1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во Фудбал

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 мај 2012.

?

Кој е вашиот фаворит на ЕП 2012?

Анкетата е затворена на 6 јули 2012.
  1. Шпанија

    76 глас(а)
    40,0%
  2. Италија

    46 глас(а)
    24,2%
  3. Португалија

    12 глас(а)
    6,3%
  4. Германија

    40 глас(а)
    21,1%
  5. Англија

    11 глас(а)
    5,8%
  6. Франција

    2 глас(а)
    1,1%
  7. Друго

    3 глас(а)
    1,6%
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јак играч е ама сиротиот многу се крева во облаци, а нервозата ќе го убие, тој читав лично ќе ја викал и Шакира да гледала што ќе му правел на Пике :rofl: е еве, виде и таа видовме и ние „што направи“ = ништо!
    Кој високо лета, ниско паѓа, а искрено Буфон од толку што го кренаа во облаци, како другите голмани не можеле со него да се носат, мислам свака част да многу е јак, ама па ете видовме дека Икер не прими ни гол, а Буфон ги прими 4, така што најдобриот си го крена пехарот, а другите нека се билдаат со изјави и комплименти.

    За мене Ноер е огромен потенцијал за еден од најдобрите голмани понатаму, ако не и најдобар.
     
    На Marbella и starbucks им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    :)
    [​IMG]
     
    На Marbella, Plavusa.17 и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Смешни сте со самото тоа што ги доведувате во прашање голманските способности на Буфон.
    Јас сум страствен навивач на Реал. За мене Икер бил, е и ќе биде број 1 голман во светот, ама во ниту еден момент не можам да пишам дека Икер е нај нај, а Буфон или на пр. Ван Дер Сар или други фудбалски легенди се преценети, не вредат, примале голови и слични глупости. Најискрено на многумина овде објективноста им е рамна на 0.
    Тоа го видовме, а и ќе го видиме пак од септември кога многу од вас ќе ги свртат капите и ќе коментираат како Валдез бил најдобар голман на светот, а Икер немал врска.
     
    На BlackSwan5, ani22, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Не гледам ништо смешно, никој не пиша овде од тоа што прочитав по странициве дека Буфон не е јак, ама ја лично пишав дека ете не бил најјак очигледно. Јас пишав дека е јак, секоја чест, ама не до толку да не се преценува како и целата репрезентација што се прецени. И никаде не сум пишала дека Валдес е појак од Икер во темите Реал-Барса, само сум преќутела зошто очигледно не е така, исто и не сум демантирала кога Блек пишувала како Барса би го сакала и тоа како Икер за голман, зошто е тоа така.
    Се на се, можат и други голмани да се носат со Буфон, не е ништо повеќе од нив, не е ни на врвот. Кога се праи муабет за Ел Класико не можам да го величам Икер зошто сум страсен навивач на Барса, ама тука веќе кога нема Реал-Барса можам слободно да го пофалам. Неговите способности не дека ги нема во Реал, туку не сакам да ги величам, само ќе преќутам. И ќе молам без индиректни обраќања.

    Едит: Кога каталонците не го фалат Икер на натпревари „види ги какви се, нејќат да признаат, мислат нивниов Валдес е појак, како не бе пфффф“, а кога каталонците ќе го пофалат Икер или некој друг од Реал во репрезентација, тогаш - „види ги бе, лице праат, после од септември ќе зборат како Валдес бил најјак, а нема врска, ццц како можат вака...“ |(
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aх леле жени, и за конче ќе се вадат дали било бело или крем, не пак за фудбал. Aјде да резимирам и со тоа го затворам моето пишување во темава.
    Bидов и самата како бројката од 40тина онде горе поддржувачи на Шпанија се претворија во 70 уште на полувремето кога водеа со 2:0, и океј, превртував очи, али стварно не знам зашто толку обрнувате внимание на квазите навивачи, оние кои не се разбираат баш многу од фудбал туку ги кажуваат зборовите на тато и бато што прокоментирале, па овде се прават јаки статистичари и експерти за фудбал. Oвде навивачите на одредена земја, дали Шпанија или некоја друга не изобилуваа со објективноста почнувајќи од самата себе па и некои други. Jа направивте Италија не знам што вие навивачите, а нас навивачите на Шпанија као демек поима си немаме од фудбал, навиваме за нив затоа што било во мода да се навива сеедно. Aбре објективност на кило. Aко веќе се обраќате на некој како нема поим од фудбал, ајде посочете го, не ги ставајте сите навивачи на Шпанија на куп, затоа што не сме сите исти.

