Првенство почнува и ете ме мене пак со тема. Заљубеници во ракометот, од денес (09.01) ни почнува Европското првенство во ракомет. Групите се следни: Спојлер: Групи Од секоја група во следната етапа продолжуваат по две репрезентации, со тоа што во наредната етапа се формираат две групи со по шест репрезентации. Понатака од тие две групи, најдобрите четири ќе одат во полуфинале, а завршниот меч се игра на 26-ти месецов. Кои репрезентации мислите дека ќе се покажат во најдобро светло? Кои ќе си заминат дома уште после првава фаза? Кој ќе биде најдобар стрелец на првенствово? Од кој коса ќе ви се крева? Слободно пишете си мислење. И јас ќе се приклучам подоцна со моите типувања. Колку што се сеќавам за Светското навивавме заедно со @Peperutce1115 @Alishan30 @John Snow @ane.bella , а и @Billy Idol пиша во ќошето дека ќе следи па се надевам ќе нè дружи и во темава. И сите други кои следите, слободно дојдете да се нервираме заедно. За кого? За Македонија! п.с. Земете си дијазепамчиња на време.
Супер, од вечерва почнуваме со гледање, @Purplelilac можеш ли да најдеш датуми и време кога се натпреварите, на работа сум и не видов термини. Подоцна ќе пишам мои типувања, обично ги гледам сите натпревари, не само нашите кога играат Пцуење, викање, на ниво, а нашите кога играат, облечени во дресови пред тв со маж ми и дерење на најјако
Очекував да ја отвориш темата. Конечно, ова ми е највозбудливиот дел од месецот. Како екс ракометарка заљубена сум во спортов . Од А група типувам во следната фаза да поминат Хрватска (мој број 1 фаворит после Македонија) и Србија. Од Б група, надежно дека тоа ќе биде Македонија и Чешка/Австрија. Тесно ќе биде, ама позитивно размислувам за нас . Ц група: Шпанија и Германија. Д група: Франција и Норвешка. Е група: Данска (мојот број 2 фаворит после Македонија и Хрватска, only because of Hansen) и Русија/Исланд. Група Ф: Шведска и Словенија. Кои репрезентации ќе се покажат во најдобро светло? Јас лично мислам Словенија. Најдобар стрелец на првенствово? Well, ако оствариме добар резултат Кире Лазаров, ако не Mikkel Hansen . Од кој коса ви се крева? Коса ми се крева од Кире Лазаров . Како спортист е феноменален, ама јас лично не можам да го смислам. Многу го хејтам . Од утре ќе другаруваме опет и колективно ќе се нервираме, а надежно дека најмногу од се ќе се радуваме. Поздрав специјален до тебе @Purplelilac и @Alishan30 . Се надевам дека и @Billy Idol ќе ни се придружи во навивањето, посебно бидејќи неговиот роднина ги постигнува едни од најпрекрасните голови за МКД .
Општо познато е дека не го сакам ХансенДанска не ги сакам заради него. Колку и да е добар, неможам да го гледам, ама ич. Цел натпревар по него цркам и викам
Првпат и јас и ти да не се согласиме за нешто колешке Која позиција играеше ти во ракометот? Јас пикер Хансен е одличен, ама лигав и препотентен и не го сакам
Да се придружам на лепо друштво Со навивање, со нервирање, со пцовки, со све Редовно гледам и јас, бар нашите кога играат. Ќире е паднат во форма, ама ај па може ќе се потсети на старите добри времиња и ќе растури. Штета што Велко Марковски е повреден и нема да игра Не ни е тешка групата, ама ќе видиме.. Напред Македонија П. С @Alishan30 и јас не го сакам Хансен ама ич, вечен хејтер сум му
@Alishan30 Еве ги термините. Спојлер: Натпревари Група А: 09.01.2020 18:15 Belarus VS Serbia 09.01.2020 20:30 Croatia VS Montenegro 11.01.2020 16:00 Croatia VS Belarus 11.01.2020 18:15 Montenegro VS Serbia 13.01.2020 18:15 Montenegro VS Belarus 13.01.2020 20:30 Serbia VS Croatia Група B: 10.01.2020 18:15 Czech Republic VS Austria 10.01.2020 20:30 North Macedonia VS Ukraine 12.01.2020 16:00 Czech Republic VS North Macedonia 12.01.2020 18:15 Austria VS Ukraine 14.01.2020 18:15 Austria VS North Macedonia 14.01.2020 20:30 Ukraine VS Czech Republic Група C: 09.01.2020 18:15 Germany VS Netherlands 09.01.2020 20:30 Spain VS Latvia 11.01.2020 16:00 Latvia VS Netherlands 11.01.2020 18:15 Spain VS Germany 13.01.2020 18:15 Latvia VS Germany 13.01.2020 20:30 Netherlands VS Spain Група D: 10.01.2020 18:15 France VS Portugal 10.01.2020 20:30 Norway VS Bosnia Herzegovina 12.01.2020 16:00 Portugal VS Bosnia Herzegovina 12.01.2020 18:15 France VS Norway 14.01.2020 18:15 Bosnia Herzegovina VS France 14.01.2020 20:30 Portugal VS Norway Група E: 11.01.2020 16:00 Hungary VS Russia 11.01.2020 18:15 Denmark VS Iceland 13.01.2020 18:15 Iceland VS Russia 13.01.2020 20:30 Denmark VS Hungary 15.01.2020 18:15 Iceland VS Hungary 15.01.2020 20:30 Russia VS Denmark Група F: 10.01.2020 18:15 Slovenia VS Poland 10.01.2020 20:30 Sweden VS Switzerland 12.01.2020 16:00 Switzerland VS Poland 12.01.2020 18:15 Sweden VS Slovenia 14.01.2020 18:15 Switzerland VS Slovenia 14.01.2020 20:30 Poland VS Sweden Денес играат од Група А и Група Ц. Инаку кога станува збор за Хансен, и јас сум од хејтерите. He's not my cup of tea.
