Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во ракомет 2020

Дискусија во 'Спорт' започната од Purplelilac, 9 јануари 2020.

  1. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    11.661
    Пол:
    Женски
    Прво полувреме почнавме солидно.
    Цврста одбрана, одлична борба, за жал нападот беше малку полош. Многу неискористени шанси и одбрани на противничкиот голман.
    Кузмановски почна да шутира, ама слабо реализира.
    Второто полувреме послабо го гледав ама видов дека уште на почетокот го фативме долот. Пешески не уништи пак, со него рака под рака и Борко. Доби повеќе минутажа денес и не успеав да видам како се покажа Митревски. На крај се надевав барем за нерешено ама и од тоа ништо не биде.
    И така, повеќе среќа со Австрија.
     
    На Alishan30, Purplelilac, темјанушка и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Кој се занимава или се занимавал активно со спорт,знае за што зборувам.
    Јас го имам осетено на своја кожа.
    Типичен пример беа во времето девојките од Кометал Ѓ.Петров,што требаа да поминат низ креветот на управата па за да влезат во прв тим.Ова го имам разговарано во 4 очи со ракометар кој беше дел од ракометен клуб Вардар и со девојка која беше дел од таа екипа и дел од Македонската репрезентација.
    За нејзина среќа,нејзиниот пат до успехот беше полесен,бидејќи имаше позадина.
    Имаме квалитети насекаде,само некои други "вредности" се во преден план.
    А,за Кире Лазаров,Манасков и некои други секоја чест.

    Зарем мислиш дека нема надежи како Кире во моментов?
    Има,само не им се дава фер шанса,седат на клупа без минутажа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Како прво ни треба добар тренер.Уште пред да почне првенството знаев дека ќе ме нервира тренерот,гледа дека ништо не оди како треба ни одбрана ни напад и ништо не менува.А Ѓоргиевски пак ццц...Пешевски само колку промаши... Многу фали Миркуловски во репрезентација...
     
    На Shmizla94, Purplelilac, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Намерно сакав да помине некој саат од крајот на натпреварот, да ми помине нервозата, Сега можам смирено и натенане да изанализирам. Ќе се потрудам да бидам што е можно пореална и да не бидам пристрасна.

    На самиот почеток сакам да кажам дека денешната игра беше за едно ниво подобра од играта што ја имавме со Украина. Одбраната беше солидна од страна на репрезентативците, само ни фалеа одбрани од голман. Реализацијата пак слаба. Кога сме со играч повеќе, пак немаме никаков успех.

    Пикерите денеска никаде ги немаше. Стоилов и Пешевски, двајцата не покажаа ништо. Некој може ќе рече звучам контрадикторно во однос на претходните мои постови, кога станува збор за Пешевски, ама реков дека ќе се потрудам да бидам реална. И реално денес не покажа ништо. Иако, уште си стојам на зборот дека како играч е навистина добар ракометар.

    Играта на крилата денес беше за нијанса подобра од играта во претходниот натпревар, иако и тука има уште многу да се доработува. Имав чувство дека Манасков во еден момент се изнервира, па почна дури и да се труди човекот да постигне гол од несвојствени позиции за него. За мене беше играч на натппреварот, заради тоа што навистина покажа огромна пожртвуваност и борбеност.

    Кирил Лазаров, стандардно добар. Ех, камо да имавме уште два-тројца играчи како Кире. Се ќе беше поинаку. Дури, жал ми паѓа на моменти за него. Константно игра, во клучни моменти на него се чека.
    Друго, не ми е јасно и не можам да сфатам зошто Брестовац на крајот пак го стави Борко. Борко ја направи најкардиналната грешка, што играч со искуство како неговото на ваквите натпревари не смее да си ја дозволи. Наместо да ја смири играта во клучниот момент, на почетокот од второто полувреме, он се залета на голот кон Манасков, кој беше покриен од тројца играчи на Чешка.

    Многу исплашено и стегнато ми делуваат младите. Мора да бидат похрабри, па макар и да згрешат. Кузмановски денес, за нијанса подобар, ако ништо друго барем изнуди по некое исклучување и некој седмерец. И уште не ми е јасно, зошто не го пуштат Крствески да игра?!

    Судиите ни скратија по некој гол, ама тоа ај нема да го коментирам.

