, засекогаш !
Eте зошто требаше да го стави Tорес во прва постава. Hе знам дали знаете ама ми го посвети голот con todo su corazon. Aјде, едвај чекам да се подигне пехарот! 4:0 Bе потопи Aрмадата во секој поглед. Eпа, епа довидување! Aјде нека ја зачепи устата веќе Панчев, понепристрасно коментирање од негова страна кога игра Италија, не сум чула богами. Cекојпат кога игра он коментира, па мислиш богови се симнале на земја па ги коментира. A и не дека неговите години изиграни таму му беа брилијантни, напротив се унакази, дали по 2 гола во сезона даваше, ама ајде, нека се кити. Mора да се испофали: `јас кога играв, јас кога бев таму....`.
Торес кога не дава голови не дава, кога дава не се ни потребни ама ајде да биде по интересно Добар натпревар во секој случај. Заслужена победа
За жал, заслужена е победата... честито Шпанија, кренете го пехарот Италија засекогаш (баш ми е жал што изгубивте)
На моја голема жалост, Шпанија заслужено ја освои титулата. За Италија немам зборови, едноставно потонаа... не го гледав цел натпревар, ама во првите 15 минути знаев дека Италија нема шанси - како да не е истиот тим кој играше против Германија. Здрави живи да сме, некој нареден пат ќе биде. За мене, како и секогаш, без разлика со кого играат, Аѕурите секогаш ќе бидат број еден. Ај сега радувајте се што Италија падна. Честитки за искрените навивачи на Шпанија. Толку од мене на темава, заврши уште едно ЕП. А за две години - СП