Еве и јас да си го кажам мислењето на темава. Прво мило ми е што Прпл е доследна на традицијата У врска со нашиве ракометари хендикеп ќе биде неиграњето на главниот дефанзивец Велко Марковски, селекторот ќе мора да смислува нова одбрана. Ќе видиме како ќе оди тоа, се надевам на 3 од 3 у прва фаза па после не е битно Од други репрезентации ќе навивам за Хрватска и Норвешка. Првиве ради Карачич а вторите ради стилот шо го негуваат. Хансен не го сакам иако е топ 3 у свет моментално. Се надевам Кире ќе биде прв стрелец и така, напред МАКЕДОНИЈА @christinnn На телма
Колку и да не сум фан на спортот, кога има првенство во ракомет и кога играат нашите, нема како да не се гледа. Секогаш е доживување. Не се разбирам многу од тоа кој каков играч е, во каква форма е и каква ќе биде поставата, но тоа не ме спречува да гледам и да навивам од срце. Ракомет е еден од ретките спортови каде што навистина знаеме да поентираме и се надевам и овојпат ќе имаме причина за радување Со среќа
Фала ви девојки на поканата. Ќе ве дружам овдека, за мене прво првенство меѓу вас, се надевам прво, па мушко, да одиме далеку. Традиционално кога сме по групи јас си ги следам нашите, т.е нашата група и чат-пат ако фатам некоја утакмица од другите, посебно Хрватска како второ омилена репрезентација (освен кога играат против нас, тогаш ги хејтам јако). Понатаму пратам скоро се кога ќе вкрстат, ама отом-потом. Сега ќе се задржам највеќе на анализа на нашата група и што очекувам од нас, генерално. Македонија Видно подмладена репрезентација сме, со пар искусни ракометари кои го градат костурот на тимот. Влегуваме во натпревар со двајца голмани во форма, посебно Митревски, а и Торко не е лош. Лошо ќе биде само ако поради другар му Кире ја започнува секоја утакмица он. Позитивна страна е што сме искусна и воиграна репрезентација со доста уиграни акции, и неколку варијанти. Можеме да одиме преку крила со вишок или двајца пикери со Столе и Пешевски. Како трета опција тука ни е Кире да ја опали од бек. Всушност десен бек ни е и најслаба позиција пошто Кире веќе го фаќаат годините, а замена за него немаме. Ме плаши и Кузмановски и Талески како ракометари кои не се во форма, а ќе играат и одбрана, посебно Кузмановски на 4ка. Дечкото ми беше омилен млад надежен играч пред некоја година, ама доста е паднат во форма во последно време и нема зрелост да игра одбрана. Изненадување од кај нас очекувам да е Танковски. Ракометари на кои ќе се потпреме највеќе ќе бидат Кире, Столе и братучед ми, Манасков. Имаме познати противници по наш терк (па и не баш) со кои може да се надигруваме, а и да влеземе во улога на фаворит. Очекувам да ја завршиме први групата и да продолжиме понатаму. Па со Господ напред. Верувам дека целта е Олимпијада и Кире ќе загризе јако за неа. Моја прогноза е дека ќе се бориме за ТОП 8. Австрија Овие се домаќини на првенството и ќе ни создаваат главоболки, посебно поради тоа што се домаќини, а знаете дека судиите се благонаклонети кон нив. Имаат доста снажна и не толку искусна репка, но желна за докажување. Најсилно оружје им е Билик кој растура во Кил, а и Божович и Пош не им се лоши играчи. Слаба страна им е недисциплината во одбрана и со уиграни спори акции ќе можат да се потопат. Сепак, според факторот домашен терен, јас ги ставам како втор фаворит во групата и мислам дека ќе завршат на 2 место. Чешка Ех, Чешка.. Чесиве ни се стари противници и секогаш нашите мечеви изобилувале со летање на искри на сите страни. Многу непредвидлив тим ми се. Дома играат фантастично и се неосвоива тврдина, па така често сме се враќале со празни раце од кај нив, а во Скопје сме ги потопувале. Мрква и Галиа се просечни голмани кои секогаш сме ги разбранувале, се надевам дека сега нема. Здрахала им е предводникот. Доста брз и лукав играч е. Диктира брзо темпо и знае да прави слаломи и да влегува во дуели. 