"Клавајте голови" беше таа на Шундовски. Мене освен поразот на Данска од Исланд, друго ништо не ми е изненадување. Очекував Србија да изгуби од ЦГ и очекував Германија дека ќе изгуби од Шпанија, само не со оволкава разлика. Раул ни беше нас најдобар селектор што можевме да го имаме, ама беше во лошо време кога се менуваа генерации. Играчи како Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски и Аце Јоновски не успеавме да ги замениме воопшто. Сеуште играме праисториски ракомет со спори акции и смена на играчи напад-одбрана. Со таков систем добро е што сме и до тука дојдени. Знаеме дека после Кире ќе биде распад систем, а него веројатно ова му е последното европско. Па се што ни преостанува е да уживаме и да се надеваме дека момците ќе ја остварат првата цел, да ги поминат групите. Добро е што утре и пораз со Чешка не не елиминира, ќе имаме поправен со Австрија во последното коло.
Леле, Германциве ме разочараа ептен. Обично секогаш навивам за нив, затоа што ми се школски пример за врвни спортисти во секој спорт, ама Шпанциве ги докусурија на натпреварот. Одамна не сум видела ваква, без врска игра од нив.
Ма знам, ама кога тие не можат да се екипираат и консолидираат не знам што да кажам тогаш за другиве екипи кои кубурат со играчи. Нешто сте тивки пред утакмицава Македонија - Чешка ? Се надевам дека допреле критиките за прикажаната лоша игра до нашиве репрезентативци, па од инает ќе победат
Денешнава утакмица реално немаме никаква шанса да ја добиеме поради сл причини 1.во нашата репрезентација нема таква широка клупа која има двајца еднакво квалитетни играчи на секоја позиција како кај чесите 2. Во нашата репрезентација има премногу „млади“ играчи кои немаат искуство на вакви натпревари и немаат храброст за да превземаат одговорност. 3. Имаме неквалитетен селектор кој нема искуство да не води на вакво големо натпреварување.
Ние одиме често и на фактор среќа, па може ќе ги послужи...не се знае. Ајде, па со среќа, наше е да ги поддржиме !
Објективните фактори се едно, спортската среќа е нешто друго Да се надеваме дека денеска ќе не' послужи среќата. Често знаат пријатно да изненадат баш со појаки екипи. Само да не се обесхрабрат и да не се истрошат пред крај, што им е практика, за жал. Со среќа П.С. Има ли линк за да следам онлајн?
otvori na 3ta stranica ima link А зошто Борко е на голот а не Митревски? Трет пат се редактирам, кај сте бре луѓе, гледате?
Многу подобра игра отколку со Украина. Ама дајте нека ни тргне еднаш кога имаме играч повеќе. Ич немаме среќа тогаш.
Релативно задоволна сум ама да не се опуштаме многу пред да го видиме крајот. Нека задржат предност, најважно е тоа.
Одлична одбрана, хаос напад. Георгиевски и Кузманоски не знаат кај тераат. Брестовац треба под итно Митревски да го врати на гол. Судииве на нерви ми одат со некои глупи исклучувања. Чесиве само малкуцка се збркаа на крајов од толкава желба да поентираат, па ме насмеаа.