Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европско првенство во ракомет 2020

Дискусија во 'Спорт' започната од Purplelilac, 9 јануари 2020.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Игор Вори пензиониран, 39 години.
    Кирил Лазаров, брка олимпијада, 39 години :D.
    И криво ми е што Филип Миркуловски не игра веќе кај нас.
     
    На Shmizla94, Billy Idol, Роберт 7 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.052
    Допаѓања:
    118.884
    Пол:
    Женски
    Белорусија-Србија 35-30 (изненадена сум од Србите)
    Германија-Холандија 34-23

    Од натпреварите во 18:15ч.
     
    На Роберт 7, ane.bella, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.052
    Допаѓања:
    118.884
    Пол:
    Женски
    Хрватска-Црна Гора 27-21
    Шпанија-Латвија 33-22
     
    На Роберт 7, ane.bella, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Јас не го изгледав овој натпревар, само резултат ѕирнував одвреме-навреме.
    Испити ми следат и нема да можам сите натпревари да ги следам. Шмрц ;( :D

    Е да, без Миркулоски сме доста осакатени. Многу ќотек јадеше, ама срце оставаше на терен.
    А инаку што бидна со него, отиде во пензија или едноставно се повлече од репрезентација? 8-|
     
    На ane.bella, Peperutce1115 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Игра за Вецлар у Немачка, од репрезентација се повлече. Фали Жути ептен, ќе видиме Танковски како ќе се покаже:rock:
     
    На Shmizla94, Peperutce1115, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Кога ќе игра Словенија и мојот Дарко :inlove: да ме известите. После Македонија, Словенија ќе си биде :D
     
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Хрватска полека паѓа, одамна немаат земено медал. А и интересот за ракомет во Хрватска е намален, Загреб не е тоа што беше некогаш така да тешко вадат играчи за медал. Ако се додаде на тоа тврдоглавоста на Лино црно им се пишува.А него му чуе и онака најави дека ќе си оди после првенствово, па тера инат и земал од Загреб 6 играчи(facepalm)

    Вториот голман само неговите дома го знаат дека игра. Покрај Пешиќ, Ивиќ, Алиловиќ, Стевановиќ да земеш голман од Загреб е лудост:headbang:

    Имаат само една квалитетна постава, неверувам дека ќе успеат да се носат со останатите фаворити.:)
     
    Последна измена: 9 јануари 2020
    На Peperutce1115, ane.bella, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Kakvi ni se shansite protiv Ukraina?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Имаме шанса и тоа голема да победиме,а и според Кладилница сме фаворити.
     
    На Purplelilac, темјанушка, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.231
    Допаѓања:
    1.639
    На која програма има пренос и од колку часот?
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    На Телма има пренос,ние денеска играме во 20:30 часот.
     
    На Amelia, Purplelilac, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Познавајќи ја македонската игра, ништо чудно и да изгубиме денеска, па после посилните од нас да ги тепаме. Just saying.
    И такви ситуации сме имале :D.
     
    На Purplelilac, Shmizla94, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се пријавам у темава како екс ракометарка и пасиониран фан на играта.

    Не очекувам победа со Украина, ама ај да видиме дали ќе не изненадат.
    Сакам изненадувања, затоа се ваквите првенства, за да видиме други и нови фаворити.

    Инаку, секогаш навивам за послабиот и не фаворизираниот тим.
     
    На Alishan30 и prominent им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Луѓе, каков е овој песимизам бе?
    Играме против Украина. Мора да ги тепаме. МОРА.
    Ако оваа ни клизне, речици сигурно е дека нема да одиме понатаму.
    И овде не е битна само победата, ами и гол разликата во случај на формирање мини група од три репрезентации (ние, Австрија, Чешка).
    Украинците идат доста осакатено. Немаат десен бек и тука ни е шансата.
    Исто така се спори во одбрана и склони на ризична игра со многу исклучувања. Нешто како Белорусите вчера, кои се далеку подобри од Украинците ама правеа слични грешки во одбраната и имаа доста исклучувања кои Србите не ги искористија.
    Многу е битно како ќе почнеме на старт. Се надевам Брестовац нема да го одмора Кире и ќе почнеме со комплетен состав. Не се Украинците за потценување и треба озбилно да ги земеме.
    Јас очекувам дека ќе удриме јако и ќе ги победиме со 3-5 гола разлика (нешто слично како вчера натпреварот Срб-Бел)
    :muscle:

    Од друга страна многу битен натпревар е сега Австрија-Чешка.
    Репрезентации кои ни се директни противници за првите две места.
    Кој ќе победи од нив, ќе има скоро пак загарантирано место понатаму. Не би ме чудело и сите меѓусебно да се победиме и да има мини група со исто бодови...
    Како и да е... Јас очекувам да видам како ќе се постават судиите и дали ќе бидат во корист на домаќинот. Како ќе се снајде Билик, а од друга страна пак дали ќе играат брз центар Чесите.

    Што очекувате од утакмицава вие?
     
    На Роберт 7, prominent, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Очекувам победа, бидејќи сме многу поквалитетни од Украинците. Ама се трудам да бидам реалист. Колку пати до сега сме играле со послаби од нас и сме изгубиле, а со посилните репрезентации сме се носеле рамо до рамо. Па на едно европско првенство и Хансен го изнамачивме со 6 гола плус разлика на полувреме. Се препотуваа Скандинавците.
    Исходот каков ќе биде зависи од многу работи. Од тоа во каква кондиција се репрезентативците, како ќе се постави селекторот, судиите, па се до тоа дали ќе му биде денот на Манасков или на Гоце Џомба (искрено се надевам дека на ова првенство ќе го оправда тоа што е дел од ваквите натпреварувања). Да го одгледаме натпреварот, па после да анализираме што како.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На prominent, Purplelilac и Alishan30 им се допаѓа ова.
  16. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Очекувам да не го потценат денешниот противник, па да им се удри од глава, а и да не се обесхрабрат пред посилните.

    Ние ќе навиваме со срце, а тие нека го остават своето на терен.
    :l:
     
    На Peperutce1115, prominent, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    Ajде Ајде Момци вечерва да не израдувате и достојно да не претставите.
    Напред Момции.
     
    На Peperutce1115, prominent, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Дајте бе некој линк да следам лајв, имам ТВ, ама немам мк канали.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    https://www.ehftv.com/int/livestream/czech-republic-austria/1856347

    На официјалната страница може да се пратат лајв сите.
    Од Македонија ако немате пристап, користете ВПН.
     
    На ane.bella, prominent, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Не зезајте Украина е најтапа во групава. Сигурно ќе победиме само зависи дали ќе калкулираме или ќе излеземе фул јако од почеток.
    Оваа Чешка Австрија баш е интересна, очекувам тесна победа на Чешка, а и реми нема да биде изненадување.
    Чесите се доста уиграни играат тимски, додека Австрија се потпираат на Билик и Божовиќ и немаат некоја клупа.( само да не се распукаат баш против нас)

    Французиве не би било чудно да зезнат со Португалија, тие стандарно не се замараат по групите.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На Billy Idol и prominent им се допаѓа ова.