1 на 1 е незапирлив, ќе ни прави проблеми во одбраната. Хорак е вториот играч на кој треба да му се посвети внимание и... толку. Другите како Кашпарек не им се на нивото на кое треба да имаат ракометари репрезентации кои целат високо. Како што реков, знаат да играат ран енд ган игра и ако ја прифатиме, ќе не торпедираат со нивниот брз центар. Од друга страна ако им поставиме цврста одбрана и играме со изградени акции ќе се распаднат за брзо пошто освен што имаат слабо поставена одбрана, во напад се брзоплети, недисциплинирани и пуцаат од неизградени позиции. Тука е многу битно и голманите каков ден ќе имаат. Моја прогноза е дека ќе завршат на 3то место, но сепак ќе ги ставам како фаворит од сенка кои можат да променат се во групава. Украина Украинциве се аутсајдери во групава. Но, не се репрезентација која треба да се потцени пошто може да бидат секому достоен противник. Добро е што играме прво со нив и добро ќе ни дојде на старт бодови. Од друга страна пак, ако оваа ја утнеме, толку од првенството. Ги немам гледано многу, но знам дека најдобар им е Остроушко кој е моментално најдобар стрелец на ЛШ, за Пелистер игра. Бебешко е добар селектор. И толку. Слаби страни им се што се спори и тромави, немаат десен бек и слаби голмани. Толку за сега. Ќе пробам утре пред натпреварот наш да пуштам една анализа. Нека ни е со среќа.
СО ЗА МАКЕДОНИЈА Секогаш со нашата најдобра репрезентација. Присутна на најмногу Европски и Светски првенства! за жал уште долги години во ниеден друг екипен спорт нема да се приближиме по бројот на континентални учества. Јас лично се надевам на конечно воздигнување на новата генерација на новите сили. Во подготвителниот период се покажаа младите во одлично светло и сметам дека е редно време да заслужат и добијат поголема минутажа во репрезентацијата! Се надевам и на одличен настап на голманот Никола Митревски, кој дефинитивно заслужи да биде прв голман во репрезентацијата! Оваа репрезентација секогаш ќе ја има мојата поддршка како некогашен голман(во средно), и како голем и верен навивач на МАКЕДОНИЈА! Најпрвин да ја победиме Украина, па после чекор по чекор. Ништо не е невозможно, посебно во ракометот, каде чуда гледаме последниве 12-3 години!
YESSS!!! @Purplelilac фала за тагот Ќе се дружиме и навиваме заедно како и за светското После нашиве навивам за балканциве се разбира а после балканциве за Шпанија и Португалија. И ќе ве молам да ставате линкови за нас странциве кај да гледаме онлајн.
Јеее одвај чекав да почне Браво за темава не сум ве дружела во претходните али ќе се потрудам во оваа Традиционално веќе секоја год со семејството гледаме, па се надевам дека и годинава ќе биде доста интересно со оглед како ни се отвара пат за добар резултат. Од нашата репрезентација очекувам конечно помладите да ги преземат конците бидејќи навистина веќе е срамота Кире со 40год да ги влече. Нека се потрудат барем за него да одиграат, да му го остварат сонот за Олимпијада. И да се пријавувам во клубот анти Хансен ама мора да признаеме дека е најдобар и типувам дека ќе биде најдобар стрелец Од другите од регионот, мислам дека Словенија ќе отиде најдалеку, Хрватска ќе се избламира, Црна Гора и БиХ нема да поминат група.
Јессс јесссс јас ова го барав бре Плиз речете ми дека и вие сте малку така чукнати кога се работи за навивање Мене од утре ќе ме гледате оти вечер визити - мизити, а у Само многу да не ви дојде
Супер тема браво,секако дека како и секое Европско,така и ова ке го следам со голема доза на навивање,не за било кој,него за својата една и единствена Држава Македонија,се надевам на добар пласман.Па ке се дружиме во темава деновиве почесто
Јас се нацртав пред тв да видам што ќе се случува на првиве утакмици. Еве го моето типување: Група А – Хрватска и Србија Група B – Македонија и Австрија Група C – Шпанија и Германија Група D – Франција и Португалија Група Е – Данска и Русија Група F – Словенија и Полска. Најдобар стрелец мислам дека ќе биде Хансен, колку и да го нејќам. Инаку @ane.bella веројатно на јутјуб ќе има пренос во живо.