За Русија се согласувам дека играт и тоа доста добро, џабе не се фаворити во групата. Ама сепак мислам дека и Полска не беа лоши, конкретно за оваа утакмица зборувам. Реми си беше најреален резултат. Работа е што не може да се предвидува. Не значи дека ако некој е фаворит е недопирлив. Русија не ја сакам како репрезентација ама во секој случај сакам да го исплескат нашиот јужен сосед, НАЈПОНИЖУВАЧКИ што може ! Еве и моја прогноза. Од група А мислам дека Русија (сигурно) и Полска ќе одат понатаму. Од група Б односно групата на смртта мислам дека Германија сигурно оди (ова не навивачки туку најреално) и мислам дека борбата за второто ќе биде меѓу Португалија и Данска т.е. тој што ќе победи утре мислам дека веќе е во наредната фаза. Холандија се зезнаа во првото коло, со Доичланд немаат шанси . Од група Ц одат Шпанија и Италија, мислам дека нема да имаат проблеми со другите две. Е од група Д мислам дека Англија и Франција имаат најголеми шанси ама јас искрено би сакала да се случи изненадување и да ја видам Украина во следната фаза. Особено англичаните мислам дека НЕ ЗАСЛУЖУВААТ пласман понатаму, барем тоа што го прикажаа на првата утакмица беше за никаде. Епа ај да видам дали сум во право и дали ќе има изненадувања .
Скандал во таборот на шведската репрезентација. Вака медиумите во оваа скандинавска земја го коментираа начинот на кој репрезентативците го „казнуваа“ голманот Јохан Виланд. Шведските репрезентативци се забавуваа на вчерашниот тренинг шутирајќи во голманот Јохан Виланд. Каде е проблемот?...Па, проблемот е во тоа што голманот беше со спуштени гаќи. Иако Фудбалската федерација на Шведска вршела притисок да не се објавува видеото, сепак овој скандал излезе на виделина. Имено, резервниот голман лошо одигра „шева“, а потоа мораше да биде казнет од соиграчите. Виланд мораше да ги спушти гаќите, а потоа да чека останатите да го „шутираат“. Ова предизвика бурни реакции во Шведска, од спортски работници, стручњаци, па се до борците против злоставувањето. Линкот ви е во споилер: Спојлер http://www.kurir.mk/sport/euro2012/74282-Video-Skandal-na-treningot-na-Svedska овие се чукнати
Аххх кучево мое изгледа ко Пол е, денеска типуваше на Португалија и Германија и еве Португалија веќе води со 2 гола Ќе се прослави ако го извадам на Јутуб Само нека биде и овај пат во право
Ауу Пепе голлл . Абе многу си го сакам човечето, можеби е малку повеќе агресивен ама супер играч е бе, не може никој од него да мрдне во напад. Се на се, јас сум за да гледам повеќе голови па не е битно на која страна .
Знаев дека ќе стават уште еден гол, си му верувам на кученцево Само вечер ако не е во право за Германија ќе го клоцнам!
И јас Пепе го сакам,интересно човече е,мило ми е што го даде првиот гол И мило ми е што Португалија победи Утре, Vamos Espana
Чекајте малку.Мене не се ми јасни некои коментари кон Роналдо.Зошто целиот товар на него се префрла?Овој состав на Португалија е слаб,не е ни малку јак ко оној на Шпанија или Германија. Браво Португалија,идемо даље.
Абе сега точно дека Португалија нема многу јаки играчи ама напротив, сега изиграа одлично. Сосема ја заслужија победата. А Роналдо прв пат да го видам во вакво издание, ко што вели коментаторот тие голови ко од шала ги дава. Ваљда преголем притисок или така нешто. И сега имаат прилика сите хејтери на Роналдо и навивачи на Барса да зборат како е тапа итн итн. Лош ден може на било кој фудбалер да се погоди ама лошото е што од Роналдо секогаш се очекува да е совршен па затоа во вакви ретки прилики удараат на критики . Ајде сега Доичланд, газете го холанѓаните.
Цц Гомез..аман више! Не ги можам Германицве,ич..како репрезентација не можам да ги смислам,многу груб спорт играат. ајде бе Холанѓани,немој уште во првата фаза... Нека им е Господ напомош
Абе овој Гомез не е некој играч ама се тој ги постигнува головите. Типичен пример за чекач. А тој ударот на Озил беше . Зошто бре не ги сакате германците, баш се ѕверки. Ајде Германија, повеќе голови се чека .
Холанѓаните покажаа ептен очајна игра и, и покрај тоа што навивав за нив, признавам дека заслужено изгубија.Оние еден куп ѕвезди што ги имаат во тимот не покажаа ништо.После ова `лалињата` овенаа, т.е. се враќаат дома после следниот натпревар. Што се однесува до Португалија, оној третиот гол во 87-та минута го спаси Роналдо да не биде трагичар на натпреварот. П.С.Само мене ми се чини или Дарко Панчев е навистина ужасен коментатор?
Има ли некој искусни коцкари по ова првенствово .Јас како нај разгрането дрво за фудбал барам помош па и од кладилница .Небитно кој ке игра дали ЈА МАЈКА или Ја ТАТКО битно несто да се заработи со викање и титттт .Ова платава што касни касни нека дојде тој проклет 15 ти веќе.
И јас навивав за нив. Ич не ги сакам германците. Ама ете, така требало, не беа доволно јаки во споредба со нив. Инаку, да, не ти се чини само тебе, не да е ужасен, врска нема. Можеби си имал талент за фудбал на времето, ама кога станува збор за изразување многу е неписмен. Сум го гледала и во други емисии, едвај знае да состави две реченици.
Туку јас стварно не разбирам зошто толку критики за Дарко Панчев, па тој не е професионален коментатор па да се очекува којзнае што од него. Мене баш ми беше интересен за слушање, кога прочитав толку критики бев зачудена. Инаку за натпреварот. Епа не ги сакајте германците колку сакате ама само тие од репрезентациите играат фудбал во вистинска смисла на зборот (тука некаде е и Шпанија). Значи играње до крај, во поволен резултат за нив сеуште се оние кои напаѓаат и го диктираат натпреварот. А холанѓаните како некој сосила да ги извлекол на терен. Чиниш Германија се бори за опстанок а не Холандија. Според мене Германија си заслужува да биде првак и се надевам дека ќе освои. Уште на светското требаше ама не им одеше со Шпанија. Важно газат швабите. А за Озил ми е исто зборот, значи играчиште бре . Тој и Швајнштајгер се пример за одлични креативци и офанзивци, па и во некои случаи дефанзивци. Играчи за пример.