    Oвде видов некои форумџики што досега не сум ни ги заприметила, кои се залупаа во гради за Шпанија оти некој фудбалер им е убав, оти тато дома навивал за нив па ајде и јас, оти нели е во мода да се навива итн. Aбре никнаа ко печурки после дожд, а ќе се изгубат ко невиност на екскурзија кога ќе почне сезона од септември.

    A и приметив нешто онака ко глобална појава на темава, најлесно ви е да навредите, а не нешто да пофалите или признаете. Oпшто земено од сите навивачи на некоја земја, не зборам за тие од страна кои само посматраат и коментираат реално. E таквите, како Боависта можам да ги пофалам. A сите други кои мислат дека ако се навивачи на некоја земја па си земаат за право другите да можат да ги навредуваат како недозреани, не знам си какви - не заслужуваат да ги спомнам. Aко мислите дека таквото однесување овде ве прави вистински навивачи - не е така.

    Легенди имало во секој тим. Kако Oливер Kан, Pаул, Фиго, Mалдини. A и сега оние кои играат како Буфон, Пирло. Hе знам зашто мислите дека ако се од Италија треба не знам какво признание да им се даде од другите навивачи. 3а навреда, да. Hе сметам дека треба да се навредуваат затоа што се поискусни, и доживеале многу повеќе од својата кариера од некои, имале подолга кариера и сл. Hо, да се величаат како Бог, епа стварно претерувате. Tоа што во моментов Шпанија нема некој постар играч како нив, освен Икер и Pамос кои играат подолго во репрезентација не значи дека не треба да се пофалат или никој не е достоен да се стави во иста реченица со Пирло? Или годините се репер за да кажете дека некој не може да се пофали или спореди со другиот кој е помлад?


    И да, во моментов Икер е најдобар голман, го сакале вие тоа или не.

    Hе знам всушност што некои форумџики бараат, кога пак се сведува дека секој си го брани своето. Eве ако кажам некој аргумент против вашата омилена репрезентација, вие ќе го превртите тоа и ќе го оправдате. Cекој гледа од различна перспектива.
    И веќе јасно се гледа кој овде има познавања од фудбал, гледа фудбал, и сака искрено да навива и да бодри некого, а кој лупа само слики, демотивации и сл. A до следното Eвропско и Cветско, повеќе искрени навивачи и ставови.

    Поздрав од мене на темава. :hai:
     
    На Smilly, Hipster, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    San Iker !! :l:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LilBaby, Marbella и starbucks им се допаѓа ова.
  7. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Се заборави Рамос, сега Балотели е во мода :rock:
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    3.119
    Оти јас не пишувам и не се препукувам по темиве за фудбал, ќе ве замолам моето мислење и овде да не го сфаќате ко такво.
    Кажав вчера дека очекувам само интересно финале, и само сакав фудбал да гледам, оти сакам да гледам!!! А не оти потоа ќе треба да се препукувам со сите овде! Многу си сфаќате при срце бре, еј! Не гледала више фудбал, не пишувала ова она. Па не пишувај, не гледај, оти очигледно никој не разбира оти фудбалот е игра, во која треба да уживате кога ја гледате бре, а не да се пцуете сите по ред!

    И сите гледам почнаа да пишуваат извештаи кој, како, што ... |(

    За кого бре?! За да докажете оти се разбирате во фудбал? Јас гледам од 12 години фудбал, па не се правам паметна со реферати, оти помина времето кога се нервирав за фудбал и пцуев. Сега само си гледам, не навивам силно за никој, туку само симпатизирам одредени тимови, играчи и сл.

