Баш поради две чисти промашувања на Жарета Пешевски ни изедначија. Денес беше катастрофа како пикер, како и обично. Столе го седнаа да одмори и го пуштија Мешевски на 2 минути и покака работа. Никој од младиве не се покажа во второ. Танковски и Кузмановски чекори и пробивања правеа небаре прв пат на терен се наоѓаа. Талески се окуражи и даде некој гол, ама и уништи акции. Реков дека ќе ни сменат одбрана 5-1 во второ и нема ни до толку да ни оди. Од каде Манасков 191? Не ти е точна информацијата. 180 е.
Пешевски е многу добар пикер. Ич не му ги земам за зло тие две промашувања. Се има докажано кај мене, потпишан е во зелениот тефтер. On the other hand, што ќе кажиш за нашата портокалова кукла? Не го можам човекот. Лани на светското се избрука, па не беше доволно, па ај и годинава. Дури и ќерката кога му се роди не помогна. За Георгиевски зборувам, мора да си замине. За Кузмановски спомнаа дека не бил баш во најдобра кондиција. Ама ако не го земат него, нема кој. Тоа е таа наша чудесна мала Македонија. Има уште еден плав, млад дечко, лани на светското дебитираше. Не ми текнува сега како се викаше, ама исто е многу добар играч, што заслужува да добие поголема минутажа. Инаку селекторов ни е дебитант годинава... А за Манасков, грешка во пишување 181 цм пишуваше и некако многу ми се виде тоа. Јас го замислувам како метро и жилет . Талески мора повеќе да ја користи својата висина .
Пешевски не се покажа овој пат, а Манасков не ми го чепкајте, се нервирам кога крилата се изигнорирани, а треба да ги уигруваат повеќе. Стоилов, ноу комент, ме потсетува колку ќотек јадев, и изнудував седмерци Колку и да ме изнервирале, сепак ми се и ќе ми бидат фаворити нашите.
Стварно и ја се зачудив Гледам Манасков 191 Лазаров 191 Си помислив како до сега не сум упреметила дека се тука со висината @Peperutce1115 Толку им е капацитетот на Кузмановски и Талевски залудно се лажеме дека им е неискористен потенцијалот.Ете и во Германија не играат многу. Се согласувам за помаранџата, не го можам и јас веќе мислам дека е време да го заменат. Можеа Костески да го земат таман ќе стекне некакво искуство. Тој плавиот што го споменуваш да не е Крстевски , го зедоа и него на клупата е, ама мн е спор, не ми изгледа дека нешто би сменил. Пешевски и Столе си се ок. Жаре утна неколку зицери ама во добра форма е од сите пикери. Според мене предноста ја загубивме кога Танковски влезе и направи неколку безвезе грешки. Мишевски кога влезе не го запазив Што играше одбрана? напад?
Жаре е според мене добар пикер, се има докажано, само денеска не беше како што треба. Инаку, Николчее мајсторчее!!! Одамна требаше да е прв избор, не знам зошто првото голманско место му се даваше на некој друг на стара "слава".
Пешевски ми бил добар само во 7 вс 6 кога сме играле со двајца пикери. Овака кога е он сам пикер не ми идел до израз. Ја нема таа борбеност како Столе, а ниту прецизност и силина како него. Многу млаки удари упатува. За замена и втор избор не е лош, ама е далеку од квалитет на Столе и не успеа според мене потполно да го замени Ванчо Димовски, ако ти текнува... Џомба уште од прекланското првенство за мене е мртов ракометар. Т.е уште кога отиде за Букурешт да игра се знаеше дека неговата кариера тргна по надолна линија. Мислам дека тој трансфер му беше голема грешка во кариерата, како што им беа на Талески и Кузмановски во Германија. Го проба Брестовац Поповски ако забележа, ама без некој учинок беше во напад, а во одбрана знам дека заработи две минути во дуел со Жуков мислам (овој не искина со удари од 9). Така да, и немаме баш некој избор на десно крило. Одиме само со едно кадарно крило, а тоа е Манасков. Денес беше солиден, ама во второ и немаше баш изградени акции за него. Не знам зошто ама играта на Брестовац нешто не ме импресионираше превише. Немаше доволно акции на крила, имаше неколку комбинации на пикер меѓу Кире и Столе кои вродија со плод. Немаше 7 вс 6 со два пикера освен една или две акции кои му овозможија скок-шут на Кире. Така и последниот гол падна... Некако се зависеше од него. На крај мислам дека имаше 8 асистенции и исто толку и голови. Што значи дека пола и повеќе дојдоа од негова страна. Премногу зависиме од него и противниците не учат и му прават фластер. Фали Миркуловски со своите влезови... За плавиот дечко... Да не мислиш за Серафимов кој е десен бек и замена на Кире? Тој го фалеа доста овака, школа на Металург е, ама јас го немам гледано. Земен е иначе, ама кога да го пуштат? Лани кога дебитираше не покажа нешто премногу. Шутна неколку непрецизни удари и мислам дека даде гол-два. Слаб учинок имаше. Ама има време за него...Само 19 години има. Кај нас "младиве" играчи ни се веќе по 23-4 години, што во светски рамки значи веќе изградени играчи. Ние касниме во се, па и во ова.
