1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Оооо Дааа!!!!!!!
    Се прерадував што изгуби Италија!
    И тоа дупло од тоа што ја победи Германија 8)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Честитки до Шпанија....заслужено :bow:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(


    [​IMG]

    heartbreak </3
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Патетични жени се собрале да коментираат.
    Навистина се гледа колку ниско размислувате.
    Се потсмевате на врвни фудбалери.
    Темиве со големи спортски натпреварувања на фемина се едно големо срање.
    Не знаат 3ца фудбалери, а биле врвни навивачи на одредена репрезентација и делат памет. пфф.
    Среќа 99% се жени со ниско познавање на фудбалот (а кои се дуваат у себе дека се навивачи, нормално зашто изгледале 5 натпревари по 90 минути), па си се надополнуваат со глупите коментари.
    Фала богу заврши првенствово за да не ве читам.
    А ветувам дека нема да пишувам мои коментари ни во Лига Шампиони темите.
    Има некои жени што треба тука убаво да се превоспитаат.
    Среќа постојат исклучоци, штета што се во заден план од оние за кои може заедно со Панчев да им се напише цела книга со лапсузи. Додуше Панчев за нив е врвен коментатор.
    Го дадов мојот последен фудбалски коментар во темиве.
    Фала приетно!
     
    На Peppermint, Annath, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Германија барем гол даде, а прими 2, Италија ни тоа, а прими 4. Следно Европско повеќе среќа.

    Кој губи има право да се лути :D
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    За Шпанија сум уште од минатото европско,но страшно ме иритираат овие коментари на фејсбук.Секој втор постирал вамос Еспања,вчера и завчера сите коментираа Италија ♥♥ Балотели ♥♥,а за утре не се знае..Многу променлив народ сме си ние,простото македонче на фејсбук за лајкови и гомно ќе јаде.Се кладам дека 80% од тие што постирале не знаат што е корнер..ама ај.

    За шпанците секоја чест.Многу беше осудуван нивниот начин на игра,но сепак од досаден фудбал направија едно возбудливо финале.Сега одиме на светско.Најмногу ми е мило за Балотели што толку се нафура што постигнал два гола што кутриот полета во облаци.Па уште изјавил „Ќе видиш Шакира што ќе му направам на твојот(Пиќе) денес“...видовме,видовме како тие ја напукаа шпанците,па другпат не се кревај толку пошто кој високо лета тој ниско паѓа. :)
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    И да мрчи по темиве..
    Оправдано им е :D
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381

    Не би рекла дека жолтиот картон беше без потреба. Мислам, т.е сигурна сум дека го доби жолтиот картон поради ризичен (остар или уатевер) старт. ;)



    Иначе, и мене коментаторите ми сметаа со нивните "шеговити" дофрлки, па си најдов некоја спортска програма на некој џгљ јазик што не го разбирам и таму си гледав.
    Видиш, и за тоа имало лек. :)


    Сликава ја најдов несакајќи. :D
    [​IMG]
     
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Се надевав на прекрасно финале и стварно ми се исполна желбата, магично беше...
    Прекрасни погодоци, и овај натпревар вредеше за сите досадни додавања во предходните натпревари.. и на сите критичари на играта на Шпанија им ги затнаа муцките!!!
    се на се прекрасен натпревар, многу бев возбудена, и многу сум среќна!!!
    Многу се израдував кога ги гледав фудбалерите со малечките, посебно децата на Торес се многу слатки многу ми беа интересни кога трчаа по теренот :lol: :inlove: !!!
    [​IMG]
    А најдраг момент нормално кога Касиљас го подигна пехарот. Се надевам на уште многу победи на црвената фурија!!
    Шпанија :l: :party:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :l:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Rozich и anamariia.x3 им се допаѓа ова.
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Честитки до Шпанија, заслужено :clap:
     
  11. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Ок, се прибрав малку, да прокоментирам :D
    Натреваров беше повеќе од одличен, со задоволство го гледав. Можеби затоа што моите фаворити беа во водство или пак сепак не. Борбена игра од страна на Италија, но сепак не доволно. Италијаните се покажаа одлични во останатите натпревари. На Прило можам слободно капа да му симнам бидејки човекот е на место. Комплетен фудбалер во секој поглед :bow:
    Кон Балотели сум неутрална. Ок, можеби и го ценам маааалку повеќе од тоа што мислам.
    Доволно талентиран фудбалер, но сепак неискусен во врска со неговиото покажување на револт. Јас разбирам дека му е тешко, но не му личеше тоа пто го направи.
    Голема почит заслужуваат и Буфон и Ди Натале.

