Mаливе на Tорес. Hора и Лео. Aх леле срциња мали најслатки, види ги како трчкаат. A и на Pамос малечково срценце, абе дечиња! A нормално Панчев да не пропушти да каже дека сите најдобри стрелци имаат девојчиња. Hели дека он нема 2 ќерки. Aбе фраериште, се испофали.
Му реков на мојте дека Торрес ќе клај гол, татко ми се противеше Италија ќе тепала. Ете колку тепа Леле Торресс со Дечињатаааа , а срцкаааа му блазесвам на жена му Честита победа Шпанци ја заслуживте, и нека вие честита титулата
Слабо, многу слабо второ полувреме. Ептен депресивно и монотоно, особено откако Италија остана со играч помалку. Шпанциве многу добро знаеа да ги искористат своите шанси и затоа резултатот е онаков како што е. Можеше барем да остане 2:0 ама некако Италијанциве пред време се предадоа, а таа особина воопшто не ми се допаѓа, требаше до крај да се борат. Далеку подобра игра покажаа на претходните натпревари, посебно со Германија, а Шпанциве по се изгледа се чувале за финале. Ама тоа е тоа. Заслужена победа за Шпанија. Ај за 2 години на светското баш би сакала Шпанија-Италија финале ама резултатот обратен. Ама ај да не зборам многу-многу затоа што се што кажав денес обратно излезе. Едно е најважно, сум била и секогаш ќе бидам за Италија, па макар и да губи.
Македонија 4:0 Грција За прв пат во живот гледав фудбал. И одма си направив асоцијации, разбираш. Шпанија имаше црвено-жолт дрес. Македонија. Италија имаше сино-бел дрес. Грција. И така јас си бев за Шпанија. Занимација си наоѓав, малце ми беше досадно. Обично ги гледам пеналите. Во тие 5 минути, се се решава. А не 90 минути да чекам за еден гол. Па уште Грците ставиле голман, Буфон, коњот на Александар!(по татко ми) Ма ај ти се молам. Само сакаат да не провоцираат. Наш е Александар. Шала на страна. Бев за Шпанија. Оти знамето на Италија ме асоцираше на оние смокине со пица, а јас на диета.
Шпанија! Најзаслужена победа! Откога го имаат составов се најдобри, а и додека го имаат ќе бидат! Малите беа на Торес? Не знаев, преслатки деца има
Предобро беше за гледање вечерва, УБЕДЛИВА победа на Шпанија. Јас не видов ни д од досадна игра, ниту нешто што ми укажуваше на тоа дека не заслужуваат да се во финале и дека се преценети. Ги скинаа бе, ги скинаа, 4-0, ахах...
Гледав трофејот како го гравираа со "Espana" во 2008 година, гледав и сега!! Секоја чест!! Се гледаше дека се чуваат за финале. ШПАНИЈА, ШПАНИЈА, ШПАНИЈА, ШПАНИЈА, ШПАНИЈА!!!!!!!!!!!!!!!! Најдобар дел од натпреварот: Радоста на фудбалерите и нивните малечки
Им честитам на сите феминки кои навиваа за Шпанија , и иако јас навивав за Италија (и ќе продолжам да навивам ) сепак признавам дека Шпанците денеска подобро играа. И покрај тоа што многу ме изнервираа последните голови на Торес сепак многу ми се допадна што Рамос носеше маица со еден шпански играч којшто починал во 2007г. Ќе дојде времето и на Италија
Честитки, браво Шпанија. Се протнаа до финале без забележителна игра, некако на стара слава, ама финалево им беше Италија па обратно, покажуваше добра игра и во финале оп own: Тоа е, се гледаше дека шпанците спремно влегоа во финале, апсолутно ги прочитаа италијанците и не им дадоа речиси воопшто да играат. Дури и поголем број голови можеа да дадат. Браво Но затоа ќе кажам дека најдобар играч на натпреваров, а може и на првенствово е Пирло. Човеков го држеше средниот ред, играше фантастично одбрана, му асистираше на Балотели и на другите напаѓачи, изведуваше слободни удари, изведуваше корнери, Пирло го имаше секаде на теренот. Секогаш во преден план се фудбалерите што даваат голови, се величи Балотели зашто човекот даде неколку ѕверски голови а и е шема, си се фолира и занесува. Ама Пирло ти е човек кој е секогаш сталожен, секогаш спремен за акција, апсолутно 100% подготвен за свои 33 години. Тоа е човекот кој Италија треба да го величи.
Aј дај ми број и ќе се слушнеме. Не е проблем, ич не ми е тешко да објаснам како и што за Европсково. Ај ти се молам објасни ми зошто би ми било досадно? Еве сме. Се случи тоа од кое најмногу се плашев. Италијанците да се затворат и да играат бункер. И тоа барем добар бункер да играа, ова беше многу слаба одбрана. Како и на се капак Киелини се повреди, Тиаго Мота влегува и се повредува и тоа е тоа. Италијанците кога веќе се одлучија да играат бункер требаше да ги чуваат играчите а не да го чуваат просторот. Како да сакаа да го затворат просторот и многу слаба особина му е тоа што се префрлаат каде што е топката сите. Ако оди на лево сите на лево, ако оди на десно сите на десно. Убаво реков дека единствена шанса да ја победат Шпанија е со играта на Португалија, т.е да ги стиснат. Штом видов дека бункер ќе играат, јасно ми беше се. И не ми е криво што Италија изгуби, криво ми е што Шпанија победи и што ќе мора да ги трпам идиотите од навивачи кои не знаат кои играчи играат внатре, ама слушнале дека Шпанија е као јака и ајде сите за Шпанија. Еден офсајд не знаат што е, од фудбал ф не знаат нашле да ликуваат колку му е репрезентацијата јака. Ако, Шпанија е моментална мода, а модата поминува. Ќе им помине модата и нив исто како на Фарса што и помина, со таквото во раце си останаа годинава. Само треба да се прочитаат и тоа е тоа. Јас веќе не гледам фудбал, ич, ни во Милан тема, ни првенства ни ништо. Толку од мене, немам нерви јас за вакви работи. Само да ги поздравам Јуле, Хипстер, Ана и Росоњерка и да им кажам дека многу пати ме израдувале нивни постови, реални навивачки, без провокации, без ликување и со целосни критики кои се издржани и без коментари wewewewewew Шпанијааааааааааа срциња мои најјјјјјјакииииии сте. И до Боа, иако не навива за Италија мерак ми е да ја читам. Ајт.
Aјде уште една вест и се одјавувам вечерва, Tорес е прогласен за најдобар постигнувач на голови нa Eвропсково (top scorer де) , со 3 гола и 189 минути изиграни. Bаква титула се дава на фудбалерот кој има постигнато најголем број погодоци од Eвропскиот шампион. Eте така. A за најдобар играч сеуште не се знае, веројатно во наредниов период ќе биде прогласен тој фудбалер. Aјде поздрав.
Еве ме и мене,малку поише зовриен ради натпреварот,али тоа е што е. Шпанци,искрено гледано,вие сте тотално непожелни за гледање,имате толку досадна игра што радо би гледал маратон на La Linea и Tелетабиси. И победивте. Бевте подобри,честитам. Италијанчиња,без бедови,Италија и покрај сите оцрнувања за местење натпревари,што коментаторот секако не одби да ги спомне,беше класа вечерва. Во едно не се согласувам со никој тука. Одбраната беше најмалку крива за поразот на екипата. Во принцип,одбраната и највеќе се жртвуваше за резултатот по првото полувреме да биде 2-0. Одбраната играше одлично,но како што беше очекувано,дефанзивците тотално се ИСТРОШИЈА. Немаа сила воопшто,зошто беа клучен дел од тимот и против Германија,и против Англија. Тоа што најмногу влијаеше поразот да биде толку катастрофален беше тоа што немаше никакво поврзување на одбраната со нападот. Кога требаше да се брани,беше назад цел тим,кога требаше да се напаѓа,углавно оној на кого му беше доделена топката беше во безизлез,немајќи на кого да ја подаде топката и соочувајќи се со целиот шпански тим. Не можевме да очекуваме офанзивата да игра добро кога немаше поткрепа од одбраната. Тренерот требаше да игра отворено,затоа што одбраната на Италија не може да се концентрира целосно на игра што се основа на постојани додавања. Требаше да се игра офанзива и да се оди на се или ништо,барем немаше да заврши волку лошо. Жал ми беше да ги гледам на крај,и станав од пред телевизорот. За крај,честито Шпанија,браво Италија за одличната игра целокупно на првенството,се држевте одлично,и мн жалам што Дел Пиеро не беше дел од тимот годинава. Браво Пирло,еден од двајцата играчи за кои имам највеќе почит,заедно со Дел Пиеро,историјата на италијанскиот фудбал. Браво Монтоливо,браво Буфон,ѕверу! Штета што Ночерино не беше внесен вечерва,мислам дека можеби ќе сменеше нешто. Балотели,има и за тебе љубов,само полека малку,гледај да не ги убиеш сите околу себе. Сепак си уште млад,но имаш потенцијал. FORZA ITALIA!