Ама уствари головите што ги постигнавме ние, ги постигнавме преку Лазаров, Манасков и Стоилов. Тоа што ти кажува? Старите играчи да не се, отидовме во неповрат. Талески тек тук даде некој гол колку да замачка очи. Срамота е за еден бек да има само еден постигнат погодок на ваков натпревар. И со право им се лути Лазаров. Се што кажа во интервјуто покасно, се си беше на место. Млади играчи со по 23 години се веќе изградени спортисти и треба да го покажат најдоброто од себе. Па сега треба да му биде цутот во кариерата, а нив никаде ги нема. Лимитирани сме многу во поглед на играчи. Се чувствува отсуството на Никола Марковски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, па и брат му Златко беше добро крило, Ванчо Димовски, а особено лани на светското мене ме изненади Филип Лазаров со неговата игра и кондиција. Како и да е, логично и нормално е на местото на старите да дојдат нови. Спојот на младост и искуство може да постигне огромни резултати, но за жал ни тоа не е случај кај нас. Ниту мене не ме фасцинира нешто многу нашиот селектор. Константно неколку години уназад ги играме истите акции. Нема никаква промена. Преку Лазаров, Стоилов и евентуално некогаш ако упали цепелинот Лазаров, Георгиевски, Манасков.... 50% реализација има оваа акција. И од Танковски очекував многу повеќе. Постигна еден гол и направи неколку грешки, ништо посебно. Инаку да, за Крстевски зборував. Мене ми има оставено добар впечаток како спортист. Мислам дека заслужува да добие поголема минутажа на теренот.
Брестовац се утепа од критикување на претходните селектори изминативе год. Сега кога му дадоа шанса се пок*** па накрајот незнаеше што да каже, фала ти си знаеме ние дека го имаме кире него ти што смени?? Нема никаква разлика од претходно, нема некои нови акции, тактички ми делува слаб. Ниту мене не ми се допаѓа.
Битна е победата дечки, првите утакмици се секогаш најтешки. Па мајку му една Франција со такви ракометари изгуби од Португал. Е сеа да се осврнам малку на играта. Треба Танковски да се форсира повеќе, природен среден бек е дечкото и играме подобро со него неголи со Кузмановски кој што е исфорсиран плеј и нема мозок за таа позиција да бидеме реални. Гоце не е у форма ама мислам како тече првенството ќе биде подобар, боље десно крило од Џомба немаме. Одбраната без Велко знаев дека ќе биде послаба, ова ни е крпена одбрана и ќе треба време да се уигра. На другите позиции сме прилично добро попунети, само Кире да го послужи здравје и свежина па се надевам и на победа на Чесите. Да се едититам За утре вакво комбо да си спремите
Русите слаби, ме разочараа, толку тромаво играње не сум видела Заслужено би било Унгарија да победи А колку се високи луѓееекако кошарка да гледам, а не ракомет. Хрватска ја тепа Белорусија, моментално со 8 разлика Холандија води со 5 разлика од Латвија
Немаат селектор, на овој Кокшаров не му беше доволно шо го сје*а Вардар па сеа и репрезентацијава сака да ја докрајчи