Мене па многу смешно ми падна прашањето, колку е важна соблекувалната . Многу чудно го постави прашањето водителот, ама после се поправи и рече, колку е важна атмосферата во соблекувалната .
Спремни За денес типувам дека ќе победат Белорусија и Хрватска, и тие ќе ја поминат групата. Србите никогаш не се комплетни, секогаш некои глупости им се случиваат, само кога беа домаќини и освоија медал беа ок мислам.
Група А - Хрватска и Белорусија Група B - Чешка и Австрија Група C - Латвија и Холандија Група D - Норвешка и Португалија Група Е - Исланд и Унгарија Група F - Швајцарија и Полска. Со среќа. За Северна ќе биде предизвик Украина, ама верувам ќе успеат судиите да пресудат во наша корист со оглед на тоа дека сме на прагот пред НАТО. Политика и во спорт и до гроб. Фаворити немам.
Моите типувања еве ги-па баш да видам колку ќе погодам на крај од првава фаза Гр.А: Србија и Хрватска Гр.Б: Македонија и Украина Гр.Ц: Шпанија и Германија Гр.Д: Норвешка и Франција Гр.Е: Данска и Исланд Гр.Ф: Словенија и Шведска
Очекувано оваков неизвесен меч меѓу Србија и Белорусија. Реално се две репрезентации со сличен квалитет. Подмладени и желни за победа, но без доволно искуство зад себе, па затоа и гледаме овакви осцилации во играта, посебно кај Белорусите. Србите од друга страна доста брзоплето ги завршуваа нападите. Немаше некои си тактички напади, туку се оди на се или ништо. Србија во одбрана доста беше слаба, па се консолидираа малку отпосле. Пробаа и 5-1 и добија само исклучување. Белорусите од друга страна доста недисциплинирано, на два пати по двајца беа исклучени и тука србите фатија приклучок. Имаат огромен пад со генерации и последен класа ракометар им беше Петар Ненадич (зошто не е на првенството?), па сега немаат ниту лидер. Кулеш и Каралек од друга страна е тандемот кој работеше. Ако ги сопрат нив, ќе вродат со резултат србите. И во второ полувреме очекувам да биде тесно и на крај да одлучат нијанси. Ќе заврши со 1 до 2 гола разлика. А оној кој ќе победи, веројатно ќе оди и понатаму. ЦГ ептен иде со осакатен состав. Им фалат сите ѕвезди. П.С Ама свињест се направил овој Марсенич. Како цело прасе да лапнал за празнициве. Едвај се движи...
Белорусиве добра и перспективна репрезентација се можат да им ги замрсат сметките на другите (се надевам не на нас), а Хрватска очекувам добро да ја испотат, зошто да не и да победат ако им се поклопат коцките. Добар спој на младост и искуство се, каде младите се носители на игра. Од другите групи очекувам Група B – Македонија и Австрија Група C – Шпанија и Германија Група D – Франција и Норвешка Група Е – Данска и Исланд Група F – Шведска и Словенија
Со едното око го гледам натпреварот, со другото око повторувам за утрешниот испит . Според првото одиграно полувреме и тоа што го видов мислам дека Белорусија е за нијанса поквалитетна од Србија. Како и да е, стискам палци за брача Србе да иду даље (што кажав сега ни јас не разумем )
Му помина времето на Лино одамна. Лесно му беше да биде најдобар со Балиќ и компанија, сеа нигде го нема
Уиграни се, Циндриќ, Дувњак, Муса, Хорват.... ќејф ми е кога ги гледам. Како Македонија да ми играе, така се чувствувам . Дури и во маица Croatia сум облечена .
Ах уиграни, имаат среќа што Црногорциве немаат сила за 2 топ полувремиња... Ако играат ко што изиграа у прво тешко дека ќе видат медал
Па добро, имај во предвид дека е прв натпревар и дека Црна Гора е аутсајдер во групава. Како и да е, се слагам дека кога станува збор за вакви натпревари, играта треба да биде константно добра, 60 минути, а не едно полувреме одлична игра, друго колапс, што често пати и нас знае да ни се случи. Поентата ми беше, овие што ги спомнав, имаат искуство на ваквите натпреварувања. Затоа се уиграни. А и врз основа на само еден одигран натпревар во спортот не може да донесиш таков заклучок. @Alishan30 Шпанија - Латвија 26:18
Дај боже, и јас сум за нив само почетоков некако не ми е охрабрувачки. Башка немаат резерва десен бек, голем хендикеп ќе им биде тоа и у комбинација со суетата на Лино може да ги кошта..