    Икер Касиљас. За човеков во повеќе наврати имам кажано дека е машина, алал нека му е. Шпанија не би била тоа што е без него, а богами ни Реал Мадрид. За Чави, Иниеста и Фабрегас нема да коментирам, доволно се докажаа до сега :l: . Жорди Алба допрва ќе го видиме во вистинско светло :clap: .
    Морам да го прокоментирам вториот гол. Прецизност во милиметри. Какво додавање од Чави. Секоја чест мајсторе :clap: :clap: :clap:


    Честитки до сите фанови на Шпанија :hai:

    La Furia Roja!!!!!!!!!!


    [​IMG] :lol:
     
    На Rozich и Marbella им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    За жал, Шпанциве одиграа добро и си ја одбранија титулата.
    Во текот на целото првенство играа бледо и досадно, ама ете во финалето одиграа одлично. Би излажала ако кажам дека незалужено ја зедоа титулата, колку и да не ги сакам.

    Да резимирам.
    Првите два гола беа одлични, Шпанциве играа ептен добро, додека Италјанците се изгубија.
    Се случи истото како со натпреварот со Германија. Италија блескаше, додека Германците беа како муви без глава. Одбраната беше лоша, нападот исто. Имам замерки за Ди Натале. Не ми е јасно зошто тренерот го играше кога некни не изигра добро. Пропушти две одлични шанси. Вечрва пак истото. Од друга страна подобар избор ќе беше да играа Ночерино и Дијаманти. Како капак беше повредата на Мота и тоа во момент кога Италија требаше да игра на се или ништо и да се обиде да дојде до пресврт или реми. Но остана да игра со 10 натпреварувачи.

    И после 80 минута, кога се беше изгубено, Шпанците постигнаа уште два гола кои беа апла подарок од Италијанците. И мило ми е за Торес и Мата, бидејќи се врвни фудбалери, а немаа шанса воопшто. Затоа не се радувајте дека ги згазија.

    Секој чест за Пирло кој го држеше цел среден ред, цел тим. Балотели е млад, но кажав и некни, непредвидлив е, со него никогаш не се знае. Има добар шут, но нема никава техника. Брз е, а и вечерва неможеше да мрдне.

    Сепак, не можеме, а да не бидеме задоволни од резултатот. Влегоа Италјанците како губитници, проследени со скандали, ама стигнаа до финале. Најбитно е што покажаа одлична игра и добар фудбал. Треба да се годи на тоа. Јас сум. Иако ми е мака што не ја зедоа титулата, бидејќи ја заслужија, сепак не се разочарав од нив. Напротив горда сум и со задоволство кажувам за кого навивам.

    Плавуша, ако сакаш лути се, ама радо ќе те скролам, затоа што не се научи да даваш објективни и реални коментари. Ни ти самата не знаеш за кого навиваш, уствари знаеш, за сите. Барем да коментираше на играта, а ти пишуваш клетви и пцовки.
    И за останатите: Не се лутам што изгубија Италјанците, па оваа е фудбал, не сте воопшто интересни со ваквите коментари. Не провоцирате, ами смешни сте. И дај ве молам, ако не друго, барем прочитајте нешто повеќе и ајмо да дебатираме за игра, за пропусти, за шанси. А не да се натпреварувате кој позезната демотивација ќе ставе и кој колку срциња до името на Шпанија.
     
    На LilBaby, ani22, rossonerka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    CAMPEONES!


    Се надевам уживавте во играва, вистинска лекција по фудбал.
    Што е за право некои ја преценија Шпанија, a многу од вас и ја потценија.
    Би им препорачала на фудбалските експерти и стручњаци другпат да не избрзуваат со такви остри заклучоци и прогнозирања.
    Еве ви ја досадната Шпанија што проаѓа на среќа.

    Сега е ваш ред да бидете објективни, голем успех е ова и на Италијаните. Ги поминаа Германците толку лесно, а важеа за најголеми анти-фаворити.
    Голема грешка е што ја офрлија играта по која се најпрепознатливи и сакаа преку ноќ да направат промена која мислеа дека може да се носи рамо до рамо со Шпанија.
    А да, Супер Марио можеше да остане и да го прими медалот а не спринт до соблекувална. Џабе му се голови, златна копачка и што не кога некои играчи го немаат спортскиот дух.
     