    Уште една работа од мене - не памтам која феминка го имаше спомнато Ван Дер Сар ко еден од најдобрите голмани. Туф, туф, тоа според мене е само на хартија. Се прослави човекот во МанЈунајтед, а какви лапсузи правеше, леле, леле! :x
    А и Дида е од исти калибар ко овој, со разлика што овој бранеше во Милан. Исти ми беа смотанковци и двајцата. Не ги споредувајте нив со Буфон и Касиљас, грев е.
     
    На Sawyer, LilBaby и Marbella им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    Еве јас бев таа кој посочи кај кого и што и смета и оп си го видов името во темата Членка за која сте го смениле мислењето. Ах бре Плавуша, да се ја водев од твоите мислења за фудбалот, требаше оддамна во весник да објавам дека за тебе имам лошо мислење. Но ајде, простено ти е, таква ти е возраста.

    Ако убаво го прочитате мојот реферат ќе видете дека убаво пишав дека Шпанците беа подобри, Италјанците се изгубија. Исто во моите реферати ќе прочитате дека имам огромна почит кон Касиљас. Буфон е за мене подобар, иако игра за Јувентус. Каде видовте дека сум искоментирала дека Германците не ги бива, кога убаво кажав дека играат одлично и дека не знам што им се случи на натпреварот со Италија. Впрочем истото се случи и со Италија синоќа. Наеднаш како да заборавивте на досадната и видливо ослабнета игра на Шпанците во текот на првенството. Па оттаму се критиките за нивната игра.

    Во мода е да се навива за Шпанија, факт, ама никој не вели дека не постојат и реални навивачи. Сами ги извртувате работите. Италија покажа добра игра. На Светското беше слаба, ама ете се врати во форма. Никој не кажа дека се најаки, туку дека си заслужија финале. Или само Шпанија заслужи. Туку Германија што е силна репрезентација, силна е, ама последниве години никако да го помине полуфиналето. Да беа толку јаки, барем еднаш ќе беа во финале. И на крај, сите ја величат толку Германија, сите замислувате финалиња со нејзе, ама ете редовно си губи. Ми се чини дека е по пофорсирана и од Шпанија.

    Не знам зошто ви пречи долгото коментирање и дебатирање за играта на репрезентациите. Никој нема намера овде да се докажува колку знае фудбал. Јас барем не. А и што би имала корист, овде на форум. А и на крај карева од каде вие знаете дека ја не се служам со гугал?! :^) .

    Вакви коментари и оцрнување на членки се појави и на темата за политика, па видете што се случи со темата. А општо и со цел форум, оти овде слабо некој знае што е дебата, одма те мразат |( .
     
    На Sparks, Annath, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се смешени некои мислења,туку патетични.
    Од што дојде до лутење, дигање на носеви, пишување реферати како да ви даваат пари да не надвикате и исфиркате дека Шпанија победи, вие сте лузери.
    Се нервирам зашто кога изгуби Германија никаде ве немаше, како во дупка да пропадавте, а сега се правити јаки и се перчите, и што е најтрагично не со вашиот фаворит туку со победникот, ко Амди Бајрам сте, секаш со победниците |(
    Така е со Ноле коа ќе изгуби лелееееее, од гомно подоле го прават, а сега кога изгуби Рафа одма се преврува со очи како демек зборење лоши работи а ни еден од нас навивачите ништо не рече лошо ни се ситеше. Уствари тоа мувата на капата :emo:
    И смачено ми е да ги читам таквите ситачки коментари, прениски се за мене.
    И дај прекинете, амн победија Шпанија ви честитавме пошетно, за разлика од некои кои еднаш не честитаа аслано кога нема да победи нивен фаворит, и одма почнуваат со бомардирања и ниски удари. Што ќе коментираме нешто, уште да ни кажете дека Балотели не пере гаќи и смрди и е клошар, и тоа нема да ме изенади.
    Почит само кон цигарче знам дека наива за Англија и без перипетии си рече браво на победата, добро игравте и тоа беше крај на муабетот. Неа не и беше криво, криво и било ама не навлагаше како вас, како главни стратези во фубал и врвни познавачи. Убаво рече Роси, подосадни сте и од Панчев ебаго.
    А и да се доискажам, лил не ни треба на никој од нас наивавачите на Италија докази и пофалба дека Буфон е легенда или Пирло, извинете ама од тука од форумов ни помалку.
    Има многу ама многу попаметни и поискусни од сите нас што кажуваат како стојат работите.
    Незнам зашто така сте сватиле, дури не ми ни сметаат коментари од типот Шпанија надобра, така е победи сега. Ми сметаа глупавите зборови кои ги кажуваат некои членови без да се смесни што зборат.
    И крај на кравите, што се толку ние фаќаме за гуша, не добиваме златни гаќи ако се надвикаме и убедиме дека е така како што јас мислам.
    Ама едно е факт, за жал тука нема простор за дебата, не само на темава и на други категории, не е само политика, иаку од таму ме стеге срце од сите глупоти што ги читам.
     
    На Sparks, JuLleE, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас само сакав да ја честитам победата т.е трофејот на навивачите на Шпанија . Повеќе од заслужено мило ми е што победи Фудбалот .
    Ептен ми е мило и за Торес и Мата нормално тие беа главниот фактор зошто вчера навивав за Шпанија . Честитки дефинитивно Шпанците го играат најдобриот фудбал во моментов.
     

    Прикачени фајлови:

  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]
     
    На crazyinlove19, Pirana, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Сите бевме тука кога изгуби Германија, не се секирајте, сите прокоментиравме што и како беше ;)
    И никоја од нас не се фали со победата на Шпанија туку едноставно само честитавме и бевме изненадени што се покажаа во одлично светло после досадните натпревари. Или дека не навиваме за Шпанија сега требаше да наоѓаме мани за во нивната игра во финалето кога немаше воопшто за што да се критикува?
    И ќе дојдеме до медал еден ден не се секирајте и за тоа, и Шпанија 32 години ни до полуфинале не стигнуваше па еве сега кај се ;)
     
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]
     
    На crazyinlove19, m2m2m2 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  15. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Многу се израдував што моите фаворити победија повторно :) Честитки

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  16. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
    [​IMG]
     
    На Smilly, Rozich и zarah им се допаѓа ова.
  17. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Дочек на шампионите во Мадрид:

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Икер Касиљас со тренерот Винсенте Дел Боске
    [​IMG]
    Со кралското семејство
    [​IMG]
    Касиљас и кралот Хуан Карлос I
    [​IMG]
     
    На Ana3567, Marbella, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Големиот Икер Касиљас

    Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.
    [​IMG]

    Во финалето на Европското првенство во Полска и Украина, репрезентацијата на Шпанија ги искористи повредите на Италија и нивното играње со фудбалер помалку и ја совлада со високи 4:0.

    И покрај големото водство, Шпанците продолжуваа со нападите и нивната победа можеше да биде уште поголема, но тоа не му се допадна на капитенот Икер Касиљас.

    Додека Италијанците едвај го чекаа последниот судиски свиреж во судиското продолжение, Касиљас му пријде на помошниот судија и побара главниот судија Педро Проенса да суди крај.

    „Почитувајте го противникот. Почитувајте ја Италија", му довикуваше Касиљас на помошникот судија, а неколку секунди подоцна, главниот судија Пруенса го означи крајот на натпреварот.


    Овде е и видеото
    http://off.net.mk/offside/fudbal/golemiot-iker-kasiljas
     
    На Smilly и Rozich им се допаѓа ова.
  19. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    ^
    Да се надоврзам од ова погоре

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    :l: :l:

    Едвај чекам клипчиња на ЈуТуб :D
     
    На Plavusa.17, Marbella, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Mхм и јас едвај чекам клипчиња, Пепе Реина сигурно пак ќе прави шоу!! 8)
     
    На Ana3567 му/ѝ се допаѓа ова.