Реков јас кој ќе победи само не очекував бре олку да ги наполнат Браво стварно, тотално ги надиграаа, се изгубија италијанците не знаеа кај им е газот. Балотели како што и очекував, му се удри од глава нарцисоидноста. Финалето од една страна изненадно добро што се однесува на Шпанија, растур направија, но досадно бидејќи само тие играа, посебно второто полувреме, само пред голот на Буфон се играше, кутар човек И за крај незнам што да речам освен Честитки за најзаслужената победа на Шпанија досега, се чувале батињата за финале И....и покрај се Германија
Оф оф офффф ај што ми е мило ем драгооооо! Влечуги, се довлечкавте до финале, ја отпаднавте мојата најсилна Германија, ама затоа па ви се врати дупло 4:0 оф оф оф МЕРАЦИ и сега уште поболно ви е опаааа И 5:0 и повеќе ќе беше, чист НЕДОСУДЕН пенал за Шпанија не го досуди за да не ги отпише веднаш Италијаните со 3:0, и две што ги спаси секако Абате (да не речам Милан школа) пред голот на Буфон, и уште мнооооогу многу други работи... Буфон, човек јак си ама кај беше на натпреваров, м? Малце жал ми падна за нивните искрени солзи особено на Бонучи - чоеков зајде од плачење, Пирло исто... за Балотели малце криво ми беше, ама кое е тоа револуционерно напуштање на теренот одма по 93тата, да не не беше ферски натпреварот или?! Сосем нефер се понашаше, па кој им е крив, противниците сигурно не. Ахх...Икер пак ќе речам свака ти част човече, какво бранење е најдобар си во Европа дефинитивно, а кога го крена пехарот па, па, па ептен заслужено голман за пофалба и аплаузи. Буфон? Се докажа дека си појак од него. И Жорди Алба коа го дае голот си реков ахх знаеме кој да зееме во Барса. Чави и Иниеста - нешто докажано, нешто за кое не треба коментар, некоја најјака комбинација ми се. Пике... најдобро му стоеше нему и на Икер пехарот. Торес... првпат да се израдувам на негов гол, браво. Мата... влага чоеков гол дава одма, Торес што му намести. Браво и за Силва, онака ко за почеток, почетничка среќа. Како што кажав, Германија ми е намбр 1, а ја сакам и Шпанија и поддржувам како намбр 2, ептен ми е мило што ги скапаа на овие, и тоа 4:0 ппапапапапаа ЈАКО! Да судеа судиите како што треба, и бетер ќе беше. Жолтиот на Пике, ептен без потреба, ама нема везе, а? Ај, ќе им се прости, пак се покажа кој е подобриот и покрај судиските грешки. Многу ми е мило што освои Шпанија, ја имаше мојата и поддршката на фановите на Германија, и според мене таа е единствената која покрај Германија го заслужува ова, ЕДИНСТВЕНАТА! Браво за историскиов настан, за ваквата одбрана на првото место, браво за целата репрезентација, браво за сите фанови на Шпанија воедно и ЧЕСТИТКИ, иако не успеа Германија до големиот сон, големото финале меѓу Германија и Шпанија, сепак ми е мило што Шпанија е европски првак. БРАВО!
Тоа е тоа Воедно и цел коментар на Plavusa.17 Пукнав од мака Германија што ми изгуби, сега целата мераци се утепав од скокање што губеше Италија без разлика што не навивам за Шпанија Од италијаните само Пирло си го поштувам, ептен ми беше криво кога го дадоа на крај со насолзени очи Али злато тоа е Али за црнецот - пукниииииииииииииииииииииииииииии хахаааааааааааа Веќе си ја испланира победата во финалето, си ја посвети епа НА