    На Rozich, moonlight-girl.55 и Marbella им се допаѓа ова.
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Пике наместо да слави, си става слики на фб и твитер :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Со тешко срце и скршен навивачки дух, ја изгледав и последна минута од утакмицата.
    Денес незнам што им бидна, едноставано се стопија, грешна тактика, заспани играчи, Дијаманте не го стави, а дијамнте беше одличен во последниве утакмици.
    И да беше чист пенал и будала ќе го видеше, не им мењаше ништо за Шпанија
    И мене ми се плачеше, ама кога го видов Пирле не издржав, ми се вцрвеннија очите.
    Со уште потешко срце пишувам тука, абре хајтејте ме колку сакате ситете се АМА НИЕ СМЕ ТУКА.
    И секогаш сме биле, тоа е факт, ако сте слепи да ви дадат поголем диоптер.
    Не се криеме како некои други во дупка после пораз.
    Честитам иаку ми се најдосадна, најгнасна репрезентација, честитам од срце за прв пат бевте одлични.
    Но си стојам на зборот и на секој хејт што го искажав, ама баш на секој.
    [​IMG]
    Мислење не менувам како ветерот, иаку подавам рака за добрата победа.
    И мене ми е мило за Торес дечкото за мене е најдобар играч во цела репрезентација иаку тие 2 гола беа на тацна, Италијаните со скршен дух, со играч помалку и тоа е тоа.
    Буфон најдоборо се држеше, но мене Пирло ме скрши.
    И океј ситете се сеа на Марио неспорстки да, факт е и јас одма го искритикував ,ама кога беше Супер Марио кај бевте? Да да тогаш смешен ви беше а сега е серко |(
    Смејте се колку сакате, ликувајте, не ми е грижа, до последен ден ќе навивам за Италија.
    Зошто? Бидејќи се едни и единствени, енергични, забавни, избувливи, убави, шармантни, со стил и класа.
    Ќе излажам ако не мислев дека ќе бидеме вечер не врвот но не сме.
    Но не е крај на свет, има уште многу да се докажува Италија и да се искачи на врвот како и порано.
    Per sempre :l:

    П.С И јас нема да се отажам од гледање и од кометирање,заради кои бре, незнаат да препознаат чист жолт незнаат ни Ф од фудбал, и се лутат како мали деца кога ќе им изгуби тимот, и до крај навиваат за некој тотално небитен, од чист инат, камон. Коментарите да не беа патетични ќе беа смешни, не сите, но повеќето.
    Не се откажувам, јас водам вечна војна со таквите квази навивачи и познавачи на фудбалот.
    Се борам до крај против сите серачи и серковци, зашто знам дека можам.
    А зашто да не, кога способности за дебата 90 посто од тука имаат 0. Само знаат плуќање, и зајадување како бабине на чешма.
    Поздрав хејтери, you can kiss my ass 8)
    П.П.С Прво научите правилно да пишувате голема буква, точка, запирка, па после хејтајте |(
    Дури ни за хејт не ве бива.
    И кај е форца Италија, ТУКА Е
    ФОРЦАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!
    Барем знам за кого викам форца, и зошто викам.
     
    На LilBaby, Annath, Sparks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Готово го заборавија Рамос, сега му се нафрлија на Балотели :D
    Неможам да се соземам од сликава :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Готово еј, неможам ... хахахахахахаххаа неможам да се совземам :D плачам и се смејам :rofl: :rofl:
    господи поможи, абе кај им текват вакви работи, значи готово патос :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    АМАЈДЕ ДА ВЕ ВИДАМ СЕГА; КОЈ Е ШАМПИОН? кај ви е форца италија?????

    Едни се, !!!!!ШПАНИЈА

    хејтерчиња? 8)
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Божжееее хаххахаха има уште милион вакви хахаххаахха
    Готово ќе си умрам :D
     

    Прикачени фајлови:

    • ballet.jpg
      ballet.jpg
      Големина на фајлот:
      40,4 KB
      Прегледи:
      117
    На Marbella, zarah и Thebestone им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Се превртев готово, солзи ми течат низ очи, сподели уште, добро кај ги наоѓате, ајде да се посмееме :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: