Е па момци македонци денес е денот Денес пак ќе не ставите на дијазепами Денес пак ќе славиме или ќе се нервираме за ВАС Како и да е..вие сте ЕДИНСТВЕНИТЕ кои секој Јануари не правите горди и среќни зашто имаме Репрезентација која е редовен учесник на Светско или Европско првенство. Заедно со РК Вардар, РК Металург, РК Пелистер( Еурофарм) докажавте дека одамна во Македонија Ракометот е спорт број 1. За мене сте Херои во секој поглед, без разлика на вечерашниот резултат И затоа, уште еднаш, ВИ БЛАГОДАРАМ! СО ЗА МАКЕДОНИЈА!
Митревски на голот денес дефинитивно Талевски и Кузмановски мораат да распалат Танковски конечно да се разигра во стилот на Миркуловски Манасков, Георгиевски и Поповски мораат да се на висина на задачата, со што помалку зицери Пешевскии редно е да даде гол и достојно да го замени Стоилов кога тој ќе одмора И одбраната мора да биде на висина на задачата, исто како во првото полувреме на дуелот со Чешка!
Ако успееме да го примириме Билик на 3,4 гола лаганица ги добиваме Аустрија. Од каде па они ракомет играле, нека си се држат за алпски дисциплини таму, тоа најдобро им оди Само се плашам да не се деси исто ко со Кашпарек, дечкото не' напуни.. Само добра одбрана, Николче на стандарното ниво со 15тина одбрани и имаме шанса за победа. Ме фаќа еуфорија уште од сега
На ЕХФ официјалната страна можат сите да се пратат: https://www.ehftv.com/int/ Инаку денес е Денот Д за нас. Да се биде или не? Малку сум песимистичен после изданието со Чешка и се плашам дека и денес може истото да ни се повтори. Австрија има две јаки оружја од кои зависат, Билик и Божович. Ако можеме нив да ги задржиме на не повеќе од 5 голови секој имаме шанса за победа и одење понатаму. Не заборавајте дека најверојатно ќе ни треба победа од 2 или повеќе разлика. Ова во случај Чешка да победи со Украина, што е очекувано. Ако загуби, ќе ни биде доволно и нерешено. Кога ќе се види дека една Франција, Данска, Русија отпаднаа од првенството, нема да биде неочекувано и ние да сме следни. Сепак, влегувам со надеж дека можеме и МОРАМЕ да изиграме со крајни сили и да го докажеме нашиот квалитет на терен. Ајде наши.
Мене страв ми е да гледам. Еве чај од нане си сварив за почетоков, па после нешто појако за смирување ќе треба.
Јас се начукал пред утакмица... Тиквар Сега многу луѓе на терен ќе ми се гледаат, а и престап убаво нема да можам да видам
И ние сме спремни, навреме им се извинив на комшиите за урлањето. Дресовите облечени, за среќа како и на секој натпревар
Семки и сончоглед купени - нелупени ,фластери на нокти ставени од безбедносни мерки. Не се сеќавам кога сум грицкала семки последен пат ...сум заборавила како се грицкаат Ајде, нека се разбудат денес од зимски сон, барем борба и ентузијазам малку да видиме. Со среќа и нека нѐ изненадат со победа !
Седнaв дa гледaм мислејќи декa немa дa се нервирaм денес, сите oкoлу мене се рaспрaвaaт oти некoј игрaч јaдел грoзје пред утaкмицa, ќе гo бoлелo стoмaк немaлo дa мoже дa трчa. Oфффф.
Гo гледaм мoјoв кaкo се нервирa a шo убaвo му кaжaв дa не гледa зaтoa штo секaкo Мк ќе губи, дa се пoмири сo време.
Криво ми е што ај да не можеме да не ми е криво, ама реално можеме како што изедначивме 4:4 значи бива, ама поради глупи грешки ќе ни избега победата од раце