Луѓе бе во другите репрезентации по 23/24 годишни се клучни играчи, како Билик за Австрија, а овие нашиве глувци на Кире 39 години што е чекаат. Да не е Кире не знам што ќе биде. А и нема уште долго да го има.
Добро е шо не гледав денес. Сега пуштив тв, ама помина страшното. Сеедно е веќе. Жал ми е, ама тој ни е капацитетот. Или не знам шо е во прашање. Оставам на експертите. Џабе тахикардии за претходните натпревари.
Сите од Австрија што не успеале досега да се запишат во листа на стрелци, денес им е шансата. Шутирајте и уживајте. Ние патот под нозе.
@John Snow Ај бар не отидов во Австрија да ги бодрам. Мене најкриво ми е за Кире што можеме само да сонуваме за олимпијада. Човекот се здроби од обидување, поправање, крпење ама кога не бива не бива.
Каква Австрија, една обична просечна репрезентација со еден добар ракометар (Билик) и еден пропали (Божовиќ). Така ти изгледа Алишанке пошто ние сме дрва, со Зеленортски Острови да игравме денес ќе изгледаше ко да играме против актуелни светски прваци
Браво за Маџовски и Поповски своите минути ги искористија максимално,штета што овој тренер што се прави не ги пушти да играат уште од почеток