Случајно видов слики од пречекот на фудбалерите во Шпанија, на ист начин ги пречекаа како ние кошаркарите, ама исто, ако ништо друго барем ја научивме Европа како да пречекува шампиони, бидејќи нашиот пречек што им го приредивме на кошаркарите ја обиколи цела Европа на секој портал беше пренесена атмосверата од Скопје, незнам како ги пречекуваа проано фубалерите, ама затоа знам колку штуро ги пречекаа кошаркарите, дури како да не им беше важно. Спојлер Зарем не ви делува познато, да не речам индентично. Видов на некои слики дури низ населби ги возеа...
Иако се навикнати на шампионски титули, сепак им приредиле одличен пречек на фудбалерите на Шпанија. Браво, за пофалба се. Спојлер Иако бев за Италија, сепак заслужена беше победата на шпанциве во финалето, па и пречекот.
E сеа ќе сум малце офф топик, ама кога бил посвојан со братму ли заедно ги посвојале? зошто тој со брат му се исти да неречам идентични ,сигурно тие си се биолошки браќа, не сваќам, знае ли некој?!
Јас го гледав директно цел пренос од 18h до 22:30 Искрено не сакав да завршат, таква прослава не сум видела до сега. Глупо е да се споредува нашата прослава со нивната која велите дека е копија. Како прво колку луѓе имаше во Мадрид соберено нас толку не не има во цела држава . Потоа организацијата: камери мислам дека низ цел Мадрид имаа поставено, купишта новинари, полицијата што го пратеше автобусот а богами и коњите, преносот што им беше на интрнет сликата кристална ни да сецне ни ништо. Озвучението грмеше!Се класа пејачи ја забавуваа публиката додека ги чекаа фудбалерите. Па со црево ги прскаа, тие напред утоп беа.Се забавуваа баш гајле им беше.Фудбалерите пак со шампањско на бината се прскаа, лудница. Шоуто на Реина беше фантастично!Колку забавен човек еј...пишуваше доле :шоуто на Пепе Реина -душата на репрезенатцијата, и клипови пуштаа од него како ги забавува во авионот... За ваков пречек нема кој не сонува, а јас пресреќна би била и во публика да стојам, а богами и дома пред компјутер се топев Уште малку татко ми со се компјутер надвор ќе ме извадеше, ми рече Македонија толку не сум ја гледало како Шпанија (Торес) Остај продадена душа сум Мислам далеку од тоа дека се работи за Шпанија или на крај краишта Торес и останатите лепоти но такво шоу не се пропушта па макар и 10 часа да трае Ќе дочекам ли вакво нешто во Македонија а? Или да ги спремам куферите уште сега и правец Шпанија, како што им тргна со трофеиве
Леле сте ја довеле темата до точка на вриење . Честито победа на Шпанија, сосема заслужена. И ете, толку од јаката, непобедливата и недопирливата Италија. Како магионичари, влегоа на терен и ги снема. Се си мислам дека едвај чекаа да свирне судијата крај за да не ги посрамотат и со повисок пораз. И баш мислам дека Италија после Шпанија беше многу форсирана, као демек многу јаки биле затоа што ги победиле Англија и Германија и ете, можам да кажам дека ми е драго што се така загубија во просторот. Фацата на Балотели , е момче можеби имаш некој потенцијал ама со таков карактер никаде. Навивав во финалето за Шпанија иако добро знаете дека не ми се допаѓаше нивната тактика што ја форсираа цело првенство ама затоа во финалето блеснаа . Сеуште имаше таков тип на игра ама овојпат далеку поофанзивно што ми се допадна. Така да, можам да кажам дека донекаде е заслужена титулата. Сега сите си имаме различни ставови за што е тоа атрактивна игра ама неспорно е дека има квалитет во таа репрезентација. Премногу добри играчи на едно место и тоа е тоа. Дечките од Реал, Ел Нињо и Мата . За од Барса играчите ќе се воздржам ама не беа лоши . Оној Жорди Алба е талент, им се посреќи на Барса што го купија ама и така ние ќе си ги победуваме . Друго, не ги прочитав сите ваши коментари ама некои прочитав и навистина ми паднаа во око. Вака, ја мразам Итлаија, го мразам Јувентус ама сите знаеме што претставува името Буфон и смешно е да се вели дека бил преценуван и дека не бил толку јак само затоа што примил повеќе голови ова првенство . Ако е така ајде Валдез го направите подобар од Касиљас затоа што на едно Ел Класико нема примено 5 голови а Икер има. Смешно и глупо, не знам што да прокоментирам повеќе на тоа. А за мене нормално дека Икер е најдобриот голман на светот ама тука некаде е и Буфон, иако сепак Икер е помлад а Буфон е во залезот на кариерата. И не знам, вие како одсега да дознавте дека постојат квази навивачи . Не е ова само сега и за Шпанија. Туку ги има и преку цела година во натпреварувањата, не се никаква новост и ако толку поради нив ви се дига коса јас не знам што да кажам. Едноставно, како што некој кажа се гледа кој навистина разбира фудбал а кој не и крај. Лично јас гледав фанови кои не знаат што е офсајд ама битно скокаа по убавата коса на Торес или стомачните на Роналдо . Да го довршам овој пост со честитки кон фудбалерите на Реал, сите до еден се покажаа извонредно на првенството. Сакам така да биде и во септември.
Е сега малце е глупаво да кажете дека Шпанците не копирале нас па не измисливме ние топла вода. Гледајте како славеа во 2010 и 2008 И мене како Хај ме викаат продадена душа
Читав имаше доста коментари за тоа дека во нашата репрезентација Албанците не ја пеат химната, и дури додека Македонците уживаат во неа и пеат на цел глас, овие се чудат што да прават за тоа време и како едвај да чекаат да заврши. Тоа е мој впечаток. Во холандската репрезентација имаше и неколку црнци кои секако не се Холанѓани, па уживаа да ја пеат химната. Дури на нет имаше коментари за Алиоски дека е Македонец по вера. Не знам колку и дали ова е точно. Тој едвај зборува македонски. Дури и за Елмас имаше дека е Торбеш, оти селото од каде потекнува татко му е торбешко. Тој ми делува како најголем патриот во репрезентацијата.
1. Од каде си сигурна дали некој ужива додека се интонира химна, а не пее од што мора? 2. Што е тоа Македонец по вера? 3. Ќе реплицирав поопсежно, ама си пишала во темата за Европското 2012, наместо во годинешната и нема потреба да се продолжи офтопик
Македонец по крв имаше коментар за него. Инаку Елиф Емлас со воодушевување зборува за Македонија, плус одбив да игра за турскаат репрезентација и тоа ми дава повод да верувам дека тој навистина си ја сака Македонија.
Само на Балканот е стандард разврзување муабети кој што бил по род и потекло. Златко Калински кога беше коментатор во МТВ до пред 4 год., наместо да гледа играта, на секој можен фудбалер му читаше генеалогија од Википедија, тоа ми беше мн непотребно
Denes petarda protiv Ermenija https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/posts/4880218028678333 https://www.instagram.com/p/CWJXVpgLh6x/