Абе ајде. Како е можно бе? Секогаш исто. Не ми е јасно како не знаат да ја држат предноста до крај? Замор ли е, паника ли е или нешто сосема друго, навистина не знам. И на крај кој ќе ги спаси ако не Кире? Срамота. Се изнервирав многу. За Митревски само пофални зборови. БРАВО! На крај ќе изгубевме да не беше тој.
Отсекогаш за ова сум се нервирала, не е едно полувреме, две полувремиња се играат За жал по ова сме познати ние, на почетокот топ, после не знаат кај тераат. Се извадија овој пат ама ние живци искинавме асално. Ако со Украинциве е вака што останува за појаките. Сепак, честито за победата!
Ама баш истово мислев. Мора трилер да сме . И оп витезот скока и ја спасува заробената принцеза . Ај честитки, вака да тераат па и подобро можат.
Македонија ме разочара, иако победи. Швеѓаните опасни, се покажаа. Норвежаните и така и така. Словенија добри си се они, и Дарко
Честитки за победата,али далеку од тоа дека играа добро. Освен Митревски и Манасков и Киро ,другите беа катастрофа.За Ѓоргиевски веднаш замена... Како и да е идемо далје
Силата е таа, менталитетот е тој. Исто е се како и на претходните првенства, само што пред неколку години имавме подобра екипа, сега освен Кире, Столе и Митревски другиве ко благо ретардирани. Не тераме далеку.
На кои дроги е новинаров Срамота, срамота, а ние од овие очекуваме да продолжат после Кире, па немаат храброст (да не кажам др) да шутнат. Оној Талевски ај се трпи некако, шутира од време на време, да сум на негово место од срам ќе му ја дадев наградата на Кире или Митревски. Али Кузмановски тапаа, како манекенка стои во место неумее позиција да си направи, само се лепи до противникот. Ништо не бива од овој ќе си дреме таму низ Германија. Столе ИГРАЧИШТЕ!! Го истепаа поштено, а манекените од што незнаеа што со топката, фрли му ја на Столе. Па тоа сите го научивме Да сум Кире шамари би им лепела сега Одбраната сирење ќе мора нешто да се менува. Уфф, се изнервирав
Младиве многу се стресоа на крајот и само гледаа што побрзо да се ослободат од топката. Многу ми е криво што Манасков немаше повеќе шанси, затоа што денес не промаши. Најдобри на натпреваров: Митревски, Талевски и Лазаров заради тоа што не спасуваше во клучни моменти. Успат резултати од денeшните утакмици: Група Б: Македонија - Украина - 26:25 Австрија - Чешка - 32:29 Група Д: Португалија - Франција - 28:25 Норвешка - БиХ - 32:26 Група Ф: Шведска - Швајцарија - 34:21 Словенија - Полска - 26:23
Честитки до Ракометарите за победата. Беа добри во одбраната но правеа и грески во нападот. Најголем придонес даде Кире и Голманот Митревски. Сепак играше најголема улога голот на Кире но треба и другите играчи да покажуваат одговорност во последните минути, не да се чека само на еден.
И да, тој другиот пикер да си спакува куфери и дома. Не го знам кој е, ама како да беше на училишен натпревар. Столе при крај сакаше да одмори ама ништо, се враќаше во игра пак. Митревски браво, огромен придонес имаше во овој натпревар. Ќиро кине живци како што пиша членката. На неколку напади се у**а, и крајната секунда ок, браво. Интересен натпревар, украинците спремни се покажаа. Наше второ полувреме лошо.
Грло ме боли, ги испопцув сите. Уште ли од Кире чекаат, бре. МИТРЕВСКИ Да не беше тој, одамна ќе изгубевме, колку е захтевен, еластичен, подвижен. Секоја чест. Талевски беше добар, но требаше да му ја подари на Митревски наградата, за играч на натпреварот Овој натпревар ми беше како да играат финален меч за прво место, до последна секунда. Срце да ти пукне Прво полувреме добро беше, последните 15 мин попуштија, а не треба така. Убаво кажа Кире на крај, младите да не се плашат Повеќе среќа следните натпревари, и да нема вакви срцеви удари на крај
На самиот почеток ќе кажам дека да не беше МИТРЕВСКИ, немаше да победиме. Благодарение на него одбраната ни беше на пристојно ниво. Иако имам чувство дека конкретно со Украина, повеќе ни одеше во прилог кога играа 6-0 во одбрана, отколку 5-1. Во напад генерално имаме доста слаба реализација, многу технички грешки и промашувања од чисти позиции. Имавме среќа што Украинците имаа навистина слаба репрезентација, но ако сакаме достоинствено да играме со Чешка и Австрија, во следните натпревари тоа не смееме да си го дозволиме. Зошто имаме слаба реализација? Просто и едноставно, затоа што немаме доволно играчи. Освен Дејан Манасков, други крила во нашата репрезентација не постојат. За бекови исто нема потреба да зборувам, самиот факт дека нема кој да го замени Лазаров на две минути сам по себе кажува многу. Неискористен е потенцијалот на Талевски и Кузмановски. Мислам дека се доста добри играчи, ама треба да бидат похрабри, со оглед на тоа што веќе и тие имаат искуство на ваквите натпреварувања. Единствената позиција на која што имаме добри играчи е пикер. Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски подедднакво добро си ја вршат работата. Очекував дека играч на натпреварот ќе биде Митревски. Лазаров, колку и да го хејтам, колку и да ми се крева косата од него, мора да му се симне капата за маестралната завршница. Капитен на место. Тука доаѓа до израз цело негово 20 годишно искуство. Но, тимот не е само Лазаров, неопходно е многу работи да се сменат и подобрат за да освоиме поени против Чешка/Австрија. Толку имам да кажам. П.С. Не ми се верува дека Манасков е 191цм висок .
Како завршува натпреварот, буквално со последниот гол, во истиот момент се слуша жива музика надвор. Мм вика ете некој славел за победата. Оно, комшиите снајка си добиле, имало запросување. оф топик, ама во истата секунда се поклопи.