    На крајот, мора да му се признае на Чесите, дека навистина беа подобри од нас. Секоја чест за нивниот голман, беше извонреден. Следно што следува, Австрија ја победи Украина, Чешка ќе ја победи Украина, а нас ни останува да ја победиме Австрија. И мислам дека ќе ја победиме, но на крај гол разликата ќе одлучува, па ние нема да продолжиме понатаму. Ете, тоа е мое мислење.
     
    На Alishan30, Purplelilac, темјанушка и 3 други им се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    2.149
    Се на се можам да кажам дека нашиве Ракометари во првиот дел бе добри и во нападот и во одбраната.
    Посигурни по борбени.Добри во нападот со прецисзност.
    Во вториот дел како да се изгубија, после израмнувањето од сѕтрана на Чесите се некак се смени и падна играта, кога Чесите дојдоа до предност од 2гола тактички се смени играта и беше тешко да се израмни. Неколку удари од страна на Пешевски немаа гол мислам требаше повеќе Стоилов да игра.
    Се на се со Австрија ке мора борбено они ке бидат доста поолабевени пошто веќе пројдоа а ние ке мора да одиме поборбено на победа.
     
    На Peperutce1115, Billy Idol и Dessa им се допаѓа ова.
  6. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Не игравме добро. Спрема мене знаат и можат да се поборбени. Овој меч ми личеше како намерно да го губат, ко да не им е гајле. Тренерот исто не ми се допаѓа. Зошто Стоилов и Митревски толку на клупа беа денес? И може мисе причини ама некако нервозни беа, немотивирани.Особено кај Кире како да примтив тоа. П.С. не ми се допаѓа што Борко го викате дрво, па колку ли победи ни донесоа неговите одбрани порано. Не дека треба на стара слава да живее ама и старее човекот.
     
    На Shmizla94 и Ambitious им се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    1.689
    Сега каква е прогнозата кој треба да губи, кој да победи, за да одиме понатаму?
     
  8. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Поразот оди на сметка на селекторот. На дело денеска се виде неговата стручност. У неколку наврати кога камерата го фати, неговата фаца кажуваше се тотално изгубен.
    Он очигледно тактички го нема спремено тимот, само се потпрел на тоа негово фамозно програмче. Се прашувам што правел сите овие месеци.
    Заклучок, не е кадарен за селектор на сениори и треба уште мн фурни леб треба да јаде.

    Мислам дека сите ги видовме грешките.

    1. Го стави Борко, ајде се потпре на неговото искуство од претходно и мислеше на изненадување ќе ги фати.(btw цимер му е може којзнае колку го има убедувано дека ги има научено). Ама премногу го чуваше на голот, капакот беше кога го врати пак на крајот, а овој јадниот од што толку е здебелен и аут од форма, една обична топка покрај нога што му пројде неможеше да ја одбрани.

    2. Го забрави на клупа Столе во второ полувреме. Жаре е добар играч али една класа послаб од Стоилов. За Марковски не би да коментирам ни самиот незнае ваљда како се најде во таа ситуација.

    3. Ја растури одбраната од прво полувреме, можеби ова беше најклучно. Супер си беа Марковски и Мишевски во одбрана, која каде подобра беше за разлика од првиот натпревар. Па генијалецов ги стави Талески и Кузмановски, и почна да дува промаја од сите страни. :envy: На пресот изјавил дека тоа го сторил заради ротација..|( Која ротација кога на Мишевски единствените минути му беа во прво полувреме. Па уште шлапал не бил доволно ценет во Вардар, он го открил. (facepalm)

    4. Талески и Кузмановски неможе да играат заедно во напад, фала богу ова го сфати али разликата веќе ни ја направија Чесите... Всушност овие двајца најголем проблем им е што немаат спортска интелигенција, знаат само за скок - шут. За нив мисловна именка е создавање на позиција, читање на движење на противникот, напаѓање.. Ова е и главниот проблем на кој се жалеше и Раул.
    Ракометот е интелигентна игра, не е само скок-шут како што некои мислат. Затоа сме ние далеку од другите и играме старомоден ракомет.
     
    На Alishan30, sierra, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.280
    Допаѓања:
    36.923
    Пол:
    Женски
    Стоилов слабо играше или на мене така ми се причини?
     
