Очекувано Австрија разви брза игра, па Чесиве се изгубија малку. Исто така и за судиите очекувано да судат повеќе во корист на Австрија, но ми се допаѓа борбеноста на Чешка. Е сега гледано во наша корист, подобро би било Австија да победи бидејќи нив потешко би ги поразиле и елиминирале од конкуренција а со Чешка сме поблиску во поглед на игра. За вечерва очекувам победа со Украина. Мислам дека имаме многу повеќе искуство со првенства кое секако оди во наша корист. Но ќе се сложам дека и не треба да се потценат за да нема непријатни изненадувања и да не испратат дома уште веднаш.
На претходната страна буквално го имаш. https://www.ehftv.com/int/livestream/north-macedonia-ukraine/1856357 Тука сите може да се пратат.
Гледајќи ги како играат противнициве мислам имаме големи шанси за победа. Гледајќи ги нашиве како играат ќе победат само ако многу не се опуштаат кога се во водство од 2+ гола. Браво за нашите верни навивачи Шо години ни е голманчево?
Скоро секогаш е така. Напротив тогаш само примат. На почетокот им беше страв да упатат шут. Талески како да се охрабри.
Имаме среќа што и тие многу грешат, инаку сега ние ќе бркавме резултат. Пријатно изненадување ми се Танковски и Талевски. А треба и повеќе да ги уиграат Георгиевски и Манасков.
@ane.bella Николче е меѓу нашите "млади" надежи со 34 години. Цел живот ни е втор голман со Борко. Иначе искина првово. Во одлична форма е и добро е што со него почнаа а не со Борко. Борко оди на страна со блок, а Митревски на проценка. Им скина доста удари од 9 метри и ги онеспособи Украинците. А и некој зицер фати. Во напад стерилни сме и не искористивме шанси. Младите надежи наши разочараа. Посебно Кузмановски. Детево за у пензија е бе, а уште нема почнато да игра. Реков у ужасна форма е он и Талески Орката. Ај Оркaва се окуражи и шутна некоја... Танковски одлично се покажа од тие неколку акции. Генерално се тромави Украинците во одбрана и треба да ги добиваме на брзина и со финта. Лазаров со 40 години сува класа. Уффф. Што би без него? За второ очекувам да продолжи овака да се движи и понатаму текот на утакмицата и да ја привршиме со 3-4 разлика. Прво играа доста длабоко 6-0 одбрана Украинците, второ очекувам да одат фластер на Кире и тука ќе зависи од младите и брзите проигрувања како и повеќе голови од крило. Гоце 2 ги погоди од лош агол, ме воодушеви и после одма 2 ги покака. Лошо ќе биде и второ со замените напад-одбрана со Кире поради дијагонална измена, само да не не фаќаат на брз центар и брзи голови. Ај Украициве се спори и не користат, ама со другиве две репки ќе биде оф леле мајко. Ајдее. Нека се окуражат младите малце повеќе. Одиме на победа.
34 г. конечно дочека да биде прв голман, има изворедна сезона, на оваа форма ќе беше премногу Борко да го стави, му помина него времето. Срамота бе уште од Кире чекаат, па после им е криво што навивачите им прават притисок. Танковски е топ.
Исто @Billy Idol . Кузмановски ептен ме разочара. За Гоце таман си реков добар е, се покака. Уште чекаат на Кире, тоа не ми се допаѓа. Ајде сега второ одиме похрабро. Едит: Стојанче е најдобар за мене.
Мислев дека е многу по млад. Таман ќе го пофалев па ништо го застрелаа украинциве ама пак не е само он крив, прво полувреме беше одличен. Си знаеме ние не ни е прв пат да бидеме во одлична форма на почетокот а на крајот нокти да грицкаме
Мора трилер завршница да правиме. Мора. Таман се опуштив и си викам лаганица ќе ја привршат, како да заборавија со топка да се состават. Ајдее земај тука апои и моли се да тепаме. Срце ме стегна бе. Срце. Мамицата ваша. Киро. Лазаров. Толку. Се друго е со мочка правено.