1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во ракомет 2020

Дискусија во 'Спорт' започната од Purplelilac, 9 јануари 2020.

  1. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Дадовме толку голови пошто Австријците се опуштија кон крајот, 10 гола предност имаа, немаше зошто да се заморуваат. Да играа со полно темпо до крај немаше повеќе од 25 да дадеме и ќе беше сигурно барем 7 разлика на крај.
     
  2. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Јас останувам да навивам за Хрватска, иако не го сакам Чевлар Лино, некако хрватите ми се мили на душа.... А да, и поради Караџич и Циндрич, наши Вардарови Херои!
     
    На Peperutce1115, Billy Idol, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Кога игра Хрватска?
     
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Денес у 6 и 15 со Австрија
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Во ракомет Лихтенштајн да е домаќин ќе земе медал. Ебате спортот... :emo:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Хрватска им го најде крајот на Австријците.
    Таква одбрана им играат што домаќиниве не можеа гол да дадат цели 7-8 минути.
    Од друга страна и нападот на Хрватска им е одличен, па од што не можат да ги запрат почнаа Австријциве да тепаат ко во ринг да се.
    Навивам за Хрватска на натпреваров, да им вратат за нас. ]:)
     
    На ane.bella, Peperutce1115, Skylar и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Која само глупост истресе ни самиот не знаеш.
    Еве на пр на последното кога Хрватска беа домаќини беа фаворити дури и за златен медал, па на крај 5то место завршија, а секогаш се бореле за медал.
    Исто и на ова првенство Австрија нема да догура којзнае колку далеку оти толку им е квалитетот.

    Да. Имало ветар во грб од судии за домаќинот порано, но најчесто и домашниот терен, публиката, логистиката и најповеќе желбата за докажување ги бутка подалеку домаќините. Мотивот е страшна работа во секој спорт.

    Натпреваров од друга страна се движи во очекувана насока како и првиот што заврши денес. Хрватите за класа подобри. Технички и физички подобро потковани со далеку поголем ростер и Лино како одличен стратег.
    Победникот овде е веќе решен.
     
    На Purplelilac, Peperutce1115 и Ambitious им се допаѓа ова.
  8. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Ќе видиш на крај дека домаќинот ќе освои медал.
     
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Норвежаните да ти е мерак да ги гледаш, перфектен ракомет за око. Ми остануваат први фаворити за злато, со испаѓањето на Данска и Франција па уште поише. Единствено Шпанија може да им парира па и Хрватите донекаде.

    Откритие на првенствово дефинитивно е Португал. Како ги исплескаа швеѓаните вчера на домашен терен па па па.
    ТакоЃе и Словенија ми се свиѓа ко репрезентација, се надевам ќе влезат у полуфинале.
     
    На Peperutce1115 и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Каква победа извојуваа Хрвативе, за аплауз се. :*:
    Буквално ја војуваа победава, затоа што Германциве никогаш нема да научат да играат чист ракомет.
    Иако имаат и тие одлично изградени акции, одбраната им е премногу груба за да може да се нарече нивното фер игра.

    За Хрватска, цел натпревар да губиш и тоа во некои моменти дури и со 5 разлика, и на крај да успееш да изедначиш и дури и да победиш со германска публика што ти урла цела уткамица против тебе, заслужуваат влез во полуфинале без сомнеж.
    Секоја чест на момциве.

    И многу иритантна фаца ми е овој Волф, голманов од Германија.
    Драми човече, се изнаправи фаци цел натпревар па нервози, па викање. |(
     
    На Alishan30, Peperutce1115 и The Saturdays им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Честитки за Ракометарите од Хрватска изиграа борбено, мотивирано до сам крај.
    Мислам дека влегуваат во полу финале а меѓу другите би ги извоила Норвешка. Поругалуја, Шпанија за даље пласман.
     
    На g8lQQk и The Saturdays им се допаѓа ова.
  12. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Вечна мистерија ми е што има во увото селекторов на Норвешка :lol::lol::D8-|
     
    На g8lQQk и The Saturdays им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Спласна еуфоријата за првенствово по нашата елиминација. Очекувано.

    Денес полуфинале.

    Норвешка - Хрватска

    Брз, модерен ракомет со млади играчки таленти. Одличен голман, прецизни акции, ладни, хирушки точни.
    Против спор балкански ракомет со грамадна одбрана и долги напади со комплицирани акции за крило или пикер или пак удари од далечина од бекови кога не оди.

    Лино може единствено да го добие натпреварот со долги смирени нападни и 5-1 цврста одбрана.

    Колку и да сум навивач на Хрватска, сепак мислам дека Норвешка ќе победи на натпреварот и ќе оди во финале.

    Шпанија - Словенија

    Фуриозен напад имаат Шпанците. Покриени одлично на сите позиции, со пробивни бекови кои де одлично технички потковани и за мене најдобриот голман на првенството, Де Варгас.

    Од друга страна Словенците играат исто така доста технички поткован ракомет до неколку ѕвезди во тимот како Доленец и Бомбач, а и со неколку млади надежи.
    Сепак мислам дека овој подмладен состав на Словенија нема сила да се справи со Армадата и Шпанија ќе оди во финале.

    Моја прогноза:
    Финале: Норвешка - Шпанија
    За 3то место: Хрватска - Словенија

    Не чека одличен дуел сега од 6, па пуштајте ТВ на Телма.
     
    На g8lQQk, ane.bella, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    После 80 минути играње заслужено. Многу ми е мило за Хрватска :l::party:.
     
    На Antolinaa, cresa-jagoda, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ми ги скинаа живците :whew:
     
    На Antolinaa, Peperutce1115, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Ауууу Хрватскааааааа :l::l::l:

    Која утакмица. Која борба. Кои емоции..

    Уфффф.

    Браво липа наша. Браво! :clap:
     
    На Alishan30, christinnn, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Одличнааа игра од двете репрезентации.
    И двете заслужуваат да се победници.
    Но среќата малку повеќе беше на страната на Хрватска и мило ми е што одат во финале. :party:

    Инаку ептен се прерадував на продолженијава затоа што беа екстра време за гледање на секси фацичката на норвешкиот голман. :$ :D
     
    На Alishan30, christinnn, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ама и Норвежаните играа добро....малку ми е криво за нив.

    Секси е Норвешкиот голман (y)
     
    На Peperutce1115, Billy Idol и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Наводно му пречи буката од публиката :?:
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Вакво прединфарктно стање не сум имал од финалињата на Вардар. Каква утакмица чоече страшно, не сакав да заврши. Ми се гледаа пенали:emo: Мило ми е за Хрватска мада кој и да победеше ќе беше заслужено. Ајде сеа да навиваме и за Словенија па балканско финале нека биде(fingers)
     
    На Antolinaa, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.