  10. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Мене енигма ми остана оној Дарко Димитриевски, дечкото игра у Шпанија, и доста го користат во одбрана. Може колку толку да го искорист ако не барем за ротација, ама не овој се фатил како слеп за стап за Талески и Кузмановски одбрана да му играат. А како што гледав и на подготовките не му даде некоја шанса.:?:
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Многу коцки треба да се поклопат за да одиме понатака.

    Прво, најдобра опција е Чесите да изгубат од Украина, што тешко дека би се случило со оглед на тоа што на Украинците уопште не им е битна оваа утакмица бидејќи секако испаѓаат. А и плус им дадовме гол во последна секунда, па и не се баш наши фанови. :tmi:
    А од друга страна на Чесите таа утакмица им е битна и ќе играат со сите сили за влез во втора рунда.
    Е сега ако се решат Украинциве да играат фер до крај и случајно победат, тогаш имаме шанси за влез понатака доколку имаме победа или реми против Австрија.

    Втора опција за да одиме понатака е Чешка-Украина да заврши нерешено, а ние да имаме победа над Австрија (што е возможно со оглед на тоа што Австријците секако одат понатака, па може и да не се замараат ептен со победа).

    Трета опција за да одиме понатака, нема.
    Па да се надеваме на Украинциве дека ќе испаднат фини људови. :D
     
    На Alishan30, Amelia, Ambitious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    На Австријците и тоа како им е потребна победа против нас, затоа што во случај на пораз ќе одат понатаму со 0 бодови.Така да сигурно ќе почнат јако и нема да калкулираат. Зезнато е што ние го играме првиот натпревар со нив.:smirk:
     
    На Alishan30, Peperutce1115 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.149
    Пол:
    Машки
    Жив ќе се изедам, после 6 саата уште се нервирам кога ќе ми текне:doh: Ги имавме, да издржевме 10 минути у второ со истото темпо ќе ги тепавме гарант. Ама тоа е македонска работа, секогаш по потешкиот пат. Ама коа ќе видам дека една Франција испадна помалку ме боли, нема веќе слаби репрезентации. Сите играат убав и модерен ракомет освен ние:envy: Толку безидејна игра у напад не сум видел, дај му ја на Кире и чекај он да измисли нешто.
    Ништо не е изгубено, па и да не поминеме не е крај на свет. Само да изиграат со му*а против Австриците па што биде нека биде, пак ќе ги сакаме наши си се:bug:
     
    На Alishan30, Peperutce1115, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Зошто би оделе понатака со нула бодови? Се бришат бодовите од групната фаза? :o
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.149
    Пол:
    Машки
    Се пренесуваат бодови, ама поише од 2 не може да се пренесат. На пример ако ги тепаме Австрија и некако се деси да одиме даље ние и аустријците тогаш ќе стартуваме со 2 поена у втора фаза.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Зашто Австријците би имале 2бода:?:

    Btw. Мислам дека е време да му каже некој дека времето е дојдено.
    https://reporter.mk/tv/borko-ristov...ojavi-kvaliteten-golman-vo-reprezentatsijata/
     
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    А темјанушка што вика дека Австрија би почнале со нула бодови, од каде па тоа?
    Нели тие веќе имаат 4 бодови, значи во идната фаза ќе си имаат 2 или јас нешто погрешно сконтав? 8-|

    На нив значи не би требало да им менува ништо резултатот на натпреварот против нас.
     
  18. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Се бришат бодовите од испаднатите екипи, и со евентуална победа над нив ние ќе имаме 2 бода, а они 0
     
    На Billy Idol и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.149
    Пол:
    Машки
    Ние би имале 2, ако ги тепаме у вторник и поминеме понатаму со нив
    @Purplelilac Се зима у обзир меѓусебниот дуел на двете репр. што идат понатаму. Ако нивната утакмица завршила нерешено пример ќе пренесат по 1 бод, ако некој победил тогаш он пренесува 2 поена а поразениот не пренесува нишо.
    Се надевам ти појаснив:rofl:
     
    На Alishan30, Peperutce1115, Ambitious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @John Snow @темјанушка Сеа сконтав за што зборите, заборавив на тоа дека ако ги победиме ќе бидеме први во група.

    Долг беше денов, а тоа што не ми текна на ова е знак дека треба да си легнам. :yawn:
    Каша попара направивме со објаснувањата, којзнае дали членката која првично го постави прашањето ќе не' разбере нешто. :D
     
    На Alishan30, Peperutce1115 и темјанушка им се допаѓа ова.